Благодарам @Dust И на сите што гласавте за Тетовското тавче гравче. Следна тема предлагам да биде: Зелник, по тетовски комат Домашно, месено, сукано, тегнето, со зелка, со праз, со урда... Ако се сложувате. Ако не предложете некои други теми па ќе одбереме.
Честитки. Преубаво гравче тавче. Колку е убава зададенава тема. И праз дури имам дома... уф, само дали ќе стасам временски. Се надевам барем за со готови кори, колку иштафов да ми мине Штета што немам некоја стара слика, од резервите Едвај ги чекам вашите слики.
Јас па се залетав да раскркорам цревава , оти нели гладна и да не сум ќе станам ....викам @Val-Dim замесила некое чудо ...убаво...вкусно... Ајде бе жени...едвај чекам да ви ги видам чудата...јас немам добра камера па нема да сум конкурентна
Камера не е изговор @Espadrila. Сликам со телефон стар 4 години. Ајде сега, засукај ракави и растегни некоја кора викендов.
Зелник или во прево комаТ,се разбираме со @НаталиЛили Мојот пола е со праС,пола со купус(кисела зелка де) Сликава ми е архивска.Немам пресекБитно да се учествува,да разбијам малер Spoiler: Рецепт 600 гр брашно 3 шољи(мали,како за турско кафе)млака вода 1 шоља зејтин 1 лаж оцет сол 1 маргарин Се замесува,на помеко. Тестото се дели на два дела. И двата дела се расукуваат во круг и се премачкуваат со претходно омекнат,не растопен,маргарин.По пола од маргаринот за секој дел. Секој дел се сече во средина круг,а страниците на ленти кои се ставаат во кругот и тестото/кругот се затвора,натапкува.Така споено се става на тањир премачкан со зејтин кој треба да отстои 15-20 минути во замрзнувач. Потое се вадат,едниот дел се расукува(за дното),се става фил по желба,другиот дел се расукува и се става одозгора(се нафалтува).Врз горната кора може да се стават парчиња маргарин или да се попрска со зејтин. Се пече на 180-200°C,30-50 мин,во зависност од рерната. Убавината во коматот е тестото,кое е растресито,накај лиснато. П.С.Мислам дека го немам објавено во ФИ.И ако го има,блокирајте ме
Ги чекаат свекрвите утре на гости да им истегнат некое кориче После не чинела свеки Мала шала... ПС Моите банички се печат... Наскоро сликО
Тема... Домашно, месено, тегнето... Значи може и банички Spoiler: Фотки Spoiler: Рецепт 1кг брашно 1 лажичка шеќер 1 лажичка сув квасец 2 лажички сол 3-4 лажици зејтин млака вода Се помешуваат сувите состојки, се додава околу 500мл млака вода т.е онолку колку што е потребно да се замеси средно меко тесто. Се додава зејтинот и убаво се меси тестото, треба да не се лепи за рацете, да биде хомогена топка!!! Од тестото се кинат мали топчиња и се премачкуваат со зејтин. Од секое топче се расукува мала кора, се премачкува со зејтин и се „тегне“, што повеќе и потенко, тоа подобро... На добиената кора се посипува фил - исжено мелено месо со многу кромид, блитва, спанаќ, праз, сирење, урда. пржена зелка... Се завиткува во ролна и се формира баничка. Откако ке стасаат баничките се печат во добро загреана рерна. ПС Овој пат правев пица банички... Од кечапот се малку темни одозгора Дааа... Има и со сирење Spoiler: Зелник Во насловот на темата пишува зелник... За мене зелник е традиционална македонска сукана пита полнета со пржена кисела зелка... Нооо, зелката сеуште не ми е „скиселена“ За да биде погодена темава треба... нешто вака #10375
Мислам ова зелник е земено универзално. И во секој крај различно име има. Мислам дека не е проблем и банички. И јас така го правам, полесно за јадење А ваков оригинален зелник не сум правела.
Во мојот крај "зелник" претставува сукани кори, потпечени на рингла од стандарниот стар шпорет, редени стуткано една врз друга со зејтин а на средина прпржен праз. Односно посна трпеза. Се прави за слави и за бадник. Многу пати имам помагано на баба ми кога ко правела бидејки не е баш лесно да се исукаат многу кори и да се потпечат. Може и јас би можела да исукам но никогаш не сум пробала а и немам време. Јас некни правев со купечки кори ист ваков зелник но за жал слико немам бидејки не стигнав да направам од обврски.
Мојот зелник, т.е комат се пече, се надевам ќе успеам до вечер да ставам слика, дека гости ми се најавија на ручек. Затоа и го правам, меѓу другото. Инаку кај нас во Охрид зелник не фигурира како збор. Само комат си го викаме, има различен полнеж, зависи од периодот. Најчесто со праз, со изварка и јајца, потоа со коприви, лук и ореви за посни денови, и некогаш со бел џигер и мнооогу кромид. Е овој последниов ретко се правеше, ама најбрзо се јадеше А во последно време и со кисела зелка прават, ама мене баничките со зелка ми се поубави. А ова што погоре го спомна @vitamina, и баба ми, па и мајка ми правеше таков комат, од сукани па потпечени кори, ама добро потпечени, да се кршат и тоа само за Василица, за парето да се стави во него. А филот се ставаше меѓу корите и не се туткаат. Секој крај има различни видови суканици и месеници изгледа.
Бидна и мојот комат. Пола со зелка, пола со сиренце. Spoiler Се меси тесто со млака вода, брашно и сол. Потоа се прават топчиња Секое се расукува и се премачкува со масло Потоа се тегнат кори Секоја кора се попрскува со масло и се става зарзаветот. Нашиот веќе се изеде. Морам да кажам дека мајка ми ми помогна овој пат. Таа го месеше јас го тегнев. Наздравје.
Spoiler За тесто: 700гр брашно 400мл вода 1 лажица сол и ептен малку квасец За фил: еден струк праз 2 јајца Подоготовка Се меси тестото, се прават 7 топчиња се омрсуваат и се покриваат со мушама да одморат малку. Потоа се расукуваат, првата кора се става врз целиот плех, потоа другите се викаат и се редат во круг секоја кора се опрскува со зејтин. На средината се става празот и на крај се покрива со последната кора и со остатокот од првата кора и се пече. Кога ќе биде готов зелникот се попрскува со вода и зејтин.
Еве ме Мојот комат или зелник, кој како милува. Во плех од рерна го правам. Рецепт: Мерките ми се од око, ама вака: Околу 700-800 г брашно Пола филџанче масло Коцка квасец Сол по вкус Млака вода околу 400 мл, со лажица шеќер. 250 г маргарин Страк праз, околу 400 г изварка и едно јајце. Се раствора квасецот во водата со шеќерот. Се просејува брашното со солта и се прави дупка во средина, се истура течноста и маслото и се меси меко тесто,да лепи по малку. Имам две варијанти понатаму, една побрза, друга подолга. Целото тесто се дели на топчиња. Мене ми излегоа 30, ги поделив 16 за долната кора, 14 за горната. Секое топче се расукува посебно, одозгора се мачка со маргарин и се ставаат едно врз друго. Кога ќе се наредат сите расукани топчиња од првата кора (16), се сукаат сите заедно во една поголема кора. Се мачка со маргарин, се сече на триаголници, ама не до крај, и се преклопуваат еден врз друг на средината каде што не е сечено. Се става така свиткано во фрижидер. Потоа се сукаат топчињата за втората кора исто како за првата, постапката е целосно иста и се става и овој дел во фрижидер. Во меѓувреме празот ситно се сецка, се пропржува на малку масло и се додава вода да се издинста. Се трга од оган, се става сол по вкус и се додава изварката и јајцето, па се меша убаво. Се расукува долната кора во големина на плех од рерна, со тоа што е пожелно да е малку поголема од него за да може да се навитка на краевите. Се става во подмачканиот плех со масло, се виткаат краевите, се истура филот по цела кора ( без свитканиот дел) и убаво се распоредува. Потоа се сука и горната кора да биде малку поголема од плехот, па се става врз филот и малку се набира. Повторно се виткаат краевите. Одозгора се премачкува со малку масло. Се пече околу 20-30 минути на 190 степени. Кога е испечен, се вади од рерна и додека е жежок се попрскува со ладна вода и се покрива со чиста крпа, да омекне. Одозогора може да се стави и подебела крпа да држи топло. Другата варијанта е директна поделба на тестото на два дела, едниот малку поголем. Се расукува во голема кора, се мачка со маргарин и се сече на триаголници од средината према краевите и се виткаат према центарот, па се става во фрижидер, истото се повторува и со другиот дел од тестото. Постапката понатаму е иста. Spoiler: Екстра слики На здравје! П.С. морам да кажам, ова на @НаталиЛили во Охрид го викаме преснец, а некогаш и колбурек, зависи
Tarta Pasqualina (видоизменета италијанска „Велигденска пита“ - спанаќ, урда+сирење и цели јајца) И обична пита со праз+урда и спанаќ+урда За италијанската.... ја направив малечка тавичка, оти прв пат ја правам. Состојки: 300гр +/- брашно, 150мл+/- млака вода, сол, малку оцет. За филот: 300-400 гр спанаќ, од око урда, малку сирење (всушност треба рикота сирење, ама ние сељаците...нели) и 3 цели јајца - можете во смесата да ставите и кремсир, но минус ствари = минус калории и минус трошоци, нели ц. Се замесува тесто... го оставате да постои петнаесетина минути. Се разделува тестото на четири топчиња. По две за долната и горната кора. Две по две се соединиуваат корите со зејтин измеѓу. Се расукуваат. На намастена тава, се редат двете долни кори. Се става од филот - спанаќот измешан со урдата. Правите три легла - дупчиња во филот во тавата, како триаголник...во нив кршите по едно живо јајце. Одозгора рендате сирење и ја покривате питата со горната кора. Обележете си го делот со јајцата, за да знаете каде точно да си го направите пресекот. Се пече дур не порумени на 220степени. Другите две се обични, ко и на Пупи - брашно, вода,малку оцет, зејтин, сол за тестото. 10 топчиња по пита. Пет за долната кора, пет за горната. Измеѓу од филот...испржен праз, измешан со урда и спанаќ измешан со урда.
Леле колку месеници се направиле денеска Последните 2 натпревари ги следев и некои од рецептите морав да ги направам, ептен ме привлекуваа- пример сеченицата од @orhideea (преубав, а воедно брз рецепт- препорачувам). Гласав и за гравчето на @НаталиЛили и секако ќе го направам во блиска иднина. Никогаш не сум го правела по тој рецепт, но превкусно делуваше, а откако @PUPICA која ја сметам за голем гурман и кулинар, потврди за рецептот- немав никакви сомнежи дека тоа е најдобриот рецепт за гравче. Па така кога го видов рецептот за комад на Пупица, не можев да одолеам да не го направам. Имам правено и порано ваков комат со овој начин на листање на корите ( го најдов на некој босански сајт под име катмер коре, демек нели се листаат корите како катмер), ама секогаш го правев со квасец и го немаше тој ефект на сипкање на корите. Прееска го следев рецептот на Пупи и немам збор- превкусно испадна и веќе пола го снема. Ајде да ставам слика, да не сум покусо и јас денеска. Рецептот е истиот од погоре од Пупица само јас ставив повеќе брашно бидејќи очигледно пијам кафе од поголема шолја, па кога ставив 3 шолји вода ептен ми стана кашесто тестотото и морав да додадам уште брашно. Филот е комбинација од филот од сеченицата од Орхидеја- значи кисело млеко со 4% масленост, сирење, малку урда, пропржен праз и неколку перца младо кромитче. Spoiler: Дополнителни слики Сум заборавила да ја сликам наредната фаза- значи откако ќе ги расечете вака потоа сите странични ги редите една врз друга врз централниот кружен дел. Ептен брзо се прави, а исто толку брзо и го снемува.