Сакам домаќинките да ми покажат како спремаат брокула,а да е вкусна. Не успеав да научам вкусен рецепт за брокула,а сакам често да ни е на менито,меѓутоа за жал многу ретко ја јадеме. Новата тема нека биде Вкусни рецепти со брокула
Супа со брокула. Рецепт: 1 пакетче супа 300 гр брокула 200 гр печурки 1 компир исецкан 1 зеленчукова коцка за супа Зачини и маслиново масло Се заедно се вари.
Рижото со зеленчук + брокула Рецепт Главица кромид ситно сецкан се пропржува до масло , се додаваат ситно сецкани 2 моркови, покрупни коцки тиквица, ориз. Се полева со вода (согласно размер ориз)во која е ставена пилешка коцка супа и се зачинува со сол, вегета, малку кари. Малку пред да биде готово се додаваат свежи шампињони на тенки парчиња и брокулата на четвртини ако се поголеми парчињата или половинки. Крчка на тивко уште 10-15мин. На страна ставив и павлака.
Брокула, карфиол и морков се варат 10тина минути во солена вода (може и на пареа). Се додаваат печурки и се потпекува во рерна полеано со јајца, млеко и кашкавал. И малку масло, разбира се.
@MamacitaBuena ова е нешто што мислам дека навистина ќе ти се допадне. Ние дома го обожаваме.. Зеленчукот прво е варен (компир, морков, брокула) а потоа е пропржен на маслиново (за мм на путер го правам). Додадено е бибер, сол, сусам и пармезан на крај.
Одмерете си ги силите Анкетата е поставена. https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање-Брокула.27360/page-2#post-3584531
Се мислев меѓу @Bridget и @LiliBoz и одлучив за Бриџит повеќе преферирам печена варијанта. Го ставив на список за правење. Првите два поста ми се пробана варијанта, најчесто на мени како на Викторија. Инаку не ја обожавам многу брокулата ама гледам да ја има на мени. Имав и јас еден рецепт со бело вино ама не стигнав да направам.
Повикана сум од модератор... морам да се изјаснам Оваа седмица малку рецепти, ама сите ТОП... Сите рецепти ке ги испробам наскоро Супата од брокула на @orhideea ке ја спремам за синко први Рижотото со зеленчук и брокула на @victoria ке биде за синко втори Тавата со зеленчук на @Bridget ке биде за целото семејство Варениот зеленчук на @LiliBoz ке биде за мм А за мене? Јас се си јадам , сите рецепти ке ги пробам ПС Гласано... @Bridget Да можеше ке гласав за сите четири рецепти
@Viktorijaaa5 Измислено е, јас уште во процесот на готвење на дадената тема си визуелизирам победа, па наредната тема веќе измислена е Се мислам пинџур да ставам, тоа ми и во мисла па планирам овие денови да правам. @Val-Dim ќе ја чекам со слика.
@Bridget Со @CrazyOne одлучивме дека нема потреба да одолговлекуваме, па бидејќи едвај чекаме да ја слушнеме новата тема, те прогласуваме за победник оваа недела. Па ќе има ден плус за готвење