Сладолед со орео и плазма 2 кесички сладолед од ванила се мати со 350мл млеко 5мин, се додаваат искршени орео колачиња и плазма Кога ќе се замрзне е спремен за лапачка
Десерт во чаша Spoiler: Рецепт Ќе набројам што ставив, количината сами одредете ја во зависност од тоа колку чаши сакате да наполните. Бисквити ситно кршени, хопла, кокос, овошен јогурт од боровинка, јагоди (може било кое овошје, истото важи и за јогуртот) украсување со бонбони, цела бисквита. Во сите чаши ставаме од состојките, прво бисквити, па хопла, па овошје, пак бисквити, овошен јогурт, хопла, овошје, декорација. Полесно здравје, ставаме во фрижидер добро да се олади и готово за послужување. Вкусно и освежително.
Се вари пудинг со 300 мл млеко,2 лажици кокос,4 лажици шеќер и 2 лажици густин.Се сипа најдолу во чашата.Врз тоа се наросува какао па над него парчиња банани.Врз бананите ставив сладолед од ванила и лешник,и кокосово брашно.
Се мислев дали да иде тука ова,дека мене ми е доручек,ама нека прави гужва.Чашава е голема и затоа е до пола,а сликнав од долу да се види подобро.Прв слој е путер од кикирики,околу 2 лажици,втор слој мусли,па ставив мус од зелено јаболко(го изблендирав)и топингот е микс јаткасти со брусницаСупер балансиран оброк ми е,и плус е посно/веган
Здрав чоколаден пудинг од ориз -1 чаша ориз -1 чаша млеко од соја(или било какво млеко по избор) -1 чаша вода -3 лажици какао -1 лажица ванила екстракт -4 лажици мед -140 гр стопено темно чоколадо Го ставаме оризот во сад заедно со 2 чаши вода и го ставаме врз силен оган се додека водата не зоврие. Откако водата ќе зоврие оганот го ставаме на најслабо, покриваме и оставаме 20 минути за да се свари. Во меѓувреме 2/3 од чоколадото го топиме врз пареа. Кога чоколадото е целосно стопено, го тргаме садот од пареа, ја додаваме преостанатата 1/3 чоколадо и мешаме бавно се додека цело чоколадо не е растопено. Оставаме сварениот ориз малку да се излади па во блендер прво ги ставаме млекото и водата, па сварениот ориз, ванилата, какаото, медот и стопеното темно чоколадо. Блендираме се додека не е се убаво соединето. Ставаме во фриждер да се стегне најмалку 4-5 саати или прекувечер и после го имаме највкусниот, а здрав чоколаден пудинг. Дали ќе му додадете нешто одозгора или ќе го јадете самиот сам по себе е ваш избор. Јас му додадов малку домашен џем од јагоди, ф'стаци, боровинки и цреша. *Количината на медот може да ја менувате по ваш вкус. Ако сакате поблаго додадете повеќе мед и обратно. *Не сум пробала, но мислам дека ова ќе може да се направи и со тие рачните блендери за чорба.
Анкетата е поставена. Повелете на гласање https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/#post-3484204
Мислев ќе има повеќе десерти но и со овие се двоумев за кого да гласам. Се одлучив за @Asterion најмногу поради рецептот кој ми е на листата за правење. Фотографијата прекрасна впрочем како и останатите што ги споделува на фемина инстаграм. @dunika навистина супер појадок, пофалби и за тебе.
Кога учествува @Asterion мислам дека се е јасно П Р Е К Р А С Н О И рецепт и декорација и фотографија
Многу сакав да учествувам, не најдов време. Во саботата се решив да правам и одам В маркет нема јагодки и ништо се откажав @Asterion прекрасно @Arendelle прекрасно Тежок избор
@Asterion секогаш има прекрасни рецепти и убедливо најдобри слики! Но она што не ме привлече кај рецептов е оризот (не сум обожавател) и млекото од соја, па затоа гласав за @MamacitaBuena Можеби сликата не е идеална ама составот ми звучи ептееен вкусно!
Arendelle me likes. Гласано. И јас јадам такви мучканици. Со помалку состојки, додуша. Оскудација Ко и она на Дуника. Астерион.. убиваш со тоа фотките. Ќе гребнам по лаптопот со лажица. Убава тема и убави десерти.
Девојки оваа недела сте се надминале... Сите рецепти одат во папка „направи“ Тешка одлука морав да донесам... Сладоледот со Oрео на @Chanell* е мммм Преполните чаши на @Arendelle изгледаат преубаво и превкусно Теглата на @MamacitaBuena со комбинацијата пудинг-сладолед е некоја нова иновација, сигурно превкусна Појадокот на @dunika веќе го направив и пробав... Вкусно и заситува Гласано за @Asterion... Немам зборови, фотографија, комбинација на состојки, се за 10-ка
@Kitten верувај ако го пробаш рецептот, а некој не ти каже дека базата е ориз нема шанси да се сетиш. Колку и да не си обожавател на ориз, ако си обожавател на чоколаден пудинг тогаш немаш гајле.
Сите беа убави, но гласано за @Asterion бидејќи такво благо не сум пробала, а како сум во потрага по „диетално“ блачко, ми одговара!
@Asterion Ако отвараш блок некаде пушти абер. Совршенство ти се фотографиите и се гледа оддалеку дека готвиш, сервираш и креативираш со многу љубов. Мојот глас оди за тебе, не само за фотографијата туку и за рецептот. Обожавам ориз.
@vitamina Фала ти многу! Кога ќе стартувам со блогот обавезно ќе ве известам некаде во соодветните теми. @Dust Веќе имам во памет една тема, која мислам дека ја немало до сега. Незнам дали смеам да ја предложам уште сега, да видеме што ќе кажаат другите или пак да чекам после затварање на гласањето.