ВЛАШКИ ЗЕЛНИК не знам зошто е влашки, а и јас не сум влаинка.Такво му е името Рецепт 500гр брашно 1 квасец 2 белки+2 жолчки за премачкување 1м.л.сол 1/2 м.л. шеќер 1каф.чаша зејтин 200 гр јогурт Маргарин за мачкање Фил Околу 500гр обарен спанаќ 2 мали павлаки По желба сирење (околу 200гр) Сол по вкус Се замесува меко тесто и се дели на 6 топки.Секоја од нив се сука во кора со големина колку тавчето бр.28 макс.30 и одозгора се мачка со маргарин.се става од филот на секоја кора.Последната одозгора се мачка со жолчките.Се сече на коцки и се остава да се кисне околу 30 мин. Се пече на 200степена. Напомена за брза постапка 1.Не мора посебно са се раствара квасецот туку може да се срони во брашното и се заедно да се замесе. 2. Не мора да се кисне 30мин.Доволно е 3-5 минути на 50 степени во рерна а штом ќе надигне се појачува на 200 степени и се пече. Екстра фотки... Spoiler: Фотки П.С.Можда не е класичен зелник...али кој како си го вика по дома... П.С.2 И моево е од архива.Не знам дали го имам ставено ФИ..ако да, и јас ко Пупи..
Анкетата е поставена Со среќа на сите! https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-2#post-3693277
Протестирам против сите пити,зелници,мазници со квасец! Ама, мораше за жал за еден од сите вас пито-лебари да гласам...па влашкион... @Espadrila , многу ти е секси вентилаторот во рерната. Ајм ин лов Анат, ептем ми се свиѓаат фотките, особено онаа, целосен коматот. Ко уметничко дело е со тоа наборите. едит: заборавив, добро што се наполни темата во пет минути пред гол јас, се помалку сакам и можам да јадам вакви ствари толку за годинава од вакви месеници.
Леле женички што сте направиле,обожавам вакви месеници ама незнам да ги правам,т.е не сум ни пробала,ама свеки редовно ми прави кога одам,еве сега ќе и дадам плус рецепт од вашите. Незнам за кој да гласам се мислам меѓу @Annath и @zhap4e
@CrazyOne додека си тука, а може ли по два гласа од член или сега е прекасно, зашто е почнато гласањето? Имам двајца фаворити и не можам да се одлучам. Ако не, ќе влечам жребка, па ќе гласам.
Рецептот на НаталиЛили отишол во споjлерот каj Вал-Дим И затоа сме го испуштиле во анкетата. Средено е. @do-re-mi ставаме две опции кога има поголем броj на приjaвени. Мислам дека нема потреба сега.
Не знам, Рефи. Да се спремам ако не. Сите со прстени.... во инбокс да пратат слика од прстен, себе (сепак сум површен човек) и понуда
@sesilija е се израдував Некој да направи мој рецепт и да ме пофали Гласано за тебе зелникот ти е полулиснат и изгледа преубаво. Инаку и јас се спремив да учествувам ама морав да го казнам мажето викендов без ручек и затоа не направив
Мммм понеделник било... Кога ке видам гласање на Фемина готвач знам дека е понеделник!!! По темава почнав да ги распознавам деновите Прво и најважно... Сите рецепти се прекрасни, се би пробала Посебно ми се допаднаа некои комбинации за „филување“ на суканкото,па си ги ставив во папка „НАПРАВИ“ Не би коментирала нашироко, оваа недела само најискусните домаќинки поставиле сликО Да се разбереме, сукањето или тегнењето тесто спаѓа во посложените кулинарски вештини. Познавам домаЧици што и на 60 години ниеднаш не направиле зелник!!! Нооо... Недостасуваат некои девојки кои што во Фемина Инстаграм постираат убави зелници, а се активни на темава ... Ај, за нив ке ја повториме темава за некој месец!!! @PUPICA @НаталиЛили @shz @Annath @zhap4e @sesilija @Espadrila ПС Гласано за @sesilija, заради филот со праз, сирење, урда, кисело млеко... Ммммм
Гласано за @sesilija Ме освои и со филот и со тестото, се гледа дека е меко. Требало да ја сликнеш и наредната фаза, да имаме претстава и ние кои немаме правено таков зелник Во нашиот крај исклучиво банички
Ме најдовте мене на диета и немозжам да учествувам во темава ама ке се вратам за некоја недела а до тогаш ве следам да си знаете победник за мене @Val-Dim
Во вентилаторот се заљубив. А, те гласав, оти ми беше интересна питата, коматот... работата е, ко шо гледам, место кај тебе, сум кликнала кај Сеселија глас сега дури приметив Така што, имаш ти плус еден глас, Сеси има минус еден глас Да ги информирам и главните у случај да се борите за главната награда, најкомат на Фемина и пошироко@Dust @CrazyOne ...по грешка гласот ми е отиден кај Сеселија, место кај Еспадрила..т.е, по грешка јас сум кликнала ако може да се корегира океј, ако не..да се знајт вака
Кај влегов кај се зезнав Сега ќе треба за доручек пита да си купам. Бре женишта се исполигавев овде. Искрена да бидам за тегнење не тегнам, тој дел уште не сум го совладала, мада мајка ми е профи во убави тенки кори, така да кад тад ако најдам време ќе ја терам да ме учи, мада мислам немам баш хват за тегнато. Знаете, имам приметено дека не секој може да ја совлада таа техника. Јас пример за месење сум подобра и од неа (мајка ми) ама ете, имам чуство за ова нема да ме биде. Се надевам грешам, ако не, тука се бурекџилниците Преубаво зготвено од сите, секоја чест. Гласано за Жапче.
Не си кликнала по грешка, туку гласовите на тие што гласаа пред да ја додадат @НаталиЛили отидоа еден глас погоре, и мене ми се случи тоа... гласав за @sesilija (пошто нели, ја нема, ја нема, ја нема, па БУМ), ама гласот денес е кај тебе