Chili con carne pero sin carne или по нашки Вегетарјанско чили Предупредување: има многу сецкање во рецептов, но добрата вест е дека тоа е најтешкиот дел. 400 гр. црвен грав (сварен или од конзерва) 1 кромид (по можност црвен, средна големина) 2-3 чешниња лук 2 моркови 1 батат 2 пиперки (или една бабура) 70 гр пченка (конзервирана) 2-3 лажици доматно пире 1 филџан бујон од зеленчук (може да се замени со вода) Зачини: бибер чили или кајен табаско или срирача (лут сос) коријандер (или магдонос) по вкус лук во прав сол (ако ставате бујон можеби и воопшто да не треба сол, пробајте за вкус) Ситно се сецка зеленчукот. На тивок оган, во длабок сад и во малку зејтин, се динста/пржи кромидот, па се додава морковот, бататот и пиперките. Не брзајте, важно е да се направи добро софрито бидејќи е основата на јадењево. Целиов процес би требало да трае околу 15-20 мин., на тивок оган. Потоа се додава бујонот, гравот и доматното пире и се остава да се вари додека бататот е комплетно зготвен и течноста е редуцирана на пола (обично потребно е околу 30 мин). Некаде при крај на варењето се додаваат и зрната пченка. Се трга од оган, се попрскува со ситно сецкан свеж коријндер и се зачинува по вкус. Го сакам прилично луто („да прочисти синуси“ луто ), па се заборавам со сосот, но ако не сакате луто може сосема да го прескокнете. Се служи топло со начос како прилог, а ако ептен морате со лепче - одлично се комплементира со парче обична проја (без додатоци како сирење и сл.) На здравје. Spoiler: Дополнителна слика
@do-re-mi имав некој предосечај дека ќе спремаш баш чили кон карне . Манијачев за да видам што ќе постираш.
И јас го мислев тоа мексичко бубреже гравче во комбинација со нешто...сега се мислам дали обично да правам, или ич да не правам
@danichap и јас осетив дека ме осети ти вчера, ама си преќутев за конкуренцијата да не ми ја украде идејата. Ко што гледате, имаме Tex-mex седмица по дома.
@Dust @CrazyOne официјално ќе потврдат, ама и јас така знам. До понеделник сабајле се ставаат слики, потоа од понеделник до четврток ќе се гласа, четврток повторно нова тема.
Се готви четврток, петок, сабота и недела (ако има некоја слика во понеделник наутро пред анкетата да се постави, влегуваат и тие во предвид ). Понеделник наутро се става анкета. Анкетата завршува во четврток наутро.
Моето гравче крчка ама после @do-re-mi такво ми се пријаде како што пиша @zhap4e ни така ни вака. Море на моево ќе ставам лута сува чушка мх, мх..
Мене редот за грА ми е поминат, иначе ќе правев полнети пиперки со грав. Сега пак ако сварам,ќе ме лансираат
Тетовско тавче гравче Петок кај нас секогаш е резервиран за грав. Почесто тавче. Гравот се вари. Му се става малку масло, црвен пипер и сол. Потоа се префрла во тава и се става во рерна да крчка. Пред крај се става сецкан магдонос и лук, суви пиперки и се попарува со поголема количина врело масло. Се остава уште 10тина минути да се пече. Во лето го јадеме со шопска, а во зима со кисела зелка или руска салата. И секако со тазе домашно лебче. На здравје.
Посен грав без малку риБичка не ми иде( тоа на мене само). Гравот ми е од бавчата дома. До душа и кромидот и морковот и пиперката се ми е од мојта фолииЧка. Гравот го киснам од вечер во вода од бунар . Пред спремањето му дробам се внатре,кромид,морков,пиперка ,му ставам зејтин и го варам саат ипол на тивко.Пред крај му ставам мирудија и зачини. Толку. Не потпржувам. Ќе ставев слика и од фолијата и бавчата ,ама многу врне,не можев да сликам. Следна прилика
Spoiler: Рецепт Горе - долу слично како останатите го киснам гравот одвечер утредента го варам, сецкам кромид и морков, потпржувам со малку масло, црвен бибер, лажица брашно. Потоа ставам зачини и во тавче да подизврие, само овој пат го подзаборавив баајги извре и немав ловоров лист убав мирис дава. Ставив колбаси и додаток салата. [на /SPOILER]