Чиа семе... Оваа недела имам три нови рецепти во папката „НАПРАВИ“ Браво девојки... Сликите и рецептите Ви се прекрасни @MamacitaBuena @Mariangel Гласано за @Mayyya @CrazyOne се појавив на време? Ииии... Уффф, страшна си... Каде ти е мачката?
@Val-Dim таман на време си. Немаше многу работа овоj пат. Само три слики и рецепти се. Не те намачивНе многу. П.С види шО уба сум. Она мене страшна.
Благодарам. За нова тема се мислев, и не ми текнува ништо што не поминало. Единствено на што помислив а што не памтам дека го имало до сега е рецепти со бисквити. Има лесни летни десерти со бисквити и може да се направат интересни комбинации. Ако веќе имало ќе смислиме нешто друго.
Освежителен бисквит колач со кокос Spoiler: рецепт Состојки: бисквити, млеко, крем шлаг и кокос. Изборот на бисквити и крем шлаг е по желба. Се реди бисквити, шлаг, наросуваме кокос, пак бисквити и кокос.
За прв пат учествувам на натпреварот ..... Во состојките на кората наместо ореви си ставив бисквити 150gr.... И за декорација користев мелени бисквите ,сето друго е исто ко рецептот
Доцнам со сликава? А синоќа во касното матев.. Ај ќе ја ставам се надевам ќе важи.. Рецепт: 250гр мелени бисквити се мешаат со 100гр растопен путер и една лажица нутела. Бисквитот се истура во калап и убаво се притиска да се залепи на калапот. На страна се мати 500гр маскарпоне и 400гр нутела. Филот се истура врз бисквитот и се размачкува рамномерно. Се декорира по желба и се става во фрижидер да стегне Гутен апетит
@Mariangel многу добро изгледа, сигурно и на вкус е такво. Чоколадно cheesecake? Ќе се проба. И јас се канев да направам брза торта со бисквити, дури синоќа стигнав.
Немам поим како се вика колачов, ама многу често почнав да го правам дека е готов за 5 минути и е многу вкусен.. Да го пробаш! Може да се прави и со било каков друг црн крем
Благодарам Ги разгледав минатите теми и како ваква да не видов, ако сум грешка слободно ме поправете па заеднички ќе избереме тема. Мислам темата да биде во ролат, мислам на десрет, чинам имаше теми за солени ролат. Сметам дека има повеќе варијанти, со пандишпан, не печен, овошен...
Ејјјјј... Најубавата тема на Фемина не е активна? Нема ниедно ролатче Цела недела немав отворено Фемина, а сега се натокмив да гласам и коментирам Ииии... нема ништо Продолжува и оваа недела истата тема? Да? Добро!!! Прашав и си одговорив Девојки, под итно сите во кујна да смоткаме по некое ролатче до недела... Аааа, баш е убава темава, благи ролати... Мммљац
Јас дадов тема и штама, до мене ли е, до вас ли е? Шала на страна сметам не е тешка тема, сигурно се наоѓа во вашите рецепти по некое ролатче. Можеби сезона на одмори па слабо време (ова се тешам). Ајде може ќе најдете време да замотате некое набрзина.
Да КОНКУРИРАМ со еден преедноставен и брз ролат Верувам дека сите добро го знаете и го правите по дома.Ништо екстравагантно,ама баш е вкусен. 400 гр. бисквити 1 чаша млеко 1 чаша вода 200 гр. шеќер 100 гр. чоколадо за готвење 2 лажици какао 125 гр. путер Млекото и водата се ставаат да зовријат па им се додаваат шеќерот,путерот,чоколадото и какаото.Се меша убаво,се чека малку да олади па се додава во садот во кој претходно сте ги искршиле бисквитите.Кога ќе се добие смеса се формира ролат па се остава во замрзнувач да се стегне.Тоа е тоа