Да си знам да се спремам совреме Ама се касни некако ако е темата нешто за ручек помина времето за правење ручек кај мене Само немојте онаа тема за свекрва готвење мојата е далеку и досега ми нема дојдено нема да можам да учествувам.
Сите на пуш пауза, јас предизвици ќе смислувам темата е - храна за носење (за на работа, школо, излет,, како ви чини) Имав екстра гиф ама не ми го прикачува и ми е многу криво. - да не имало ваква тема?
Нити работам,нити на школо одам.излети скоро па никогаш. На свекрва ми и носам у другата куќа. Тоа се рачуна?!
Да беше топло кога ќе ја распостелев мојата пикник корпа На ладново каде јадна јас да одам. Убава тема. Овошје нешто би сецкала/декорирала
И јас не одам никаде На сабајле само на мм му мачкам лепче со маргарин и мармалад за појадок на работа, за ручек си руча таму не му спремам. И сега што да правам... Ќе треба да ве лажам дека сум спремила нешто за носење. Ќе чекам да стави некоја нешто па може ќе добијам идеја...
Храна за децата Вообичаено каде и да тргнеш со мали деца мора нешто да се носе или пак може како доручек за во градинка. Не е некоја јака декорација но битно да се направи ќефот, секој со своите уметнички способности шта чеш...
тек сега ѕирнав овде и пак интересна тема. инаку печам божиќни колачи по еден нов рецепт од колешка, ќе ви пуштам потоа слика. хмм.. не знам дали ќе учестувам.. темата е супер ама се нешто за со седење готвам