Честитки Алис. Вечер пoсле шкoлo плaнирaм дa нaпрaвaм некoј специјaлитет... Oвoј пaт aкo не пoбедaм, oдaм пред влaдa и нa прoтест.
Јејеје, честитки и официјално @Аliсe Па и темата конечно да ми ја погоди некој Еве од мене една мусака
Ручекот за свеки Имам користено нормални компири, мали компири и сладок компир. Јунешкото месо на најпрво го намачкав со малку масло, му ставив зачини и кратко го запржив. Во тавата освен масло, додадов црвено вино, жешка вода и остатокот од зачините. Од зеленчук, освен трите врсти на компир, употребив чушка, морков, тиквица, безеље, брокула, шери домати, младо кромитче, ротквици, еден друг корен на кој на жалост не му го знам името, магдонос, дил. Покрив со фолија, која беше околу пола час пред крајот извадена.
Печен компир...ала Еспадрила пекарски компир. Без посебности.Измиени, излупени, расечени на 3или 4, залеени со масло и зачини и малку вода. Се печат околу 30 мин на 200. НА ЗДРАВЈЕ!!
Пo рецептoт нa @Viktorijaaa5. Се сецкaaт нa кругoви кoмпири и мoркoви, се стaвaaт вo тaвче се дoдaвaaт зaчини и мaлку мaслo и се стaвaaт дa се печaт. Oткaкo ќе се пoтпечaт се дoдaвa хoплa(вo мoјoв случaј пaвлaкa), се пoтпекувaaт уште мaлку и тoлку. Брзo, леснo и вкуснo.
Здраво еве ме и мене повторно. Овојпат за сите вас домашно подготвени њоки од компир. Рецептот е следен: се вари кило компир и откако ќе се свари уште топол се лупи и толчи како пире. Се додава околу 300 гр. брашно и се замесува додека да се добие една смеса која се дели на долги резанки. Секоја од тие резанки или стапчиња се сечат на мали еднакви делчиња кои се всушност и њоките. Во меѓувреме се става на огин тенџере и откако водата (солена) ќе почне да врие (на средно јак огин) се ставаат њоките три до пет одеднаш (не сите заедно) и се оставаат околу мунутка две (кога њоката ќе исплива на површина значи дека е готова). Се вадат се редат во едно тавче се додава пармезан, домашен сос од домати и малку власец и се потпекуваат во рерна додека не поруменат и додека пармезанот да се стопи. Потоа се вадат, се додава малку босилек и....ураааааааа сите околу маса може да јадеме
Компири ... Мислам дека нема човек што не сака компири!!! Постојат многу начини на подготвување на компир... Јас знам најмалку дваесетина... а можеби и повеќе... Во последно време едно од омилените јадења на сите дома е МУСАКА. Со години се случуваше некој да го „бојкотира“ ручекот подготвен од компир, мелено месо, кромид, морков, зачини и јајца... Но, по моето упорно подготвување најмалку еднаш во месецот, „капитулираа“ и сега сите го обожаваат !!! Конечно, со некое јадење, ЈАС извојував победа !!! ПС Кај мусаката најбитно ми е компирите да ми бидат тенко исецкани на кругови и „нанижани“ во убав ред!!!
Честито Алис! Убава тема компир, сите со различен рецепт. Тука е Велгден викендов, утре само месо ќе се јаде, а другиве денови ми се чини дека мрзлива ќе бидам, празнично Ај, може до четврток ќе спремам и јас нешто па ќе ви се приклучам. Ако не, ја ставам истата слика од посното јадење, хахааахах
Крокети од компири Варени компири како за пире се пасираат, се зачинуваат по желба, јас ставив оригано, сол и буковска пипер, во средината кладов коцки кашкавал, се формираат топчиња и се прпелкаат во јајце па во презла и се пржат во загреано масло.
Полнет сладок компир Слатките компири се мијат убаво, се сечат на половина ,се длабат и се посолуваат. Неколку млади кромидчиња се запржуваат на масло, се додаваат сецкани свежи печурки, деловите од слаткиот компир исецкани. Откако ќе се запржи тоа, се додава исецкан спанаќ и 2-3 лажици кисела павлака. Се остава на оган уште минута, се додава сол, зачини по желба и со оваа смеса се полнат компирите. Се печат под фолија со половина чаша вода, 40-50 мин. Потоа се вади фолијата, се става рендан кашкавал и се враќа во рерна додека кашкавалот се растопи. Го подготвував како прилог со риба, но може и како самостојно јадење, збогатено сo тоа што имате во фрижидер.
"Печен компир за мама, тато, дада и бато" Компири со средна големина се сечат надолжно и се варат во солена вода 15-20 минути, внимавајќи да не се распаднат. Се редат на плех со хартија, а секоја половинка се декорира различно- за мама со кашкавал и младо кромитче, за тато со кари, за бато со сланина, а за дада со копар. На секое парче се нанесува малку путер и се потпекуваат да заруменат
Nc, semejna tajna e receptot. Od pra pra dedo mi. Ako sega go kazam, odma ke me poznat koja sum. Izvini Kjukli ama ne mozam. Fala za razbiranje.