пиво и чипс ! хахаха. лажам. па помислив за викендов искрено што би носела, можно е да вметнам и од колачињава, а имам и кифлички и овошје јас изгледа спремна сум била за темава...
не се ставени во ланч бокс пошто ми се правени за вечера.Меѓутоа често кога одиме надвор од дома ги правам бидејки се јадат и ладни. палачинки полнети со јајца и сирење рецепт ништо посебно палачинки стандард се печат се матат јајца и сирење,се филува и се преклопува како триаголник.Се печат 5-6 мин на 200 степени
Реков не знам дали ќе учествувам а еве ме . Не ради друго, ради колачите кои се прекрасни Кифлички печени преска, уште олку останаа. Колачињата се божиќни ама генерална проба им правев денес. Сокот е домашен од дренки и капини. Секогаш зимам млекце за бебе и овошка. П.С. Ова повеќето е што носам за бебе. За нас освен кафе и вода во принцип ништо друго не зимам. Spoiler: уште слики Рецептот за колачињата вели вака: 200 гр стопено темно чоколадо се миксира со 80 гр путер , ванила, пола пециво, 100 гр шеќер, 2 јајца, 1 лажица какао и 200 гр брашно. замотано со најлонска фолија да отстои во фрижидер минимум 3 часа. потоа се вадат топчиња кои прво се валкаат во обичен шеќер па потоа во шеќер во прав. (едно без друго не испаѓаат вакви) се пече на 180°
Еххх... Завршило гласањето! Овој пат навистина закаснив, ниту гласав, ниту коментари пишав Пишете ми минус Честитки @sanjaeva Прекрасна тема - храна за носење Мој предлог, Сања повторно да победи, има прекрасни идеи за нови готвачки теми Мммм.... Што прочитав Темава изгледа на свекрвите Ве асоцира Може некоја наредна тема да биде „Најубавиот рецепт што го научив од свеки“ Лили, правилото на темава е рецептче... Нема да споделиш со другарЧките како ги направи божиќните колачиња? За кифличките не мора, имаше таква тема
Хахахаххахаха ааа ете кој ми гледа story на инстаграм Ама многу скромен е мојот обично, со сезонско овошје, до душа богат со бои Ај ќе размислам да ви се придружам за овонеделната тема
И јас без рецепт ама всушност и нема рецепт што имаш тоа ставаш. Користев банана, мандарина, краставица, морков, пиперка, кашкавал.. лебче. П. С. Превентивни мерки поради страв од дисквалификација
Домашни житни плочки Сакав да лажирам и да правам клуб сендвичи ама немаше да биде реално кога одиме некаде најчесто брзам па клуб сендвичи повеќе практикувам за гости. Често правам енергетски бомбици или домашни житни плочки, малата ги сака а и јас, кога имам направено често знам во кесичка да понесам за неа. Стојат неколку дена во фрижидер и се прават многу лесно, вегански, безглутенски рецепт и нема вештачки шеќер а многу се слатки Рецепт за 6 мали парчиња 4 Лажици овесни снегулки Мелени овесни снегулки додавам по потреба за да се хомогенизира смесата Две лажици згмечен корнфлекс ( дава убава крцкавост) 2 мали лажички ленено семе Една рака брусница 5-6 бадеми сецкани 1 лажиче цимет 1 лажиче кокос мелен 1 лажица кокосово масло стопено 2-3 лажици мед по вкус зависи од медот Се горенаведено заедно се меша додека убаво не се спои, во калап или мал сад се става стреч фолија и врз неа се става лажица по лажица смесата притискајќи ја со лажицата за да се добие подобра густина. Од горе се прелева со 4 коцки стопено црно чоколадо и малку кокосово масло. Се мрзне 4-5 часа за да се сече подобро. После сечење го чувам во фрижидер. Spoiler бонус слика
Утре на мм за на работа ќе му пратам четвртина пица - затворена. Само ќе му ја завиткам во фолија, не му ја ставам во кутија пошто јади по пат за на работа. Рецепт: Замесив околу 400 гр брашно 1 јајце, квасец растворен во млака вода околу 15-20 гр квасец, јогурт и малку сол. Од како стаса тестото со рака развлеков 2 кори. Едната поголема од тепсијата односно краевите да бидат надвор од тепсијата другата точно колку тепсијата. Ставив кечап, кашкавал, моцарела, шунка, печурки од тегла. Помалата кора се става врз поголемата и со рака се виткаат краевите за да се затвори убаво пицата и се печи. Се покрива со крпа и најлон за да омекне убаво.
за победничката и за уште една креативна тема од неа Баш ми се погоди денешното плеткање во кујна Конкретно во случајов, мојот предлог за храна за носење е појадок за во училиште за моето прваче . КОМАТ СО ПРАЗ ( охридско јадење или по вашки - зелник или пита , ) Како додаток зденка, по желба кашкавал,сирење, плус јогурт за пиење Рецепт : 1 кг брашно 1/2 литар млака вода 2-3 лажици масло 1 лажица сол 1/2 лажица јаболкова киселина малку шеќер 1 маргарин/путер Се замесува тесто, се сучи и се премачкува со пола од путерот, се расукува пак и се премачкува со остатокот, се превиткува и остава во фрижидер пола час покриено со најлонска фолија. Правев во кружно тавче, премачкано со путер.Поделив 6 делови ос тестото, расучив кружни форми колку тавчето, најдолната малку поголема да излегува и на крај со неа се превиткува. Во средината меѓу третата и четвртата кора го ставив филот: Пола кило праз - ситно сецкан и запржен, зачинет со вегета. 2 јајца матени 250 гр урда Печев 45 мин на 200. Повкусно е наредниот и денот после него .
Ке носи утре маже на работа Мајонезна и кифлички Кифлички 400мл млеко (млако) 2јајца Мала шоља зејтин Голема лажица шекер Мала лажица сол 1кг брашно (100-200гр помалку или повеќе) Се замесува на меко Оставам да стаса и го делам тестото на 2-3 дела Месам кора и сечам на триаголничиња Ги мачкам со растопен путер и ги виткам кифлињата Пред да ги ставам да се печат ги мачкам со жолчка,ставам сусам и по мало парче путер згора За мајонезна Салама Кашкавал Варен компир Варен морков Варен грашок Варени јајца Кисели краставички Мајонез Се сецка се на ситни парчиња и на крај се меша со мајонез
Утре ке носиме на дедо. Тортулето требаше да е ролат. 4 јајца 4 супени л.шекер 4 масло 4 брашно Пециво,ванила Се пече на 200 степени.20 минути. Фил 16 лажици мелени бисквити 8 л.бадеми 8 лажици џем јас ставив пола пола,мед и џем. Јас ја премачкав одозгора и посолив со сувите состојки. Кифлите. Се од око Во тестото има и вода и кисело млеко и јогурт. Брашно,ивасец,сол и шекер. Едните се со виршли,другите со сиренце . Ке носиме и грав со ребра,да појачам постов?
Темата е храна за било каде носење , или храна од нога (јас ова го сфатив како храна приготвена ептен брзински)? Изгледа ќе можам да ставам од јадењето денес што ќе и го носам на свекрвче
Набрзаница спремано, за мене и малата, за прошетка низ град. Рецепт нема. Леб со млечен намаз и овошје/зеленчук. Шери домати, паприка и морков. Папаја, манго, калинка, кокос. Малини, јагоди, ананас, мандарина.
Секоја недела на старите им носам салата,руска и пилешка салата. Да имаат за неколку дена.90 годишни се ,ова им е омилено И ќофтенца. Малку им декорирав сеа. Се дорадуваа Рецепт за ќофтенца: пола кило мелено мешано,2 јајца,50мл кисела вода,презла ,рендан компир и кромид ,многууу магданос и зачини. Пржам во врел зејтин
Мене ова ме асоцира на храна за носење. Набрзина да се нАправи, пакува иии се носи. Кришки намачкани со путер, редени по желба. Потпечени 10 мин.