Гласав за @shz обожавам пиперки со урда примамливо изгледаат. Полнетите компири на @referentka се топ, полн погодок и за гости, па и за себе да си ја почасти човек душичката. Како сармите на @tace73 со лозов лист немам правено ниту јадено па може во некоја прилика да направам. Имам и јас мали рачиња за помагање и браво за помошничката. @SofiMar_ воопшто не сомневам во вкусот на полнетите пиперки често се на менито кај нас.
Спремна сум Темата се вика: УПОТРЕБИ ТРИ СОСТОЈКИ Може и благо и солено. Амерички палачинки (банана , јајце и ванилин шеќер), целуфки(белка , шекер и сок од лимон), пржени работи(пиперки, тиквици),макарони (со бешамел, со сирење,со пржено мелено месо), разни бомбици (бисквити, чоколада и мелени ораси)... и се што може да Ви падне на памет а се прави од само три состојки. Напомена: декорацијата не влегува во рецептот, а тоа значи дека јадењето е од три состојки, ама може да е украсено/декорирано !
супер тема! не се ни сомневав, а и јас гласав за Рефка. Одамна не сум учествувала, сега ќе сплескам нешто Туку, зошто не ги објавувате победничките рецепти на насловна веќе?
Ајде да повлечам нога, може ќе има полно рецепти, инаку интересна, убава тема. Торта со орео Spoiler: Рецепт Состојки: шлаг, млеко, колачиња орео. Количински сами одлучете колку ќе правите. Се мати шлагот со млекото кога ќе ја добие потребата густина ги додаваме колачињата орео кои претходно треба да бидат искршени. Смесата ја ставаме во калап и ставаме во фрижидер да се стегне. Лесно, брзо и вкусно. Може и само со хопла и орео.
имаш доле десно опциja прикачи фаjл ако ти е во компjутер сликата, или copy image и до смаjлито во tool bar-от имаш слика да ставиш
Палео десерт од микробранова 3 состојки 1 голема банана 1 средно јајце 2 лажици какао Во длабока шоља за чај се гмечи бананата,па се додаваат јајцето и какаото и убаво се меша. Се става 5 мин во микробранова на најјако.Се вади и се сече на две половини.Украсив со кокос,бисквити,мед и праска.
Торта со пудинг. Состојки: 500г чоколадни бисквити 2 пудинга од карамела 1л млеко Декорирано со капини и боровинки.
Нудли сo пaвлaкa и кaшкaвaл. Сè штo ви е пoтребнo е 150 грaмa свaрени нудли(без зaчините штo oдaт вo кoмплет сo нив), еднa лaжицa пaвлaкa и кaшкaвaл. Вo свaрените нудли, дoдекa се тoпли јa дoдaвaте пaвлaкaтa и кaшкaвaлoт и тoa е тoa. Декoрирaнo е сo кaшкaвaл и грaнче мaгдoнoс.
Шпагети со сос од мелено месо Шпагетите се варат. Во тавче се пржи мелено месо (моево беше мешано телешко-свинско) и се додава доматен сос, и се остава на тивко да крчка. И од зачини лук во прав, шарена сол и црн бибер.
За @Ketchup гласав вкусно ми се гледа, дефинитивно го пробувам. Сосот на @orhideea испробан во повеќе наврати вкусно, убав ручек со тестенини. Десертот на @MamacitaBuena исто така треба да се проба, сочен десерт. Салатата на @kanella одлична во последен миг да се спасиш пред гости. @SofiMar_ бисквити и пудинг проверена комбинација и имаш петка за фотографијата.