Скапо е во 7, повеќе ќе се потрошиш отколку дома да спремаш А се важи ако продуктите се од домашно производство, од бавча? Со четири стотки само пастрмајлии од КАМ
Овошна салата како десерт. Јаболко на четири резанки на пример Анатх, без слико од бавчата и имотен лист дека не е на комшијата ништо од домашното производство . Одма сите гледате поефтиниот пат да фатите. На крај и фарма ќе се погоди да има некој и печење да стави на трпеза
Биди комплетна. И десерт понуди ги гостите. Макар купила пола ролат од Канела, за кусурот- пандан на слаткарница во твоето место
Шала на страна,мене темата ми се допаѓа. Во денешно време како сме сите некако ,,разнебидени,, и без пари, убаво е да се има идеа како да се пречека гостин кога фризот ,,зјае,, Одам компир да љупам
еее па 1 кг ти е 99 центи, ако го начекаш на попуст и 70 центи. Ние поефтино ќе поминиме од МК Аааа не кажа Даничап паре сУ скУпе Добра идеја има 3 пудинзи за 99 центи и од млекото ќе ми остани шеќер имам дома и ете и десерт
Значи се разбравме Дома сте двајца + двајца најавени. Гледајте да ги потрошите тие 4 стотки барем приближно, да не излезете циција ...па да ве зборат по фамилија
Сo 400 ден. дoмaќинкa женa целa трпезa ќе нaпoлни, зa вaс не знaм Кoлку пaри е мoркoв, мaјoнез мaлa теглa, кoмпир и јaјцa? Зa рускa прaшувaм.
Ајде да го скршам мразот ова е реална ситуација секогаш кога немам време да спремам ручек правам риба наједноставно е. Мавровска пастрмка со зеленчук и компири Околу 1 кг- 1,200 кг мавровска пастрмка (4 парчиња), 300ден/кг, вкупно 360 ден пола кило компир 30 дненари, 60 ден кг 4 моркови и 2 главици кромид се надевам ќе се испазарам за 10 ден да ми ги дадат Во сецко ги ситнам исчистени морковите и кромидот, и многу кратко ги запржувам на малку масло со сол и бибер. Во загреана рерна на 200 степени ги ставам кромидот и морковот со малку вода и исецкан компир зачинет со рузмарин и црвена пипер и сол. Се печат околу 20-25 мин, потоа ги додавам рибите посолени внатре и надвор, се печат заедно уште 20 минути. Оваа јадење е добар избор за гости бидејќи многу малку време треба за подготовка а додека се пече може да го послужиш гостите со кафе
@orhideea си одам од работа мртва гладна и го мислам твојот ручек. Да купиш и кисело млеко од кусурот
@sanjaeva честитки за победата Темата... ПРЕКРАСНА За 400 денари може цела трпеза да се спреми... Уфф, каков предизвик
@sanjaeva да каже наслов на темава? Буџет 400 ден? Еве јас вака како малку неинвентивна а згора на се и глупа од сабајле, не ми текнува соодветен наслов.. И следен пат ве молам држете се до распоредот. Во четврток е нова тема и тогаш се почнува со постирање слики и рецепти. Во една прилика очи ќе ми извадеа затоа што пуштив анкета пола саат пред полноќ без да се помисли дека ете и ние имаме приватни работи утрото, од тој ден ако играме, нека е по пропис. Да не бидеме со @CrazyOne пак криви.. Благодарам на разбирањето
Јас не знам за вас, ама оставив дете во градинка и правец во алди. Пост-празнично, со рано, попустите да ги фанам. 6.5 евра
Јас собирам/одземам центите, дали сум во буџет на рамно, Рефка со курсов водите ми ги мати, и почнувам со фотошоп. Свекрва и свекор нагостени
Тиквата беше 99центи. Помина халовин и тоа беше првото што го најдов на попуст утринава па и спонтано ми се наметна денешното мени. Месото 2 евра паковање. Оризот 50 центи. Краставица и кисело млеко околу евро. Брашно и мало паковање доматело, исто, околу евро. Ако ситничариме , со остатокот, на парче купени, толку би дошле кромид и лук и едно јајце и квасец, друго немам употребено. А сакав и печурки и моркови и чушка и други тракатанци во оризот, околу тиквето коштани....ама паре су скупе . Тиквата ја исчистив и внатрешноста ја тргнав на страна. Лук, кромид, меленото, внатрешноста од тиквата ги запржив. Додадов ориз, и него првен малку го потпржив. Потоа дотурив вода и оставив се да се динствува. Во меѓувреме, во загрена релна, ја ставив тиквата замотана со фолија. Околу 1 час се печеше на 200-220. Од време на време проверував да видам до каде е. Потоа ја извадив тавата, ја отстранив фолијата, и ја наполив со зајрето од месо и ориз. Остатокот го ставив околу. Дотурив жешка вода, за да не биде многу суво и вратив уште околу час на малку намалена релна( се од око ) Јајцето го ставив при крај. Таратурот од една крставица, едно канче кисело млеко и лук( во наша куќа се јаде многу лук и кромид) Пица лебчињата се со најобично тесто. Леб, квасец, вода. Само домата и лукче врз нив.