^ Знaев декa веќе имaш сликa, зaтoa беше пoстoт сo "лoгичните" изгoвoри дa не е бaклaвa. Финo измaнипулирaнo. Пoштoвaње. Едит -Еднa сликa се стaвa, не кoлaж.
Посен колач. Многу е вкусен и лесен за правење. Во составот има портокал, моркови и лешници. Spoiler рецепт на следниот линк http://moirecepti.mk/post/posen-kolac-morkovi-cokolado
Еве и од мене-моментална инспирација беше ова,интегрални шпагети со пченка,маслинки и плус додадов кечап и зачини..фино ми дојде на мешето и ме држеше доста
РецеКт: 500 гр брашно 150 гр зејтин вода за да се замеси тесто. Тестото се дели на 6 топчиња и се остава да се ,,домори,, Од секое топче се тегне кора, се става кисела зелка (јас на блендер на поедро ја поминав и бибер ставив). Корите се моткаат лесно, да е воздушесто и се редат во намрсено тавче.
Посна пица Тестото е со интегрално брашно,сусам,семки од тиква,ленено семе.Не ставив воопшто зејтин. Одозгора има пченка,маслинки,домати,печурки,кромид,морков и кечап.
Не знам дали смеам два пати да постирам на иста тема-преместете ако не Убавинава од манџичка е исто новокомпнирана на моето посно мени..почнав со мешавина зеленчук од кеса (смрзнат)+брокула.Го ставив во тефлон тавче со малку вода за да одмрзне и се обари истовремено(5мин).Во друго тавче пропржив печурки и лукче,па ја додадов и мешавинава заедно уште 2 мин да се пропржат.Следеше доматен сос плус малку вода,зовре,покрив со капак,оставив 20 тина мин на тивко да крчка и толку.По брзо и по вкусно не сум сркнала
Правилата на темата се: 1 недела т.е 7 дена да се направи (зготви) зададената тема и да се постави слика 3 дена за гласањe Сликите може да се направени со било каков апарат, телефон и слично Можете да се приjавите само со една фотографиja Фотографијата не треба да е веќе објавена во друга тема Победникот одлучува за следна тема
За 7 саати полагам математика и ми текна, еееј, ај да видам на шо тема се готви на Фемина. Рижото со печурки. Печурките (од оние сецканите ја ставив) со малкуцка кромид се пропржува. Па се става од прилика чаша бело вино, откако ќе поприми малку, се додава оризот, па од прилика коцка супа (претходно сварена). Ја очигледно малку појќе сум го сварила, али шу има веза.
Да знам,и се извинувам,прочитав на прва страна дури откако постирав втора слика(рецепт)..нека ми го преместат постот во соодветна тема(посни рецепти).Поздав
Здраво на сите, одамна немам учествувано во темава, па ајде и јас да ставам нешто. Имам две слики од два вида на посна пита, со кисела зелка и со гравче, со кори рачно сукани од мене . Рецептот е следен: Се зема 1 кг. брашно, се става една супена лажичка оцет, една кафена лажичка квасец и малку сол. Се замесува тесто со млака вода и се остава да нарасне. Потоа тестото се дели на два дела. Се зема едниот дел (другиот ставете го на страна засега) и се дели на уште два дела а тие два дела на по 4 значи вкупно 8 дела (4 за одозгора, 4 за одоздола). Секој од тие 4 дела се сука посебно и се редат едн врз друг се попрскуваат со малку зејтинче, па откако ќе ги наредите сите заедно повторно се сукаат заедно. Се става како подлога и истото се повторува со другите 4 дела за горната кора. Во меѓувреме се зема кисела зелка и се динста со малку зејтинче и може и црвен пипер (буковец за подобар вкус). Се реди филот врз долната кора и се прекрива со горната. Истото и со другата пита (другиот дел кој го тргнавме на страна) само што тука додаваме веќе претходно сварено гравче (македонско ). Се печат во рерна (во зависност од рерната) се додека да поруменат и убаво да крцкаат. Уф леле го завршив рефератот