Гласање? Оваа недела нема да чекам @CrazyOne да ме повика за коментари Пааа, вака... Опс, секунда, да ставам окалките Пааа, вака @Arendelle уфф... ова навистина мнооогу црно испаднало!!! До какаото е , значи мнооогу е вкусно... плус едноставно за правење, замешај, печи, јади @tace73 ммм... ова благце натопено со чоколадца сигурно ги гали непцата!!! Прекрасно @Ketchup навистина ова рецептче го правеше прв пат? И вака совршено ти испадна Браво дечко, оддамна те немаше на темава @Kitten мнооогу какао плус кокосово масло, меко, најверојатно со јак вкус... Прекрасно @LiliBoz само три состојки... Мнооогу чоколадо плус цимет, обожавам вакви вкусови @Annath какао, чоколадо, путер од кикирики... Дечките ке го сакаат ова, оди во папка „направи“ @MamacitaBuena рум со мнооогу чоколадо... Ова за мм ке морам да го направам... Прекрасно Знам дека шекерот во прав одозгора е за уметнички дојам , и јас би „играла“ така, никогаш не е премногу шеќер @dunika чоколадо со ореви...ммммм... преубаво За крај... Браво за сите неделни натпреварувачи, навистина прекрасни рецепти сте споделиле со нас Еее, ај сега, при вакви лепоти биди „остар“ критичар Потпис „дежурна критичарка“ ПС Да можеше ке гласав за сите... Мноогу се мислев , паа... еден глас отиде кај рецептот на @Annath
@Annath Анетке давај тема,со @Ketchup сте во мртва трка,па ете може и една машко-женска одлука да падне
И после ке чекаме пребројувања 3 месеци,нели навикнати сме.Малце да измрчам,ама дур се даде тема фаќа викенд,а тогаш сите се послободни и не им се готви,одтаму и се помалкуте рецепти.Би било подобро за викенд да се гласа,или се лажам
@Annath, слoбoднo дaвaј темa, ем немa дa те претркaм, ем дa те претркaм, немaм врскa штo се гoтвелo изминaтиве месеци тукa, зa дa знaм штo пoминaлo, штo не, плус немaм идејa.
Не е на одмет чисто да се има предвид што би било тема, еве ние верните учесници да си испланираме Па утре само официјално нека биде поставена.
Океј, ќе спомнам за што мислев вчера, за да биде тема. Варијации на тема појадок. Може да биде било што, од благо до солено, од јајца до палачинки, мекици, чиа пудинзи и слично... Значи ваш омилен појадок, или нешто што најчесто јадете за викенд... Ме сфативте веќе што сакам да кажам, да не го тупам натаму...
Па затоа и помислив на нешто вакво, за да ги мотивирам другите да учествуваат, да биде поинтересно. Да се надеваме дека ќе биде успешно.
Фала *треп треп* Да, варијации на тема појадок, омилен појадок или така нешто. Мислам дека омилен појадок е соодветен наслов за темата.
Вчера си ја видов темата и денес рано засукав ракави Мене наутро најмногу енергија ми дава нешто благо,ми паѓа шеќерот кога ќе станам и ќе видам колку обврски имам И така,еве го денешниот Обожавам вафли ама уште немам набавено апарат за нив,па си ги правам овие. 2 јајца се матат со 5 лажици шеќер,потоа се додава 4 полни лажици гриз,5 лажици масло,прашок за пециво,1 рендана јаболка и мелени ореви по вкус.Се пече во поголема тепсија за да излезе многу тенко,1 цм да биде високо на 170 степени околу 20 минути. Кога е готово се вадат форми и се сервира со слатко,овошје,кокос и какао.