Пишав крофни, и наместо едит...избришав сакав да корегирам пошто гледам крофните веќе биле... ама оти јас по тестото.... пишиии, мекици...нешто вакво м? домашен леб????
Може и рецепти со путер од кикиритки, така ми стои.. никој не го јаде, вака вметнат може убава комбинација да излезе.
Шкембе чорба да правите Во договор со @Dust можете од првите 35 теми да бирате. Сепак доста теми се поминати. Така да нормално е и некоja да ja повториме.
Еве ме пак. Размислував за темата и имам три предлози 1. Бомбици (може да бидат благи, солени, со бисквити, интегрални, и.т.н.) 2. Рецепти во куглов- исто благи, солени, или кугловот искористен како модла за некоја форма (пр.солена торта и сл.) 3. Рецепти со спанаќ- здрави јадења и помалку здрави како на пример лазањи со спањак, пита со спањак, или пак класиката ориз со спањак и јајца и Х други комбинации. Кажете кое најмногу ви фаќа око и тоа нека биде.
Нема тема? Касните, значи останува помалку време за готвење Ииии скар сум Ви... Најубавиот зелник што сум го направила го постирав (мислам на оној од ФИ #10375 ) и сепак... Второ место @Bridget дојди, скарај ги Мала шала Порано во темава знаевме и помалку да се зајадеме при водењето кампања... иии баш беше интересно!!! Бомбици е темата?
Нормално дека ќе истркалам.. Ама дали ќе ги ставам во темава, не знам.. Се плашам да не победам па...
Овој пат и јас ќе учествувам и точно знам со какви Планирајте дека ќе ве напнам ко за тортата што ве терав да ја направите...
Ајде да го скршам мразот Овие ми се правени од пред некој месец, затоа немам дополнителни слики. Омилени ми се од сите визитарски колачки, ем брзи ем превкусни, повкусни од оригиналните рафаело. Рафаело бомбици 250 гр маргарин 100 гр вода 300 гр кокос (плус за посипување) 300 гр шеќер 300 гр млеко во прав 100 гр печени лешници Водата, шеќерот и маргаринот се ставаат на оган да се стопат и зовријат, потоа се додаваат кокосот и млекото во прав. Кога ќе се излади смесата се обликуваат бомбици во кои се става по еден лешник и се валкаат во кокос.