Мммм тараненик,и во тиквешкиот крај се прави,омилен појадок ми е за во зима @MissDior овесот е цело зрно или снегулки?
Машала, еве се гледа кој има време,желба и идеја за доручкување Јас не учествував, кафе + банана не е нешто wow ама мене ми е омилен и богами единствен избор на појадок веќе две години. Од наведениве, јас ништо не би за појадок,да се разбериме Најблиску до она што евентуално би, кун пладне, после бананата е она на @MissDior . Таму мојот глас оваа недела
Јас шинав нога синоќа.. еве болен дојчин сега стана со болки, до пред 5 мин .. Да ве пофалам дека сите сте кој од кој покреативен
Благодарам @BuBale @azalea, овесни снегулки се, уште се повкусни кога претходно се измелени. Обичен овес не сум спремала. Моите гласови отидоа кај @ginger и @f.girl браво девојки со задоволство би го јадела вашиот доручек не гласав за мојата конкурентка иако обожавам овес бидејќи воопшто не ми одговараат малини со овес, почесто комбинирам благи овошки (како банана, крушка, јаболко)не кисели
) Јас сум од Скопје, имам потекло од западна Македонија, од Дебар, каде што биле италијаните за време на II Светска Војна, па можеби затоа прават јуфки во облик на таљатели, а специјалитет ни е јуфки со кокошка. Тараненикот ми е од свекрва ми, која е од Свети Николе.
И мајка ми потекнува од Дебар,и ми е позната таа традиција,јуфки со кокошка На баба ми не и требаше машинка за правење јуфки,рачно ги сечеше исто како на машина
Лелееее јуфки со кокошка на баба ми ме потсетивте. Утре ќе правам ама тоа обично за ручек се правеше кај нас. Инаку баба ми е од Велес и исто така ги правеше.
Се вари пилето исечено на парчиња, се вади и во водата се варат јуфките со зачини по желба ( нема потреба од масло водата си има мрснотија од пилето ) Потоа јуфките се редат во глинено и пилешкото одозгора и се запекува како ориз тава ( јас ставам само вегета и превкусно е) Тоа е тоа нема филозофија @LiliBoz
Едно големо браво за рецептите да се знае дека е женски форум, се домаќинки готвачки, месарии.. и мене месеното ми е најубаво, дали дека често правам оваа недела се одлучив за @MamacitaBuena нејзините импровизирани вафли ми ги фати око, исто така и потпечените, крцкави јуфки на @dunika.
@tace73 јас потекнувам од Тиквешијата,и кај нас исто ова што го имам направено се вика Тараненик(јако име),а јуфките си ги викаме кори.Е имаме и кори печени со 1,5л млеко и 7/8 јајца,тоа се вика јајчаник,и е пре вкусно. Инаку “јуфки со бутки” по дебарски ми е едно од најубавите јадења. Треба да составиме еден фемина ретро кувар тука,има да ја “изедеме” жива Алачки