Oд тел пишaм, требa дa ги симнувaм пa прикaчувaм...немaм време ќе ме види шефO. Нaпишете -динстaнo месo нa лaтиницa и oд српски сaјтoви ќе ви излезaт слики.
@LiliBoz те претркав Сте ми ја погодиле вие денес темата,планиран денешен ручек Макароните најпрво се варат во солена вода,па се мијат и се цедат. Телешкото месо се сече на парчиња,се мие убаво па се зачинува со зачини кои си ги користите вие.Се сецка и зеленчукот(морков и лук),заедно се става во длабоко тенџере,се додава ловоров лист и лажица сенф,се налева со вода колку да го покрие месото и така на умерен оган со капак одозгора се динста околу 2 часа.По потреба се налева со вода.Кога ќе се свари убаво,се додава малку масло и се запржува од двете страни месото. Јас ги размешав заедно месото и макароните ама вие може и одделно да сервирате. Наместо макарони може и домашно пире,ама побрз начин ми се макароните. На здравје!
@Bridget честитки, супер тема си одбрала Сигурно ке има многу рецепти оваа недела На тема квасец... @orhideea „коцката“ што ја користиш е СВЕЖ квасец, има рок околу 7 дена... Но, некогаш се случува да нема нараснувачко дејство и во тој рок. Може да се смрзне и така да му се продолжи рокот... И точно, може во брашното да се стави и изронет, без да се стасува @vitamina 4 кесички сув квасец? Нели е премногу Јас користам само една кесичка на 1кг брашно, доволно е... И не го „стасувам“, само го промешувам во брашното
Колку грама ви е кесичката? Сувиот кај мене е 7 грама а свежиот 40 грама. Па логично ми е да е малку 1 кеса шо знам. Сум пробала и со една кеса сув директно во брашното. Кифлите беа камен и ги фрлив.. Ја смислам дека е до квасецот.
Сите кесички што ги имам видено се по 7-10гр. Нема никаква потреба од повеќе од едно. Секогаш ми успева со 1 кесиче, смени го производителот. Стави линк од твојот, да протумачиме што му е маката хаха
Прво ставете го квасецот да стасува во млако млеко или вода со шеќер за да не фрлате тесто потоа. Ако не запени после 15 минути и не стаса квасецот во течноста, нема да го биде и тестото. За количината,си пишува на квасецот на колку брашно оди цело тоа пакување квасец. (А и втора причина,може да не стаса тестото од претопла или преладна вода или млеко) Туку,што е финтата со пекарскиот јогурт знае некој? Скоро сретнав во маркет и се заумив што е разликата.
Не месам јас од вчера бе луѓе туку со години. Знам и како се стасува квасец и тесто исто така, знам се. Се ми е премногу познато оти бар еднаш неделно месам а некогаш и повеќе. Квасецот не сака да активира некогаш, некогаш не стасува ниту тестото. Постапката е иста секогаш, секогаш со ист квасец ама 1 днаш на 5 пати не бива. Тоа е. Знам дека е до квасецот не е до мене не месам од вчера. Посакав совет за проблематикава или некоја идеја плус "трик" за квасецот. Ама тоа е, знам дека нема. Инаку сув квасец во тесто без стасување никогаш не ми активирал. За разлика од свежиот што го користев и тука и во македонија. Ставам во водата и ајд. Ама со сувиот овде имам голем проблем.
Ручекoт нaпрaвен и изеден a немa ни 11. Свинскo сo печурки, зaпржувaш крoмид пa дoдaвaш месo. Кoгa ќе се зaпржи, нaлевaш вoдa, стaвaш кaпaк и нa тивкo еден чaс oтприликa. Нa крaј зaчини, еднa лaжицa дoмaтен сoс, еднa лaжицa брaшнo измешaнo сo мaлку вoдa и уште 15тинa минути крчкaње. Пиретo е дoмaшнo, кoмпир нa кoцки вaрен пoлa чaс oтприликa, зaчини, мaслo, млекo и сo рaчен блендер пaсирaнo.
Месото зачинето само со сол и малку вино го дистав помалку од саат (брзав во ефтина да биде се завршено ). Одкако водата ќе испари давам зејтин и праз, па го пржам. Толку
По втор пат лиги ми потекоа, твојата слика е попримамлива. За ручек јадев сукано со месо и праз, ама кога ви ги видов сликите таков стрв ме фати, што само си ја оближувам устата од преска. Мора наредните денови и јас да направам праз и месо за ручек, толку ме настрвивте денес.
Да дадам краток осврт, коментар на претходните рецепти Темата за пастрмајлијата побуди доста голем интерес кај домаќинките на форумот а и самото јадење е доста примамливо и е едно од највкусните и најприготвуваните јадења покрај пицата Дали е велешка, штипска, радовишка, кратовска, беровска, дали е верзија на турската Лахмаџун или турското Пиде сите се подеднакво добри и вкусни и треба да бидат дел од трпезата според преференциите и индивидуалниот вкус на конзументите Пастрмајлијата одлично оди со вино, пиво и јогурт Инспирацијата, инвентивноста на домаќинките може да се види и од приложените слики, секој си ја прави приготвува на посебен начин, по свој вкус, почнувајќи од традиционалниот рецепт на приготвување па се до некои современи модифицирани верзии кои можеме да ги видиме Сите рецепти се одлични, тешко е да се одлучиш која е најубава пред се на вкус, тоа е најважниот критериум при оцена на одредено јадење При поставувањето на сликите највеќе ми се допадна сликата на Бриџит, изгледа доста примамливо за око и е мајсторски сликана од агол во кои се опфатени и детали од мал дел на чашата и виното - кое одлично оди во комбинација со пастрмајлија. Бриџит морам да ја пофалам за сенсот кој ги има за фотографија и доколку би избирал најдобра фотографија според критериуми тоа би била нејзината слика која е убедливо најдобра Орхидеа има исто така добар концепт на пита пастрмајлија кој е доста атрактивен И останатите на Bubce38, An -na, Mari, Mariangel, Val - Dim, Zapce, Deep, dunika се одлично приготвени Мојот глас отиде кај Монела највеќе ми се допадна и визуелно и по вкус и посебно ме освои тоа што истакна дека ова и е прв пат и дека понатаму редовно ќе биде на нејзиното мени, Монела - наредниот пат наместо кашкавал стави моцарела мислам дека ќе ти се допадне и во таа варијанта, лично мене повеќе ми се допаѓа со моцарела Вал Дим е вистински критичар и советник кога се работи за кулинарство и правила кои мора да се почитуваат при приготвување на одредени јадења, нејзините совети, препораки, критики се секогаш добредојдени и добронамерни, е домаќинка која држи до традиција и секогаш настојува при приготвувањето на одредени јадења (да се почитуваат одредени правила) - поставува рамка од која не треба да се излегува. Недостасува присуството на неколку форумџики кои беа активни претходниов период на темава Лејди Феникс, Бабушка, Астерион, Референтка, Дуст и многу други
Ухууу... Критика за мене!!! Благодарам за убавите зборови Конечно некој да ми се придружи во коментарите @boomsleng браво за краткиот осврт... Многу темелно си ја прегледал темата ПАСТРМАЈЛИИ Сигурно си љубител и добар познавач на вкусното залче... Чекаме слика и рецепт од тебе
Да не е мали никогаш немаше да пробам леќа. Ќе сум згрешела. Пропржувам се ид зеленчук што имам. Лук,морков,туквица,модар патлиџан. Додавам и месото,кога убаво се пропржува се,додавам зачини,леќата и вида. Се динста со капак два саати. Компирот го ставам со водата. Од зачини,куркума,сол,бибер,ѓумбир.
Spoiler Ќофтиња во сос од домати. додаток пире. За ќофтињата: 500 грама мелено (свинско и телешко), лук, кромид, јајце, презла, зачини. Се замесува смесата и остава да отстои малку во ладилник. 4-5 свежи домати се пасираат и ставаат на загреано масло, да се пропржат малку. Околу 2-3 чаши со вода им се додава за да извријат. При крајот им се додаваат зачини ко вегета, босилек,свеж лук. Ако смесата ви е премногу течна, додадете лажичка до две брашно (разматете го брашното со малку од доматите,без да има грутчиња и сипете го во смесата). Оформете топчиња од месото и додадете ги да се крчкаат во сосот. Пире....компири, путер, млеко зачини. Сварени компири, испасирани, измешани со состојките и тоа.
Динстано телешко со зеленчук Подготовка Месото се запржува во малку зејтин,се додава вода и се остава да се вари дури не почне да се дели од коската Кога е при крај се става компир,морков,грашок,кромид и малку лук сето тоа да се вари заедно со месото На крај зачинувам и додавам доматно пире за да се згусти
Се важи ли пилешки џигер? Пилешките џигери се варат. Се сечка кромид (2-3 главици) на кругови и се пржи на масло. Откако ќе омекне му се додава џигерот, се зачинува со бибер, црвен пипер и малку сенф и на крајот се додава чаша и пол бело вино. Се динста околу половина час.