Ајде и јас еднаш да ве дружам Многу убава тема Класика, баничка со сирење и јогурт Spoiler: рецепт Потребни состојки: – едно пакетче кори за пита За првиот фил ви се потребни: – 3 јајца – 6 лажици брашно – 300мл млеко или јоурт – 150мл масло – 1 мала лажица шеќер – 1 мала лажица сол – 100мл топла вода – 1 квасец – 1 прашок за пециво За вториот фил ви се потребни: – 600гр. рендано сирење Во малку вода се става шеќер, квасец, 2 лажици брашно и се остава квасецот да стаса. Додека квасецот стасува, изматете ги јајцата, додајте 4 лажици брашно, прашок за пециво, сол и измешајте убаво. Додадете млеко (или јогурт), масло и стасаниот квасец и мешајте се додека смесата не се соедини. Секоја кора убаво премачкајте ја со филот, а на почетокот на корите ставете од вториот фил со сирење. Замотајте ја како ролат и формирајте ги баничките. Ставете ги во намрсен плех, и секоја баничка премачкајте ја со остатокот од првиот фил. Првите 10-15минути печете на 250 степени, а потоа намалете на 180 степени.
во срж со темава ако некогаш пак бирам тема жими се ќе ви дадам тема 'ноќни јадења'.. оние што не сакаме да си ги признаеме.. нинџа оброци
Еден од омилените појдоци лепчиња со путер и намаз. Spoiler: Рецепт 500гр брашно , 1пециво,1 лажичка сол, 5 лажици масло, една шолја јогурт (250мл повеќе или помалку сами одредуваме, тестото да е меко ), семиња по желба, оригано и ким исто така. Се меси тестото, не стасува, брзо се прават, се прават топчиња, се премачкуваат со жолчка, па се валкаат во сусам. Се печат на 200 степени околу 20-25 минути, јас ги печев повеќе, поубави се препечени, крцкави.. Може да се комбинираат со било што, сувомеснато, сирење, путер.. па и со благо ќе минат. Мене со намаз или путер ми се најслатки посебно со путер додека се топли тој се растекува мх, мх..
Омилен појадок..штрудла овожавам кога ќе имам нешто вакво за појадок Штрудла со мармалад (јас ставив од кајсии) 250мл млеко 2 јајца - 1 цело и една жолчка (белката е за премачкување) Квасец 50гр шеќер 100гр маргарин Брашно околу 600гр Рендана кора од лимон Мармалад (по желба) По желба ореви , лешници , бадеми Стасува квасецот во дел од млакото млеко , се додаваат јајцата, кората од лимон , останатото млеко , шеќерот , растопениот маргарин, брашното и се се меша , се оформува тесто. Стасува 1 час, се расукува се става мармалад, и одозгора оревите , се витка во ролна и се остава да стаса плус 30мин. Се премачкува со белката и се пече.
Овесна каша со банана доручкувам сигурно три дена во неделата, а ако сум дома можеби и почесто. Овесот го варам со вода, сооднос 1:2, откако ќе зоврие околу 5 мин на тивко додека испари водата. На дното во чинијата ставам три сецкани урми, од горе ставам додатоци по желба. На сликата имам ставено пола банана, кокос, бадеми, цимет и какао. Обавезно го преливам со една лажица мед. Втората омилена овошна варијанта ми е со сецкано јаболко и путер од кикиритки.
@Annath честитки за победата ... и честитки за избраната тема, ОМИЛЕН ПОЈАДОК Нооо, петок вечер е, а веќе има 11 кандидати за коментари Се замолува @CrazyOne да објави анкета пред време Се зезам... Илииии... да си почнам од денес со коментарите
Овесна каша со соино млеко со вкус на ванила, една банана (има и внатре), малинки, сецкани бадеми, лешници и црно чоколадо, прелиена со мед Бонус: посно. Мислев ќе нема друг со овесна каша, кога ете веднаш над мене И мене овесната каша ми е еден од омилените и најчести појадоци, а ја открив кога постев и немав многу опции за појадок. Додека постев ја правев со соино млеко или вода, а сега со јогурт, поретко со млеко. Ставам еден шол млеко/вода и 3-4 супени лажици овес и варам додека не згусне. Некогаш ставам и какао, а додатоците се по избор. Најубава ми е со зрнесто овошје, а кога е со јогурт одлично оди со пракса, јаболко и/или ананас. Брзо и лесно, а ме држи сита со саати. Туку темава со хронеркиве во 2 по полноќ - лоши, лоши мисли
Палачинки од банана и јајце со рендано црно чоколадо. Благи и здрави, совршени за врнежливи саботни утра
Потпечени јуфки.Македонска класика,и нешто што никогаш нема да ми здосади.Ги потпекувам во намастен плех,со малку масло одозгора,до зацрвенување,па ги полевам со зовриена вода.А да,ставам во нив и рака тарана.За 15тина мин,готов оброк!
Ај сефте на темава. Редовно ве следам,гласам ама не сум споделила слика. Пица ролат. 500 гр брашно 250 мл млеко 1 јајце 1 лажичка сув квасец 1 лажичка сол 1/2 лажичка шеќер Масло. Кечап Оригано Кашкавал Салама Сусам Малку масло. Од состојките замесуваме тесто,оставаме да кисне 30-ина мин.Го делиме на 2 од секое расуваме кора премачкуваме со претходно спремно (кечап,оригано,малку масло)рендаме кашкавал и салама,виткаме ролат и сечиме со нож дебелина 1-2 см редиме на плех со хартија ставаме сусам и печеме на 180ц 20-30 мин. Наздравје
Нема кроасани!!! Одличен појадок, омилен на сите дома... Се прави во недела и има за секое утро во следните седум дена!!! Извади од замрзнувач, подгреј и уживааај Spoiler: *** Spoiler: рецепт Рецептот за кроасаните на Вал-Дим го знае пола форум... Ова е за останатата половина... К р о а с а н и Тесто 2 јајца 2 лажички шекер 2 мали шољи слатко млеко (ладно) 2 мали шољи кисело млеко (или јогурт) 1 свеж квасец 1 лажичка сол 800-900гр брашно 1 маргарин (или по 1/2 маргарин и путер) Се замесува тесто кое одма се дели на осум дела. Од секој дел се расукува кора и се мачка со растопен маргарин. Се редат корите една врз друга и од сите се сука една голема кора - колку поголема толку подобро!!! Потоа големата кора се премачкува со остатокот од маргаринот и се сече на четири дела. Секој од нив повторно се сече на седум дела (4 x 7 кроасани). Се обликуваат кроасаните кои што се филуваат со сирење, шунка, кашкавал, мармалад, крем... или се оставаат празни. Се редат во подмачкан плех со маргарин на поголемо растојание за да не се слепат при печење. Оваа доза е доволна за два плеха од шпорет. Кроасаните се оставаат 2 часа да надојдат и се печат!!! ПС За мали кроасанчиња големата кора се сече на помали триаголници... Spoiler: *** Омилен појадок ми се и баничките кои што покрај кроасаните секогаш ги имам во замрзнувач... Ама не може да се учествува со два рецепта... Или може?