Тестенините обично се прават од дурум брашно, со или без јајца, тоа е цела филозофија. Јуфките со бело обично брашно.
Дефинитивно @AnaKarenina импресионира со нејзините таљатели ала мафинс ептен декоративно, чиста петка. Смислувај интересна тема пу пу оваа недела се активираа повеќе членки. Многу ми се допаднаа и таљателите на @dunika убав сос со тиквички и печурки кој секогаш е добра комбинација со тестенини.
Да кажувам тема? Гледам дека минатата недела имало кандидати за браунис и рецепти со тиква, ако имате некој трет предлог пишете, па ќе избереме заедно
Лелееее... Колку доцнам, цели три дена Не е по моја вина, така ми беа нередени коцките оваа недела. Сепак, стасав на време за гласањето... Кога видов повеќе рецепти помислив и кампања ке свртите, подмитување, частенки, ово-оно Ноооо, нема... А баш беа интересни „препукувањата“ Не за друго, нели во време на кампања сме, па и ние феминките модерни да бидеме Инаку, прекрасни ТАЉАТЕЛИ сте спремиле неделава... Сите отидоа во папка направи @LiliBoz @oblace1 @coldbaby @dunika @Monella @Arendelle @AnaKarenina Гласано за рецептот на Ана... Прекрасно ми изгледа, како за пред гости
Браунис Spoiler: Рецепт Црно па се не види... ама вкусно! Да повлечам нога белки ќе има повеќе рецепти. 200гр путер 150гр шеќер 1 ванила 4 јајца 75гр какао 100-120гр брашно Го ставаме путерот на пареа да се топи, го додаваме шеќерот и ванилата потоа какаото мешаме па ги додаваме јајцата претходно изматени и на крај брашното тоа се меша да биде хомогена смесата. Печев во плех со обрач околу 30минути. П. С. Не е истиот рецепт од весникот, во тој има мандел, се погоди са немам дома а бев решена да правам.
Американски браунис со чоколаден прелив Spoiler: Рецепт 1 пакување маргарин или путер (250 гр.) и 100 гр. чоколадо се топат во рерна. Се меша 5 јајца, 2 шољи шеќер, 2 шољи брашно и 1 прашок за пециво. Потоа се додава истопената маса. Се пече на 2000C околу 20'. Кога ќе се испече се остава малку да се излади, да стане млако и се сече на правоаголници или коцки. Во садот каде што се топеше првата маса се става 2/3 маргарин или путер (околу 150-160 гр.), 200 гр. чоколадо, 7-8 лажици шеќер и 12 лажици вода. Се остава да поврие 2-3 минути додека да стане еднаква маса и се трга на страна да се подолади. На млако тесто се става млак фил, се покрива со крпа или послужавник и се остава неколку саати убаво да упие. Моето чоколадо беше со кршени лешници. Бидејќи се работи за три чоколади, може да се направи и комбинација млечно - темно чоколадо! Пријатно!
Брауни со авокадо Рецептот ми е од BuzzFeedTasty. Потребни состојки: - 4 јајца - 125 грама какао - 200 грама шеќер - 200 грама кафеав шеќер (јас ставив 100 грама обичен бел) - околу 65 грама брашно - две лажчки ванилин екстракт - пола лажичка сол - две авокада Подготовка: Авокадото се гмечи со виљушка додека не се направи ко крем, моиве авокада дека беа потврди и не ми успеа тоа, си ги ставив убаво во блендер. Потоа во длабок сад се додаваат јајцата и се мешаат додека не се направат ко пена. Се додаваат сите останати состојки вклучувајќи го и изблендираното авокадо и се меша со миксер додека сите состојки не се соединат убаво. Смесата се става во некое не многу големо пред тоа набрашнето тавче(за да не се залепи). На крај додадов одозгора парчиња чоколадо. Се пече на температура од 135 °C, околу еден час(зависи од рерната). Ги правев за првпат и мора да кажам дека се превкусни!
Spoiler: Рецепт Рецептот е од овој сајт, но јас го направив во дупла доза бидејќи првиот пат кога ги правев излезе претенко. https://cafedelites.com/best-fudgy-cocoa-brownies/ За да не се мачите со мерките, јас ги преведов (за дупла доза): 250г стопен путер 2 супени лажици кокосово масло 250г шеќер 4 јајца 2 лажици екстракт од ванила 130г брашно 130г какао 1/2 лажиче сол Ја загревме рерната на 180 степени. Во сад путерот, маслото и шеќерот ги матиме со жица да се соединат, ги додаваме јајцата и ванилата и миксираме да се добие посветла боја. Додајте ги сувите состојки и повторно изматете но внимавајте да не биде преизматен шеќер зашто нема да се добие крцкава кора. Совет: можете и одделно да ги миксирате состојките, а путерот и шеќерот само да ги додадете при крај во целата смеса. Се пече на хартија за печење во мало тавче, 15-20 мин на 180, при тоа треба да се проверува внатрешноста со чепкалка, да не биде препечена. Внатрешноста треба да остане полу-течна. Откако ќе се испече оставете го целосно да се олади пред да сечете. Една слика екстра:
Прво ќе ги замолам сите љубители на Браунис, некогаш да го пробаат овој рецепт. Посебно име нема, во Австрија го пробав и после овој рецепт друг немам намера да направам пуфлест внатре, мек, полна уста чоколадо Рецептот е едноставен, само трикот е во белките. Spoiler: рецепт 6 јајца, 400 грама темна чоколада за готвење, цимет Чоколадото се топи на пареа. Се трга и се додаваат жолчките. Белките се матат во снег 10тина минути и лажица по лажица се додаваат во претходната смеса од чоколадо и жолчки. Циметот јас го додавам дур го топам чоколадото. Рерната се загрева на 200, а печеме на 180.
Ајде да се отсрамам и јас Браунис со путер од кикирики и парчиња темно чоколадо Spoiler: Рецепт Рецептот ми е основен за сите типови браунис, најдобриот и наједноставниот (според мене). 150 г несолен путер 200 г кафеав шеќер 50г обичен шеќер 75 г какао 3 јајца Ќесичка ванилин шеќер или екстракт од ванила 75 г брашно На пареа се мешаат шеќерот, путерот и какаото, да се стопи шеќерот. Може да го ставите и ванилиниот шеќер. Ако користите обичен шеќер, ставете ги трите состојки заедно, а ако користите кафеав шеќер, прво него ставете го, после путерот и какаото, во спротивно нема да се измешаат. Во оладената смеса се додаваат јајцата и се меша убаво. После тоа се додава просеаното брашно и се меша да нема грутки. Претходно се спрема смеса од 200 г путер од кикирики, 100 г шеќер во прав, може и обичен, едно јајце, ванилин шеќер и малку сол. Се матат сите состојки со миксер да се добие изедначена смеса. Во правоаголно/коцкасто тавче се става прво кафената смеса, не мора да биде секаде еднакво. Одозгора се става смесата со путер од кикирики, и со стапче за раженчиња се мешаат двете смеси да се добие мраморен изглед ( јас со шпатулата за мешање правев овојпат, па не изгледа баш како мраморен колач). Одозгора се ставаат парчиња чоколадо и се пече во загреана рерна на 160 степени 30-35 минути, зависно од рерната. Гратис слика
Рецептот ми е модифициран по мој личен вкус,од повеќе видови браунис. Потребни состојки: 4 јајца 200 гр шеќер Екстракт од рум 1 пециво 150 гр брашно 400 гр чоколадо за готвење 50 гр путер Шеќер во прав за декорација На пареа се топат 300 гр од чоколадото и путерот.Се тргаат настрана да се олади.Во длабок сад за матење се оработуваат јајцата со шеќерот додека смесата не се триплира,па се додава румот,пецивото и просеаното брашно.Продолжуваме да матиме со лажица или шпатула додека не се соедини убаво.На крај му се додаваат чоколадото и путерот и пак се меша убаво. Се пече на 170 степени околу 40 минути. За тоа време се топи 100 гр чоколадо со лажица масло и со него се прелива колачот одозгора. Се декорира со шеќер во прав (по желба).