Слободно предложи, да видиме што мислат другите. Иако твое е правото за избор, без оглед што мислат Победникот уште сега се знае, ама ете, за официјално (да не не тепаат), утре сабајле
Мислев наредната тема да биде полнети работи. Може полнети тиквички,полнети домати, полнети пиперки,полнети печурки, полнети патлиџани...Значи било што што може да се наполни. Знам дека сите овие полнети работи како фамилија се познати под едно име Долма(Dolma) и се карактеристични за Mедитеранската кујна,Балканот и Средниот Исток. Како ќе ја именувате темата оставам на вас администраторите.
Супер тема @Asterion има потенцијал,иако не е важно дали ќе ни се допадне на нас Полнети јадења може да се вика
Сарма со лозов лист Spoiler: Рецепт За 4-5 лица потребно е: 1 кг мелено месо (јас ставам мешано) 1-2 кромида (зависи од големина и желба) 1 мало шољиче ориз 1-2 лажици доматно пире по желба 1 рендан на ситно морков сув зачин по вкус (јас ставам околу две полни кафени лажички) 1-2 лажички црвен пипер бибер, ѓумбир и други зачини по желба 60-70 листа од лоза Подготовка: Листовите лоза ги бланшираме во вода со малку сол и оцет, за да омекнат и да паднат барем дел од хемикалиите што биле прскани. Кромидот го сецкаме на ситни коцки, кои ги пропржуваме да станат стаклени. Потоа го додаваме месото и убаво го пржиме. Го додаваме морковот, па зачините и го оставаме малку да се издинста. На 2-3 мин пред крај го додаваме и оризот. Кога малку ќе се излади ги виткаме сармичките. Ги редиме во големо тенџере, налеваме малку вода и ги оставаме околу 20-30 мин да поварат. На крај раствараме 2 лажички брашно (јас најчесто ставам 1 црно или интегрално и 1 пченкарно) со вода и прелеваме преку сармичките. Оставаме уште околу 5 мин се да се соедини. Служиме со кисело млеко. Овие сармички беа многу вкусни поради вредните рачички кои ги свиткаа. Некои сармите ги прават и со живо месо, викаат дека така помалку се растураат и дека се еднакво вкусни, но јас не сум правела такви. Spoiler: Помош од вредните рачички
Полнети пипери со урда Рецепт: 3 јајца 300гр урда Се пунат и се затвараат со парче кашкавал и се печат.
Полнети печурки со кус кус Spoiler: Рецепт 500гр печурки големи (моите и не беа баш), 2-3 чешниња лук, 1кромид (јас млад кромид користев) ,1морков, пола филџан кус кус, маслинки и кашкавал. Печурките се чистат, лукот, кромидот и морковот се запржуваат потоа се додава и кус кус, се полева со една чаша вода да го облие и се остава да крчка, посолуваме. Од зачини ставаме по желба оригано, босилек, кари... Потоа се полнат исчистените печурки, најозгора ставаме парче кашкавал и ставаме да се печат. Во тавата го ставаме остатокот од смесата, баајги останува и полеваме до вода. Се печат околу 40 минути. Може било кој сезонски зеленчук да се искористи, може без кашкавал и посно да биде.
Полнети компири Рецепт: Два најголеми компири 250 гр пилешки стек 150 гр кашкавал 100 гр сланина 1 јајце 1 мала павлака Зачини по желба,јас ставив босилок Компирите се варат со лушпа ама не до крај како за пире. Откога ќе се сварат се длабат и издлабените остатоци се ставаат во тавче заедно со веќе испржени ситни коцки од стекот.Се додава и сланината и кашкавалот (при крај). На страна се мешаат павлака и јајце и се додаваат во смесата. Се полнат компирите,се става озгоре босилок и се пече додека да зарумени озгоре. Совет:не го употребувајте цел издлабен компир,многу е. Совет2:Не го лупете компирот. И на крај (како Валентин Нуколовски)- овој специјалитет оди со бело вино од сортата Смедеревка,помешано со ладна кисела вода и швепсссс.
Полнети работи... Нешто вака... @tace73 прекрасно, сарма од лозов лист @SofiMar_ браво... традиционални полнети пиперки @shz превкусно... полнети пиперки со урда @Arendelle за мене нов рецепт... Супер изгледа, оди во папка „направи“ @referentka полнет компир... Оддамна не ми текнало да направам... Прекрасно + 1 глас