400гр брашно, малку сол, 1 пециво, 2 јајца, 150гр сирење и 150гр салама Се става малку вода и се замесува тестото како за кифли. Се рассукува кора и се сечат форми. Се пржат во врел зејтин на јако. Spoiler
Во недела наутро мора да има месено Најубав појадок ни е тоа. Spoiler: Рецепт 600 гр брашно 20 гр квасец 250 мл млеко 100 млака вода 3 л масло 2 јајца од кој 1 жолчка за премачкување 1 мал лажичка сол За фил јас ставив салама, кашкавал,сирење, печурки од тегла и кечап. Направив и само со сирење. Се меси тесто и се остава да стаса убаво потоа се расукува во круг и се сечи на триаголници и се става фил по желба, од горе е премачкано со жолчка, маргарин и сусам. Се загрева рерната на 250 потоа за печење се намалува на 200. Spoiler: Слики
Се гмечи една зрела банана и се додава едно јајце. Се тоа се мати додека нема грутки. Ринглата се уклучува на најслабо и во тава за палачинки, малку намрсена се турива една кутлача. Потоа се чека стрпливо додека се испече од едната страна околу 5-6 мин и се превртува многу внимателно на другата страна и повторно се чека околу 5-6 мин.
Солена торта од стар леб Се матат 4 јајца. Се додава 250мл млеко или јогурт, 3л зејтин, сол. Сето ова се меша убаво. На оваа смеса се додава стар леб исечен на коцки и се остава 10-тина минути да омекне лебот. Потоа по желба се додаваат останатите состојки. Јас тука имам ставено шунка, кашкавал и козјо сирење.
Најчест неделен појадок Ништо посебно Јајца на око,запржена печеница,фета,краставица и лутенка од цепкани пиперки
Многу добра тема, ќе биде густо неделава. Една идеја до идниот победник повторно да даде поопширна тема за повеќе членки да учествуваат, пр. некоја членка спомна мојот guilty pleasure оброк
Време е за гласање, нели? @Dust @CrazyOne каде сте? Мило ми е што имаше голем одѕив на темава за разлика од претходно, ама мислам дека сите ќе бидат поактивни во кујна поради тоа што веќе заладува. Криво ми е што не успеав да го направам омилениот доручек на сите по дома, ама ете, плановите малку се изменија.
Анкетата е ставена. Имате 2 опции за да гласате https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/
Тежок е изборот, дури и кога има опција за двајца да се гласа... јас би за сите по еден да дадам глас, да се разбереме, ама нема