Салата од морски плодови Се вари мешавина морски плодови во вода со малку оцет и сол.Се сецка ситно кромитче,патлиџан,рендано ситно морковче,сецкани маслинки,сецкан магдонос.Се додава сокод еден исцеден лимон ,се зачинува и сето тоа се меша.
Слабо темава.Искрено,очекував дека ќе испадне вака. Немаме ние навика,традиција,па ниту ни стандард за морски плодови. П.С.Јас од морско само лигњи јадам и тоа "најобични" поховани.И риби,ако се рачуна и тоа. Друго не пробувам,едноставно ми се крева во желудник од сама помисла и миризба Сум имала прилика на службени патувања по Медитеранот да пробам секакви морски специјалитети,но бегав од масите како од ѓавол дури другите припаѓаа во несвест од убавина
@PUPICA Бев во маркет пред некој ден по морски плодови ама џабе, ми се гади само од помислата да ги фатам во рака не пак да ги јадам. Кое лигаво, кое перки, кое клешти, брррр. Една слика има, доста е.
Колку без ич и јас. Октоподот со шпагети го постирав пред некој ден во фи, па на брзаница сега школки и ракчиња, колку за учество. Ги динствував со бело вино, бибер и др. зачини, плус лимон. Потоа ги додадов во марула салата со роктвици и млад кромид ама не успеав да сликнам.
Ајде бе домаќинки. Не сум правела до сега, баш сум љубопитна за темава, да оставиме простор да се покажат феминкиве.
Анкетата е поставена. Тежок избор имате овоj пат https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/
Мислам дека нема потреба да се чека до утре, јасно е. @MamacitaBuena стварно ја саботираше темава. Морски плодови јас обожавам, ама на море ги јадам, тука јок, не ми е сигурно. Башка што никој по дома не ми ги јаде. Се надевам Дани ќе смисли некоја тема во која што и јас ќе се вклучам...
Епа сеа...Поминале сто теми и се што е највкусно и секаде се јаде како алва.Неможев да бидам покреативна со толку изминати теми.Се надевам на некој друг ќе му текне нешто поубаво. А стварно сакав да научам како се спремаат морски плодови,ама очигледно не се јадат многу во Мк. Баш ми е жал.
Не е до тебе, супер тема зададе, ама некако во Мк не сме по морето многу тоа е. Не значи дека и следната тема нема да биде исто.
Ајде @danichap, те поканувам да избереш нова тема. Победата е очигледна, вака би дале повеќе време за подготовка на следните специјалитети .. Честита победа
Веќе видов една тема топли пијалоци, што би значело дека имаме зелено светло за проширување на спектарот на теми кои ни стојат на располагање, па нека биде Коктели. Алхохолни, безалхохолни... сеедно. Важно да се раздрмаме и освежиме тековнава недела. Едит: и @Summerlover предложила истото.
Во темата со крофни не ставив слика, после ни во македонско-турските специjaлитети. Ниту во темата за морски плодови не учествував. Нема во коja тема не сум учествувала. #ДосадноМиЕ
(Хелоу, итс ми, Сунчица ) Традиционален македонски коктел "Белегзија" Состојки: -Ракија -Сок од јаболки -Сируп т.е вода од слатко од смокви -Смоква -Сируп од ванила Коктелот е во домашна верзија, се мешаат ракијата и сирупот од смокви и потоа го додавам сокот. Во самиот коктел се додава една цела смоква во чаша (она потемното што го гледате на дното од чашата) и на крај додавам малку сируп од ванила. Уделот на ракијата и слатката вода го правев еднаков, но може по желба, зависно кој колку поднесува ракија. На крај, за декорација е ставен лимон. За декорација на сликата во позадина стои парче руда, изберено да стои позади, бидејќи по изгледот ме потсеќа на вкусот на коктелот. Нежното бело е благоста на смоква и ванилата, а сивото, острата ракија. Вака испомешани ми ги даваат баш боцките на јазикот (Сликата е со ефект, за поуметничка да биде , но бојата на коктелот си е таа ) А еве ви и видео за оригинално/професионално