Кокос бомбици со брусница. Рецепт: Потребни продукти -500 мл слатка павлака -500 гр ресана (помината низ сецко) -100 гр брусница(ситно сецкана) -кандирано овошје или 100 грама желе бонбони (сецкани) -200 гр кокос (100 во тестото и 100 за валање) -100 гр сецкани ореви -100 гр шеќер Припрема: Се мати слатката павлака и се додаваат сите продукти. Најубаво е смесата да отстои пред да се прават топчиња. Секоја бомбица се вала во кокос. И..се јаде
@vitamina искрено, секогаш сум ги правела со млеко во прав, не сум пробала со обично или некое друго млеко. Гуглав сега рецепти правени со обично млеко, ѕирни го овој, горе долу ист е, освен бисквити плус што има. Spoiler: Рецепт https://moirecepti.mk/post/рафаело-бомбици-со-обично-млеко-2
Прашав оти не сум сигурна дали ќе најдам млеко во прав. Сигурно има ама не сум барала и не знам како изгледа. Ама ќе прашам. Фала ти.
Bombici so zolcka 2tvrdo vareni zolcki se pasiraat so 80gr.margarin,80gr.seker vo prav i malku rum. Se pravat mali topcina i stojat vo frizider. 250gr.meleni orevi,150gr.seker vo prav ,300gr.cokolado topeno 1belka i malku rum. Se mesi testo .Se zema od testoto malku i vo nego se stava od malite topcina i se formira bombica. Se brbela vo rendano cokolado. Ova e eden recept od bombicive site se razlicni vkusivi. Dobar apetit !!!
Стави рецепт од сите бомбици кога веќе ги простираш овде оти некој како мене сака да си направи па е пожелно да слушне повеќе рецепти како што гледа и повеќе бомбици
Бразилски бомбици 150гр.сецкани ореви,150гр.шеќер во прав,200гр.рендано чоколадо,1/2фил.благо кафе и во него се става 1 лаж.рум и да се излади .Се меша убаво и се формираат бомбици.Се брбелаат во чоколадни мрвици. Бомбици со еурокрем 1 чаша еурокрем го топеш на пареа и во него ставаш 200гр.чоколадо .Тргаш на страна и додаваш по 100гр.сецкани ореви,бадеми и лешници .Формираш бомбици.Ако ти лепи смесата мелени ореви или бисквити .Брбелаш во какао. Бомбици овошни 100гр.урми,100гр.смокви,100гр.суво грозје ,100гр.брусница .Сето се мели во сецко и се додава 200гр.сецкани ореви ,сок и кора од еден портокал.Формираш бомбица и брбелаш во мелени ореви. Бомбици со вишни 300гр.мелени ореви,200гр.мелени бисквити ,100гр.шеќер во прав ,1лаж.рум и 200гр.топено чоколадо. Сето се меси ,се зема од тестото и во средината се става по една вишна.Формираш бомбица и ги лиеш со стопено чоколадо. Бомбици со наполитанка Едно паковање Торта Наполитака се меле и се додава 1 стопено чоколадо ,100гр.мелени лешници и 100гр.мелени ореви .Сето се меси и се формира бомбица.Се брбела во рендано чоколадо бело и црно помешано . Рафаело веќе има постирано рецепт. @vitamina повели рецепти ако нешто не е јасно пиши
Здрава верзија на бомбици. Потребни се 5-6 урми малце покиснати во вода, 5-6 капинки, пола банана, овесни снегулки, 1 лажиче какао и малце кокосово масло. Се блендира се заедно и се формираат топчиња. Одозгора ставив по една боровинка и во фрижидер да се стегнат.
Јас првиот пат ги правев за малото ама не е баш јадач и ние си ги изедовме. Од тогаш ги правам често.
Још су вруче, што би рекол Манулач, ама не издржав да ги сликнам кога ќе стегнат, ете ги во фрижидер стојат Како и да е, лоша ми е камерата на овој тел и мислам дека најголема причина зашто не учествував претходно (освен што не знам да тегнам) беше тоа дека сликите ужасни ми испаѓаат. Се сеќавам туфахијата колку лошо ми изгледаше па ни еден глас не заслужи Овој пат ризик јак, мила душа, следно се надевам со опоравен телефон Бомбициве се познатите Рошер Фереро. Сигурно сте чуле или веќе пробале. Мои и на мм омилени! Нормално, кој не ги пробал уште одма го напнувам да ги прави! Рецептот е лесен, мерки јас од око ставам искрена да бидам ама од прилика ќе ги пишам. 150 гр политанки од лешник, 150 гр печен лешник, 200 гр нутела, 150 гр чоколадо за готвење и малце масло. Се сецкаат политанките, лешникот се сецка и дроби на ситно, се меша со нутела. Се става да стегне малку. Топената чоколада со маслото служи за валкање. Можете и потоа уште еднаш во лешник да ги извалкате ама според мене нема потреба доволно се јаки и вака. @Bubce38 ако на бабата и е проблем лешникот можеш слободно само со политанки да ги правиш и така се прекрасни.
Алијас домашни Фереро Рошер И јас... Рецептот како погоре Spoiler: Рецепт 150 гр политанки од лешник 150 гр печен лешник, 200 гр нутела,НО СЕКАКО МОЖЕ И СО ДРУГ еурокрем... 150 гр чоколадо за готвење и малку масло. Се сецкаат политанките, лешникот се сецка и дроби на ситно, се меша со нутела. Се става да стегне малку. Топената чоколада со маслото служи за валкање. Можете и потоа уште еднаш во лешник да ги извалкате ама според мене нема потреба доволно се јаки Лилибоз од как тебе копирав рецептот поголемиот дел /SPOILER]
Бомбици од просо Рецепт: 100 гр просо 50 гр овесни снегулки Се варат на тивок оган да се згуснат. Откако ќе се оладат се ставаат 2-3 лажици мед и кокос по потреба за да се направи хомогена смеса, односно да може да се направат топчиња. Внатре се става било што, во случајов брусници претходно потопени во рум. И на крај се декорираат со кокос. Прелесен рецепт и дефинитвно едни од моите омилени бомбици, бидејќи се здрави и ми даваат енергија секое сабајле пред факултет.
Бомбици со портокал Пола маргарин се топи со 200гр шеќер и малку сок од цеден портокал.Се додаваат мелени ореви,плазма мелена (додека смесата се направи совршена за формирање на топчиња)и на крај рендана кора од еден портокал. Се обликуаат бомбици и се декорираат со мелени ореви. Скоро секогаш ги правам од око па немам точна грамажа за орев и плазма. Меки и преубави се на вкус
Фереро се од лево прпелани во наполитанки, белите се рафаело и другите што се мешани со рафаелото се со банана. https://moirecepti.mk/post/фереро-рошер-бомбици За рафаело: 1 пакетче пудинг од ванила 250 мл млеко 3 лажици шеќер 200 гр кокос Околу 50 лешници Пудингот и шеќерот се мешаат па се додаваат во загреаното млеко, кога ќе е готов пудингот се остава да се олади 5-6 мин и му се додава кокосот и се меша убаво и се формираат бомбици во средината се става цел лешници. И се прпелат во кокос па во фрижидер. Бомбици со банана: 2 банани 250гр бисквити 150гр шеќер во прав 50 гр кокос 100 гр чоколадо за готвење За одгоре се топи околу 150 гр чоколадо и се чоколадира ама јас не ги чоколадирав. Чоколадото се ренда бисквитите се мелат или кршат на ситно. Бананите во сад се пасираат со вилушка, и сите состојки се мешаат заедно додека се соединат. Доколку е течна смесата се додава бисквити. Се оставаат во фрижидер 2 часа потоа се чоколадираат.