Денови на висок шеќер а.Вака идеме:100 гр путер+400гр темно чоколадо се топат на тивко.Во сад настрана мешаме(со жица) 4 јајца,200гр темен шеќер,пакетче ванилин,пола лажиче пециво и прстофат сол ,и се додава уште 150гр брашно и 200 грама јатки.Јас употребив пекан ореви.На сето ова се додава веќе подоладената смеса од путер и чоколадо,се соединува убаво,се истура во подмачкан плех,и се пече 40тина мин на 180.Вкусни се ептен,јас јадев дур беше топло,и ми падна тешко
Браунис... Оволку рецепти немало оддамна на темава... И сите прекрасни Ке имам многу работа со коментарите @CrazyOne Мммм...баш се спремив оваа недела за „остри“ критики Нооо, ништо не им фали на рецептиве, се би пробала
Следна тема АJВАР @Val-Dim е дежурна критичарка на темава. Баш ме интересираат тие построги коментари.
@Val-Dim затоа има цветЧЕ на краjот на моjот пост @LiliBoz да бараме од учесниците во темава што ке понудат да ги гласаме.
Ццццц... Ајвар, лутеница, пинџурче... Нееее... Ке заличи темава како политички дуел Јас сум скромна... Сакам само вакво стапче
Повелете, гласајте https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-2#post-3616824
Јас гласав за онаа која рече дека нејзиниот е најубав И...не ставаш брашно? Жолчките во топло чоколадо ги ставаш и матиш? После белките пак во топло или чекаш да се подолади чоколадото па матиш жолчки во него, па додаваш белки? Ако се препознае фаворитот мој, ќе добијам одговор
Мислам мојот само е без брашно Во топло чоколадо самошто стопено на пареа прво жолчките и потоа лажица по лажица од снегот. Ич нескромно си се препознав хахаха. Пробај го те молам, нема да зажалиш!!! Јас последна ќе гласам, не можам да се одлучам, махери сте за браунис.
Сите се примамливи. Но само еден глас имам. Ојде кј @Annath И не дек по охридска линија, веќе одамна ги испробувам нејзините благи рецепти и промаш немало.
Едвај одлучив, сите убаво и сочно изгледаат, но ме воодушеви комбинација на @LiliBoz без брашно која дефинитивно ја пробувам. На листа за правење ми е плус рецептот од @Annath, путерот од кикиритки така ми стои па еве идеја да го искористам.
се мислев меѓу тебе и Анатх, а и минатиот пат ме воодушеви и за малце не гласав за тебе. Овој пат мојот глас оди кај тебе, со надеж дека ќе продолжиш да ја полниш темава со вакви рецепти.