Анкетата е поставена. Повторно ептен тежок избор имате https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/
Благодарам на тие што гласаа за мене Ги разгледав поминатите теми и се одлучив за Солени торти и ролати
Ролат со месо и јајца Рецептот не е ништо посебно. Се замесува тесто со мелено месо,сол,вегета,брашно,масло,лук или кромид. Се варат јајца онолку колку што сакате. И се вметнуваат внатре во тестото од мелено месо и се витка како ролат. Се пече на 200 степени додека не биде готово.
Солена шарена торта Spoiler: Рецепт 5 јајца 250 мл јогурт 80 мл масло 9 л брашно 1 пециво 1 л сол Се мати се заедно со миксер и се дели на 3 еднакви дела. Во првиот дел се става 2-3 лажици сок од цвекло и малку цвекло рендано (јас ставив од тегла) Во вториот дел се ренда морков ипол и во третиот дел се става околу 350-400 гр спанаќ претходно обарен. Се печат едно по едно на температура од 180 степени. Јас печев во тепсија број 26 со обрач и хартија за печење. Фил 100 гр рендан кашкавал 100 гр сирење 100 гр шунка 3 јајца Павлака и мајонез Се меша се заедно а павлака и мајонез ставате колку сакате по вкус, но да не дојди многу течно. Нај одгоре јас премачкав само со павлака. Доколку некој се реши да ја прави и му требаат повеќе парчиња дуплирајте ги состојките, или може да се печи во плех па потоа да се сече како коцки. Spoiler: Слики
Куглов со спанаќ Ми се има искршено малку зашто бев нестрплива, требаше да се олади убаво 4јајца 1чаша зејтин 1чаша јогурт (млеко) 150гр. кашкавал (урда, сирење ) јас имам ставено кашкавал 1ипол чаша брашно 1пециво 400-500гр. спанаќ
Spoiler: Рецепт Користев готово тесто слично на лиснато но не е. Во филот ставив 450гр спанаќ го запражив малку со едно јајце, 150мл павлака и околу 200гр сирење. Инаку тоа е многу фил за една кора, правев и друга пита со спанаќ. Кората ја ставам на хартија за печење и ја премачкувам прво само со павлака околу 150-200гр потоа ставам од филот со спанаќ и редам 3-4 кругови шунка. Ја виткаме како ролат и ја ставаме да се пече. Јас тоа ставив може било што, кој што си обожава. земав трпение убаво да се олади..
Се мислев и се одлучив за @orhideea убаво, фино изгледа тортата, башка и бајаги труд една кора, друга, трета. Ќе ми биде на списокот за правење.
Кој правел знае, не е лесно Истиот ден правев и блага торта мм сакаше и цел ден во кујна. Доколку ја правиш за некоја прослава, печи ги корите во плех и дуплирај ги состојките и сечи на помали коцки мислам ќе изгледа поубаво, вака јас за дома поголеми парчина сечев. hug:
@orhideea да може да се дуплира дозата и во оние плеховите од електричен шпорет и на коцки охохо па и парчиња ли ќе има таман за една слава. @Monella имам правено сличен куглоф само со спанаќ и грашок, ме бендиса кашкавалот што си го ставила.