Свинскo (печенo или прженo) пoлиенo сo сoс нетипичен зa нaши крaиштa, пример oд бoрoвинки, јaбoлкo, мед, лимoн, виски...??? Не знaм, дaјте идеи.
Може јас да ти предложам нешто? Штрудла. Мислам дека сте немале таква тема до сега. Таман сега излегоа јаболката,јас вчера правев и експресно се изеде.
И сега конечно штрудла е? Да засукам ракавите и да месам Немој да треба па и пинџур да правам... арно беше и тоа таман сезоната на зимници почнува.
Spoiler: Рецепт Се меси тесто со 4 јајца, 1 коцка квасец малку шеќер, 50мл масло, 250-300мл јогурт и брашно по потреба. Се остава тестото да стаса и потоа расукуваме кора и ја мачкаме со претходно направениот фил. За фил потребно е 150мл млеко, 250гр афион мелен, 150шеќер и две белки. Се става млекото да се стопли, во него и шеќерот да се растопи, потоа афионот и на крај белките. Се премачкува со жолчка и се наросува сусам. Белката и жолчката ги одвоив од јајцата кои ги ставив во тестото.
Се мислев со месо да правам но за вечера вака мислам е полесно. Штрудла со спанаќ и домашно младо овчо сирење. Spoiler: Рецепт Околу 700 гр брашно тип 400 (два пати пресеано) , 250 мл овчо кисело млеко, 1 јајце, 1 пециво, лажичка сол, 100 мл масло и млака вода по потреба. Месено еднаш, оставено да отстои 20 мин и уште еднаш. Две правоаголни кори една врз друга, во средина и одозгоре сирење (без јајце) и 1 минута обарен спанаќ. Изролан, премачкан со јајце, сусам и лен и печен на растопен путер.
Зар и ти мила @Bridget подпадна под влијанија Ме немаше неколку дена, вечерва се спремив со пинџурот за темава, нели бев повикана за пинџур парти... а тоа, изненадување штрудла Нооо... имам и штрудла Штрудла со мармалад Spoiler: рецепт Штрудла со мармалад 2 јајца 100гр зејтин 250мл млеко 1 квасец 150гр шеќер 500-600гр брашно Се замесува тесто и се остава да стаса. Стасаното тесто се дели на 5-6 топчиња. Од секое топче се расукува кора, не многу тенка. Се премачкува со мармалад и се витка ролат. Ролатите стасуваат во намеастен плек, се премачкуваат со жолчка, се посипува со сусам и се пече. Едноставно, брзо и вкусно!!!
А коментари? Заборави? Тема - штрудла... @Arendelle прекрасна, вкусна штрудла... Често ја правам, афионот и дава посебен шмек @LiliBoz мммм, многу си ја сакам оваа штрудла, често ми е на мени за вечера @Val-Dim едноставна штрудла, со „полнење“ што веке е направено... Се прави за час Само три коментари? Девојки кога ке почнете да готвите? ПС Гласано... За Лили, вечерва сум по соленото
@Val-Dim За тебе знам дека ке коментираш. Овоj пат не Ти треба потсетник. Туку гледам густо е каj гласовите. Биче интересАнтно П.с признаjте сега сте гласале некогаш за себе?
Сте се потрудиле, сите се добри ама јас паѓам на зелено и сирење. Подобро ќе беше со праз да е ама и спанаќ не е лошо. Утре ќе барам лиснато со зелено низ продавници