Само со 1 рецепт се учествува? Синојќа ја видов темата, а многу сакам авокадо, ќе гледам да проплескам некоја комбинација вечер...
И покрај толку голема конкуренција, успеав да се изборам за прво место Темата нека биде: Различни начини на приготвување Чиа семе Се надевам немало до сега
Може со одмориве и темата да паузира...многумина се на одмор, ама и жешко е, за готвење и јадење желба се нема. Само давам идеја.
И јас истово го помислив,на темава се осеќа дека и треба одмор,или да се зададе нешто ама да трае подолго,2 недели па макар и цел Август,ке падне некое рецептче сигурно
Јас мислам да паузира само ако никој не приготви, па да остане таа тема подолго време. Ако зготви само еден, подобро да се прогласи за победник и да се смени темата на готвење, колку да се одржува активност. Само идеја, секако. Ми се допаѓа темата, @Mariangel!
Мислам не треба да биде истата фотографија, ако е сликана под друг агол може да се стави. Ако грешам нека ме поправи некој. Инаку се согласувам со Ливинг доколку нема воопшто рецепти да се задржи темата. Баш интересно е, штета што има слабо постови но со оглед на сезоната оправдано.
Чиа семето беше новитет до скоро во мојата кујна,ама откако го најдов рецептот за чиа пудинг,знам често да си го подготвам.Затоа решив да го споделам Потребни состојки: 1 чаша бадемово млеко 3 лажици оризово брашно 1 лажица чиа семе шарени чоколадни лушпи за украс и блажина Млекото се загрева толку да биде врело,не и да зоврие.Се трга настрана и се додава брашното,па се меша додека се згусне малку.Се трга од оган,се налева во чинија или чаша па се додава чиа.Се остава еден час во фрижидер да се олади и да набабри семето па се украсува со чоколадни лушпи за вкус и украс.
Чиа пудинг: 300мл ладно млеко, 5-6 големи лажици чиа семе, 1-1,5 голема лажица мед или исто толку кафен шеќер ако не сте љубител на мед, 1-1,5 голема лажица какао, малку екстракт од ванила или ванилин шеќер. Се меша се убаво и се остава да отстои преку ноќ, спремно е за утредента за појадок и смее да се јаде максимум три дена (со чување во фрижидер секако) Декорација по желба *не знам дали е скроз истата слика што веќе ја имам употребено во фемина инстаграм оти имав неколку такви, па ако е истата и ако е проблем бришете ја
МаЧедонски се @CrazyOne ,од продавничка ги купив,18 денари многу мало пакетче. Не оди џабе до Германија
Ја видов темата а случајно имам една слика од неодамна. Чиа пудинг Прв слој: банана, аронија, бисквити. Втор слој: чиа семе, млеко, мед. Трет слој: праска, банана, бисквити. Состојките од првиот и третиот слој се блендирани, а чиа семето го оставив околу еден час во млекото да набабри.