Сакав да зготвам, немав време, со гости бев Многу оброци се прават за 20 минути, речиси сите оброци во вид на ресторантска храна се прават за 20 минути до пола саат. За човек како мене што живее сам и речиси секогаш готви за еден - раат. Пилешко на милион начини може да се приготви за пола саат, секогаш вок тавата ми влегува во игра тука. Со 300 вида зеленчуци, со оризови шпагети или нудли. Еден куп оброк салати во кој дел од состојките се приготвени, а дел се свежи. Тестенини на 101 начин. Месо некое во тава, посебно ако е поубаво парче па се јаде посочно/покрваво. Риба се пече за 20 минути до пола саат. Има многу јадења што се готват за 20тина минути, ама не е тоа за фамилија, повеќе е за самци или парови.
Анкетата е ставена, можете да гласате https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/
Јас сум по брзите рецепти ама тоа 20 мин некако многу ме ограничи, освен јајца и тестенини со хопла друго тешко да се спреми ако мериме време на миење сецкање, термичка обработка и сл. Оваа недела нема баш избор ама гласав за @dunika оброк што често го спремема на е се и зима, многу вкусно и здраво. Ја паметам и по едни убави тестенини со сос од тиква и пармезан
Гласањеее Многу малку рецепти оваа недела... Темата беше тешка, за 20 минути се готват малку оброци... Ноо, сепак има убави јадења готови за 20 минути... Кајгана со мнооогу додатоци, јајца на око, пржени лебчиња, нафора со сирење, чорба со печурки, пржени пиперки, туна салата, француска салата, палачинки... И блачко има - бомбички, сусамки, домашна алва, касато торта Да коментирам @dunika обожавам тиква, чорбата ми изгледа многу вкусно Знам дека дечките нема да ја сакаат, ама ке ја направам за мене и свеки @MamacitaBuena прекрасен појадок, брз, лесен и вкусен @Mariangel палачинките се секогаш полн погодок, сите ги сакаат ПС Гласано за Мариангел, мислам дека е за прв пат во темава
Затоа што предходно сликата е постирана во ФИ. Го пишува тоа и на првата страна во правилата. Сликата со која се учествуваа во натпреварот не треба да биде постирана никаде предходно.
и јас приметив дека се зезна членката ајде следна тема може ќе не дружи инаку гласано за месенкото иако дуника ме стави во мисла со крем супата. сепак знаете, слабост ми е месенкото
Не стигнав да учествувам едно немав идеја за нешто екстра на брзина, друго добив идеја не стигнав да реализирам. Мислев да направам топеница со тврд леб (баш тогаш се погоди да немам), брзо се прави со малку сирење и буковец од друга страна пак си мислам ептен фенси оброци мојот од баба хаха, ама не стигнав де.. @dunika убава супа со тиква која ќе ја правам на децата, најчесто ја печам па да внесам промена. Тука отиде и мојот глас. @MamacitaBuena превкусно, примамливо изгледаат пирошките од готови кори, како што сум по тестото за малку не отиде гласот кај тебе. @Mariangel и твоите палачинки мамат здив и тие на листа за правење. Слабо сум по палачинките но во последно време 2-3 правам, бараат па може и вакви да ги изненадам. Чекам тема белки ќе се погоди и ќе најдам време да учествувам.
Уф,мртва трка беше ова,и бројна конкуренција Треба да има втор круг прегласување Сега прегледав листа,многу работи се поминати,на памет ми паднаа следниве: 1.Десерти со кокос 2.Викенд ручек 3.Пастрмајлии 4.Зимница Предложете нешто слободно ако ви падне на памет,или помогнете при изборот