И јас не одолеав на штрудлата на @LiliBoz многу сакам спанаќ со тесто, со еден ајран што убаво би доручкувала мх мх..гласано. @Val-Dim најчесто и јас со мармалад правам, класика нема промашување. Овој пат сменив викам се исто и мм не ја ареса значи се враќам на вообичаената со мармалад. Ауу ептен густо со гласовите..
што им е на маживе со афионов? и мојов е на ВИЕ со него. а што убава торта правам со брусница , афион и чоколадо..
Домаќинки и домаќини јас имам три теми и не можам да се одлучам која па би сакала малку помош од вас. Таљатели, Браунис или рецепти со тиква? Искрено сакам нешто кое ќе привлече повеќе членки да го зготват па барам ваша помош околу изборот.
да стигнам дома, во шопинг сум таман ете за ручек тоа ќе правам, а баш немав идеја што денес. реков јас, Темава е од помош.
Честитки @LiliBoz добра е темава најверојатно ќе учествувам, искрено ми се допаѓаше и третиот предлог рецепти со тиква сега баш сезонски, но есента тек сега почнува, има време.
Да, баш затоа и јас ја добив идејата за тиква, дека 21. Но оди одлучи се кога ќе ти се пријадат и други работи. Браунис исто така е есенско според мене. Ете и Кечап ги сакаше, ајде следен што ќе бира може за нив баш ќе се одлучи... Очекувам да видам твои таљатели
Јас бев за браунис... Ама ај, може и таљатели Следен пат нека бидат браунис... Си кажав и јас, "најредовниот" готвач тука демек ме праша некој
Следен пат еден ден гласање за рецепт, Пишувам дур готвам, срам да ми е @referentka ме собра од шопинг у кујна да влезам
Готова е сликата Јас се решив за Паста Алфредо, најмногу поради вкусот а потоа и за традицијата (2-3 збора околу неа во спојер) Spoiler: Алфредо Еден од најпознатите италијански рецепти за приготвување на тестенини е славен не само по својата едноставност, туку и затоа што неговиот изумител Алфредо, инаку сопственик на познат ресторан во Рим, го служел овој специјалитет со златни лажица и вилушка. Но ако баш и немате такви дома, не грижете се, оваа тестенина е совршено вкусна и со обичен прибор за јадење! Spoiler: Рецепт 50 гр путер, 200 мл павлака за готвење, 50 гр рендан пармезан, таљатели, свеж магданос, сол и бибер. Се топи путерот и се додава павлаката. Се меша и се чека да зоврие сосот. Се додава пармезан, сол и бибер и се трга на страна. Таљателите се варат согласно инструкциите , по правило да се ал денте. Откако ќе се свари, се цеди убаво и се става во тавчето кадешто го направивме сосот. Убаво промешајте, послужете ја тестенината во чинии додека е уште топла и декорирајте со ситни парчиња свеж магдонос и малку рендан пармезан. Spoiler: тајна П.С. Тањирот ми е таков зашто искрено немам длабоки тањири дома (само оние за супа ми се
Запечени таљатели со доматен сос Таљателите се варат, па се процедуваат, промиваат со ладна вода и се враќаат во тенџерето. Се додава многу малку маслиново масло, доматен сос и се префрла во тава. Одозгора се дроби сирење, налку бибер и на печење додека да омекне сирењето.