Честитки, Софи! Гласано. Рачунај го ова како улижување за да донесеш едно.... две, три,дваес..и девет парчиња плус триес ..за мене и желуднич(ишт)ево.
Честитки и од мене @SofiMar_ Одлична нова тема Еднаш благорадение на @jasbi решив да направам похована пиперка со урда и од тој ден... 100 пати направив А дотогаш не сакав да ги смислам Сега може јас ќе полнам пиперки и ќе ги поховам Или пак похованиците на @eli25 ако ме служи меморијава Ова ми е слабост
Se izvinuvam za latinicava prvo Se sto e pohuvano mi e ufufff :zdenka,kaskaval,piperka,tikvica,pilesko polneto,piroski od palacinki ....offf mi se prijadeeee
Поховани макарони со пилешко Рецепт: Се вари цело пиле во солена вода.Се става ловор и три цели моркови. Откога ќе се свари,се вади месо од коски,се дробат и морковите на кругови. Во водата во која се варело пилето се варат макароните. Заедно со истребеното пилешко се ставаат во тавче да се потпечат во тава во рерна под фолија. Од потпеченото се префрла во блендер дел по дел на поедро. Од блендираното се прават плескавици,се валаат прво во смеса од готово пире и презла па после во јајце и се поховат. Се служи со: -ѕанѕики -дресинг од мајонез со кисели краставички.. ..и се друго што може да Ве освежи Деликатесно..ама потребни се 4 часа за припрема.Ако не Ви се прави-повелете... Вкусно е..оди со бунарЧЕ и поНфрит
Печени поховани тиквички Ги поховав во брашно јајце и презла и ги печев во рерна. Не се многу фотогенични, но беја вкусни. Сакав да спремам похована даска ама на овие жештини ме мрзеше, ќе пројде и ова - битно да се учествува
Пилешки прсти Рецептот сите го знаат. Јас употребив две средни парчиња стек,ги исецкав и ги валкав во презла јајце и сусам и така ги пржев. Како прилог испржив 1 компир. Исто така ставив и купечки тартар сос. Направив и уште еден сос во кој ставив тартар, павлака и малце сенф.
@CrazyOne поздрав Лето е, прежешко е, ама мора да се јаде Темава послабо е посетена, но тоа не значи дека готвачките одмараат @referentka интересно, но мнооогу работа брее... Вари, печи, блендирај, поховај Браво Рени за истрајноста ... Јас ке застанев кај потпечувањето @LollySky поховани зелени домати Прекрасно, ова оди во папка „НАПРАВИ“ @orhideea поховано, а не е пржено... Браво за идејата Често печам тиквички, но никогаш не сум пробала преходно да ги поховам, ке пробам... @Ane-Goki1 старите добри „пилешки прсти“... Ммммм, браво И јас ги правам на истиот начин, превкусни се, се топат во уста... Пред поховањето стекот го маринирам со веѓета, маслинов зејтин и сенф ПС Зелените домати ме потсетија... Сум Ви кажала ли дека традиционалниот македонски пинџур (печени пиперки, модар патлиџан, лукче) е превкусен со печени зелени домати... Пробајте
Анкетата е поставена. Повелете https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/#post-3517239 Со среќа на сите!
Сите рецепти убави! Јас пак и пилешките прсти ги правам во рерна, ги спремам исто како @Ane-Goki1 и потоа ги редам на хартија, малку им капнувам зејтинче одозгора и ги печам на 220! Ако рерната е стара како мојата во моментов, може и да се превртат!
Тиквичките на @orhideea најубави ми се видоа, тоа ти мислеш не се фотогенични ми се пријадеа сега во ниедно време, касно е за јадење. @referentka навистина многу труд вложила, привлечна комбинација ама тешко дека ќе се нафатам да правам. Кај мене најчесто се пилешките прсти како на @Ane-Goki1 и нема промашај, брзи и вкусни. Големо браво и за похованите зелени домати на @LollySky, не сум правела, но баш интересно. Чат-пат приготвувам нешто поховано но некако не стигнав оваа недела да учествувам.
Окапав цел ден во кујна. Вкусно и деликатесно ..ама...многу работа. Обично кога влегувам во кујна гледам да не е нешто "пипаво" за работа. Ама пак,многу парчиња излегуваат..погодно е за родендени на пример..
Новата тема нека биде А В О К А Д О Идеи: салати од авокадо Паста од Авокадо Супи од авокадо Торта со авокадо Авокадо со месо и во тесто:
Сендвич со намаз од авокадо. Не сум љубител на авокадо, некако без вкус ми е. Но пробав да испасирам половина авокадо, додадов малку павлака, кари, зачин лук и сол. Ништо посебно а излезе вкусно. На лебчето ставив лист марула, авокадо намаз, растопен кашкавал и варено јајце. Не е баш рецепт ама има авокадо де