Гласано @didi1982 Интересно а вкусно ми се виде, направен скриншот од рецептот. Криво ми е што не напраив пита а планирав Омилено ми е праз во зелник , ориз плехче и праз , праз и месо(најбрзо, највкусно).
За @eli25 Spoiler: За рецептот :) Го адаптирав од повеќе рецепти. Користев тавче (калап) бр.26 со обрач, бидејќи немав соодветно вакво. Мерките од рецептот за тој калап(со обрач) беа таман за баш да е богато пополнето. Следно би правела со помалку зајре, а истиот состав. Ти/Ви благодарам
Уф,сеа ме фативте неспремна,ама ете и дошло време на затворената пица. Новогодишна трпеза исто ми падна на памет,ама кнап е времето за постирање.
А да паузираме? Празници се... секако ќе се спрема јадење, па да не остане празна темава... што велите?
Или бар ставете некоја тема во врска со Нова година, ама место до недела вечер, нека трае до понеделник вечер... Пример - НОВОГОДИШНА ТРПЕЗА. Па нека се постираат слики од украсени трпези. Па не само месото и салатите, туку и цела содржина на масата да се оценува (салфетки, прстени, свеќници....) Па место рецепти да се стави опис на масата на кратко и ако има нешто специфично ( на пример полнет кокошка), нека се пише со што е полнета и краток начин на припрема. Ова онака....празнично, новогодишно...
А да биде генерално Новогодишна трпеза,ревијално,а Не за друго,нашата трпеза ќе биде тип-топама ако го прифатиме предлогот на Рефка,а притоа се замеша мм и пријателот во сервирање и слично,гарант женскиов дел непотребно ќе добиеме укор Шала на страна. Или пауза или ревијално. Мене така најмногу ме бендисува. Сепак,се знае кој треба да пресече.
Женски ако е до мене,јас сум ЗА новогодишна трпеза,самиот период си ја наметнува темата.А и лани ја имавме и супер беше,плус би требало да има доста слики.Доколку дозволат модераторите малку отстапки од правилата,ке биде супер
Новогодишна трпеза... во договор со вас и амин од @CrazyOne Со тоа што слики ќе може да ставате и во понеделник
Леле, темава како за мене. Кога ќе наредам блинг блинг на масата. Свеќници, свеќи, светки... чуда . Ќе сјае. Не треба јадење да сервирам . Само деца да се на арните, на раат да си спремам, да не е на празно зборење.
Знам знам тешко ти е осеќам чаршав едно друго сервис да исполираш чинии да наместеш свеќници сијалички Стави алармот у 6 со ред да почнеш да го фатиш првото место Тежак је живот швапски
Како што ветив, накитено со сите салтанати. Интимна вечера за двајца. Главно јадење месо од елен со гарнир печен компир, морков и пржени печурки. Месото од вечер го ставив во саламура од црвено вино, масло, розмарин, крупа сол и крупен бибер. Другиот ден го ставив под фолија заедно со саламурата. Се печеше на 200 степени околу 2.5 часа. Потоа ги ставив и компирите и морковите во табата. Се заедно измешав и оставив уште околу пола час. Потоа ја тргнав фолијата и оставив да добие боја. Месото беше превкусно и многу сочно. Десерт Пана Кота(за 4 порции). 3 слатки павлаки, 4 лажичиња шеќери, 3 стапчиња ванила (кои убаво се грепкаат) се ставаат сите заедно да се готват. Кога ќе се крене нагоре се трга на страна, се тргаат стапчињата ванила. 4 парчиња желатин предходно стоени во ладна вода(1-2) стоени се додаваат во првата смеса. Мешаме се заедно и оставаме да отстои, првен на собна температура, потоа неколку часа во фрижидер. Кога ќе зацврсти се засекуваат ќошовите и се превртува во друго чиниче за да делува така како желе. Како додаток малини. Касна закуска Исеков багет, крекери завиткани со телешка чадена сланина кои се макаат во сос од лук, масло од авокадо и масло од тортуф за макање со багетот, маслинки и кашкавал за мезе. Плус вино и линонада од грејпфут, портокал и лимон.