Spoiler Состојки: 1 белка 100гр шеќер во прав 100гр мелен орев 120гр мелени бисквити 100гр растопено чоколадо рум За преливање: 70гр растопено чоколадо 1 лажичка масло Се мати белката со шеќерот, се додаваат растопеното чоколадо, бисквитите, рум и оревите. Се формираат бомбици и се украсуваат по желба.
Солени бомбици правев јас . 250 гр палента се вари со сол на средно густо. Се трга од оган и после 5 мин се додаваат 3 претходно изматени жолчки. Една лажичка путер.Се додава и сирење . Јас ставив од око ( едно парче -кафанско парче). Се прават бомбици. Се увалкуваат во белките , па сусам и се печат околу 20 мин на 180. По печењето со лажичка се премачкува горниот дел со павлака и се наросуваат со микс коктел ( семки од тиква, сончоглед и соја) Јас си ставив и буковец И едни блаЧки пијани бомбици. Сок од 1 портокал 100 гр суво тропско овошје (претходно малку отстоено во ликер blue curacao. Околу 300 гр мелена плазма 100 гр црно чоколадо со портокал -линт . 100гр путер изматен со 150 гр прах шекер Малку ореви (за адет). Се прават бомбички и се увалкуваат во кокос натопен со ликерот. Во фрижидер барем пола саат. Моите не стоеја
Јака конкуренција. Колку добри готвачки има на форумов.. Браво. Секогаш кога листам тука драго ми паѓа што гледам колку се младите жени вешти. Учам од Вас.
Еве го моите здрави бомбици, јас кога готвам здравото мора да биде вкусно и вкусното мора да биде здраво, најлесно е да изматиш некои готови филови, нутела или плазма, предизвик е хранливото да го внесеш со сласт. Здрави бомбици Влажна смеса Се покиснуваат 6 сецкани урми и една рака брусница, една лажица чија семе во сок од еден цеден портокал и лажица цимет, 1 саат. Сува смеса 300 гр овес и една рака бадеми се мелат, при крај се додава две лажици семки од тиква и две лажици сончоглед лупен несолен. Се додава една лажица ленено семе, интегрален сусам, една лажица кокос, една лажица кокосово масло, две лажички мед. Се меша сувата смеса со влажната додека не се спојат. Се прават топчиња и се ставаат 5 мин во замрзнувач. Лесно се валкаат во какао и се прскаат со стопено чоколадо и пола лажица кокосово масло. Од оваа количина излегуваат 10 бомбици. Ги чувам во фрижидер 2-3 дена. Комбинацијата на сок од портокал, цимет и брусница мириса неодоливо, откако почнав да ги правам немам желба да пробам од класичните бомбици.
@MissDior овде не се работи за што е најлесно, туку за вкусови. Некој сака здраво некој нездраво. Секој има право на избор.
Не те разбрав.Ќе ме пишеш во тефтер на список за гости . 1.Мене ќе ме пишеш за да ме викнеш на гости, или 2. Рецептот мој ќе го пишеш за да ги правиш бомбичките за гости
Ќе те пишам во мојот распоред за скитање по гости Стресена сум денес, едвај спасив жива глава по патиштава па нејасна може да сум А и ти си добредојдена, ако правиш бомбици кај мене
ааа . И на мене толку ми тркале. Бујрум, у секое време. Некни у општи прашања ти пишав дури и кај ќе те чекаме. Да не ми се изгубиш
Сликава не ми е нешто нај нај, ама од архива е, не спремав денеска. Не се баш бомбици, слатки гнезда се, ама може да пројдат како бомбици ако не им ставате ништо одозгора и ако ги правите како топчиња. Потребно е: 100 г чоколадо 200г шеќер (ставив 100г) 100г маргарин 300г мелен кекс по желба (може обични бисквити, а може и плазма) 200г кокос (пола за валкање на бомбиците) 200мл вода Слатка павлака или шлаг На оган се ставаат шеќерот и водата да се стопи убаво. Кога ќе зоврие, се трга од оган и се додаваат чоколадото и маргаринот да се растопат. Ако има потреба уште се држат на оган додека да се стопат целосно. Се меша убаво и се додаваат мелените кекси и 100г кокос. Ако не е доволно густа смесата може да се додадат уште кекси или кокос, или пак може мелени ореви или лешници за побогат вкус. Се прават бомбици, се валкаат во кокос, се прави дупка на средина со прст и се става изматена слатка павлака одозгора. Може и еурокрем да се стави, или пак да се остават така.
Рафаело (одамна ме немало во темава) Spoiler: Рецепт Потребни состојки: - 500мл. млеко - 5-6 лажици шеќер - 7 лажици густин - ванилин шеќер - лешници - 2-3 пакетчиња кокос Подготовка: Се вари млекото, а во него се додава шеќерот. Во меѓувреме, густинот се меша со ванилиниот шеќер и вода и се додава во млекото. Се вари исто како пудинг. Откако ќе се свари, треба да почекате да се олади. Кога смесата барем ќе биде млака, тогаш се додава кокосот и се меша. Потоа се прават топчиња и во средината на секое од нив се става по еден лешник. На крај се валаат во кокос. Можам да кажам, за разлика со пудизни или слично ..бомбициве со густин, ем поцрвсти се, ниту ја губат својата форма, и поубави ми се. Сличен вкус скоро до оргиналните рафаело. -
Прво се меша со вода а потоа се додава во млекото што се вари.. А, може и со млеко да се измеша па потоа сето да се додаде во млекото. Исто како пудинг што се прави
Spoiler Мелена плазма, мелени ореви, кацкани ресани и кацкани чоко бананчиња, топени бели чоколади, млеко додека се направи смеса добра за формирање топчиња. Валкани во мелени ореви. Бомбици никогаш не праам по рецепт.