Прво да кажам дека ручеков го направив атер за темава, а си имав од вчера останато Друго, правев се со намирници од резерви, па ако згрешам во цените корегирајте ме. Супа Во зовриена вода се додава кесичка готова супа. Одкако ќе се свари и подолади се додава изматено јајце со 1 лажица кисело млеко (предвидено за салата) (супа 18 ден., 1 јајце 6 ден.= супа 24 ден.) Печени ребра со сос Парче свински ребра, околу 1кг (цена 225 ден.) се ставаат во тенџере со зовриена вода и сол, да се поварат 10 мин. (поентата е да примат сол). На страна се меша 2 лажици мед, 1 лажица сенф, 1 лажица кечап, 2 лажици соја сос, сецкан лук (јас не ставив лук од причина што соја сосот ми е со лук), мала чашка вино (по правило бело, јас ставив црно..зошто не ми се отвараше бело). Се става месото во тавче во кое имаме посипано зејтин. Месото се засекува како на коцки и се посипува со сосот. Се пече на 200 степени околу 1 час, со повремено полевање со сосот од тавчето. - пред печење - по печење Прилог печен компир Три компири се сечат на кругчиња, се мачкаат со маргарин и се посипуваат со вегета (цена 20 ден. ) Таратур 4-5 чешниња лук се толчат со сол, се додава сецкана краставица, се посипува со кисело млеко и се промешува. Одозгора се става црн пипер и маслиново масло. (се става и сецкани ореви ама оскудација) (кисело млеко 22 ден. краставица 8 ден.= салата 30 ден.) Десерт Вариме 800 мл.млеко. Настрана ја мешаме содржината од 2 кесички пудинг со 8 лажици шеќер во 200 мл.млеко. ( за 4ца еден пудинг е малку, 2 многу) .Кога ќе се свари млекото ја намалуваме температурата, па ја додаваме измешаната смеса и мешаме. Кога ќе се добие убава густа смеса е готов пудингот (детално пишувам зошто некој сака да знае, @JuLleE ). Во чашки ставам по 3 плазми (за домаќинката 2, зошто имав 11 вкупно) и ставам пудинг во секоја. Декорацијата е со пола банана и едно мандаринче (пудинг 2х15=30 ден., млеко 45 ден., 11 бисквитки 10 ден, овошје 10 ден. = десерт 95 ден.) За крај да се напиеме црно македонско кафе и полу суво розе винце (Кафето и виното не влагаат во пресметка зошто ги има во секоја домаќинска куќа ) Ручек за ненајавени гости= 394 ден.
А некако да ја направиме од странција да ми праќате месо и зеленчук? Брокула 50 центи, мелено мевце 2-3 евра, Нутелана исто живо џабе... где то живимо. @sanjaeva супер тема иначе, може да си играме вака со буџети, ќе се потрудам да учествувам. Моментално ако дојде некој ненајвено нагости или печам лиснати од Кам или порачувам јадење, то је то, живот.
@Doozy ама си буквалиста. Не чекај некој да ти се најави за да учествуваш во темава. Еве ние две си се најадовме ко за четворица Тоа е, се жртвувавме
Вината што Ви се како прилог од слава ли ви се? За сликање симпатични сА. Мала шала дее,не се љутете одма
Не дека се бранам 28.10.2017 Денес Да ангажирам адвокат или? Рени, Рефке на Рефо најубавата Вината и требаше од слави да бидат Според пропозиции
Јас прифаќам само слико каде се стои заедно на трпеза. И предјадење и главно и десерт Не башка по башка. Сега ќе се навратам наназад да видам дали сликите се со иста светлина иста покривка...
Za $10 nema nisto. Se izvinuvam, mozda 1.2 kg jabolka, taka izmieni ke im gi posluzam na masa. Toa e toa. Prieten rucek gosti, gledajte jadete po malku za da vi ostanat od jabolkata i za desert.