Таман ми дадовте идеја за утре за ручек.Ништо посебно,праз манџаама штом малиов мој нејадач ја јаде,значи е прсти да излижеш а колку е проста и брза... Се гледаме утре,денеска де П.С.Инаку се знае,нема поубаво од комат со праз,проја со праз,праз салата со маслинки,макало праз со суви пиперки...
РИБНИК Искрено се двоумев со што да учествувам овој пат. Имам од архива неколку сликички со тематика праз. Иако и зелник, мазник, проја, баница со праз исто ми се меѓу омилените, сепак решив да настапам со нешто што многу ми се допаѓа а на жалост ретко го правам пошто само јас си го јадам. А кај мајка ми беше редовно на јеловникот. РЕЦЕПТ Нема некоја филозофија но Околу 8 страка праз (или 2 комплета) а секако може и повеќе од причина што ќе се слее... Се пропржуваат на малку зејтин. Предлагам да го пржете во тенџере од старт за да го собере иако на крајот ќе се смали скрос. Откако ќе го пропржете доволно (пазете да не го изгорите) се додаваат зачини како сол, црн пипер вегета и црвен пипер. Риби по желба. Препорачливо езерски или речни. Со морски не сум сигурна за ефектот. Овие конкретно не се сеќавам какви беа, но последниот пат (од кој немам фото доказ) беа црвеноперки и беше одлично. Рибите исчистени и измиени се овалкуваат во брашно па се редат во тавата во која предходно сме го ставиле пропржениот праз. Ги посолуваме. Измеѓу во тавата ставаме излупени парчиња кромид. Полеваме малку вода и ставаме да се пече. На здравје. Се надевам ви дадов добра идеја за ручек викендов и ви се допадна идејата риба со праз.
@Espadrila приметив и јас,ама без гајле-се гледа Од мене уште една швајцарска класика-Гратиниран компир со праз Количина одредете си сами,према бројот на лица и тавата секако,јас за двајца употребив 5-6 компири и еден голем страк праз. Најпрво се сечат на тенки кругови(компирот и празот)и во голема нелеплива тава се продинстуваат во малку вода и лажица путер.Ова трае 10тина мин,а во меѓувреме на страна се подготвува бешамел сос(путер+брашно+млеко),и се зачинува со бибер,сол и мускатно оревче. Компирите се префрлаат во огноотпорен сад,се полеваат со сосот+ рендан кашкавал и одат 20тина мин во релна на 180-200C. Превкусно е,за зима и со винце е супер,а можете да ставите и коцки сланина во печењето
Медитерански киш (веган) Spoiler: Рецепт Кора: - ¼ чаша чиа семе отстоено во вода - 2 лажици брашно - 2 лажици гриз - 1 чешне лук - 2 лажици маслиново масло - Вегета - 1 чаша палента - 3 чаши вода Најпрво се вари густа палента, се остава да олади, па се додаваат другите состојки, по што смесата се блендира до соединување. Се распоредува во соодветен калап и пече околу 15-20 мин на 180°C. Фил: - 2-3 страка праз - 200 г тофу - 100 г суви домати во масло - 100 г марининарни црни маслинки во (со) лук - 400 мл соја крем за готвење - свежи зачини (темјан, рузмарин, оригано и жалфија) - 1 лажиче кумин - Вегета Празот се пропржува додека да омекне, се додава исецканото тофу, доматите и маслинките. Зачините се блендираат и додаваат кон смесата, заедно со куминот. На крајот, се додава соја кремот. Филот се става над оладената кора и се пече околу 30-40 мин на 180°C. Bon apetit!
Сликиве не се нај нај, ама немав приметено дека темата е праз, па не ни направив подобри. Овие ги планирав за во другата тема. Набрзаница наредив нешто како бурек/зелник. Праз ми се уврте во глава, па морав. Приложив како додаток кон главното јадење печено месо од елен. Потпржениот праз, спанаќот и варениоѕ ориз, плус зачини, се зајрето. Секоја кора ја прскав со мешавина од масло, минерална вода и квасец. На предходно затоплена релна, околу пола час, 180-200 степени.
Праз со компир Многу едноставно, брзо, лесно и превкусно јадење, кое го обожавам, барабар со другите макала и салати со праз. Варите компир, пропржувате праз. Во пропржениот праз го додавате компирот (иситнет / испасиран, како сакате) да се пропржи малку. Зачинувате со сол, црн бибер. Додавате сосема малку вода, замешувате и оставате да искипи. Оди како додаток со месо, колбаси... но, доволно е и како такво. Јас го сакам со маслинки и сирење. Salut.
Тетовско тавче гавче со праз , суви пиперки и колбаси. Гравчето се вари и се фрла првата вода. Потоа, се се става повторно да се вари заедно со сувите пиперки и колбасите. Кога ке биде при крај, настрана се запржува многу праз, малку кромид, сецкана свежа пиперка ( може и од фрижидер) се додава црвен пипер и се става во веќе сварениот грав и колбасите, исто така се додаваат зачините и сувиот пипер кој се чисти од лушпата, се трие со вилушка и се додава во тавата. Се потпекува во рерна и се јаде. Може да се попари со лукче и врел зејтин, но јас не ставив , оти ќерката не е љубител на лук. Не го спремав за натпреваров, отпосле ми текна за темава со праз,инаку ќе го ставев во поубава тава, ама и вака ќе помине.
Анкетата е поставена. Со среќа на сите https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-2#post-3727558