Еее и јас така се изгорев една година, дотичната само една марула издроби и таа како за гуски , а на мене и сестра ми ни нова година ,ни се виде ни ништо. Затоа од тогаш пазам со кого праам дочек.
Гласав за @dunika . Сите трпези лични и богати. Ама оваа ме привлече најмногу Јас па нејќам да ми се плеткаат други кога јас сум ги поканила , јас сум домаќинка Сите учествувавме парично, руска , кифлички , благо имав, мевце ни печеа во кафана, правев 2 свежи салати и што сервирав и декорирав Ми беше мерак цел ден спремавме со мм со мало бебче. И они донесоа нешто , ама не очекував ниту барав помош.
Гласано за Даничап. СИте маси се прекрасни ама оваа највеќе на Новогодишна ме потсети. Дуника прекрасно само мааалце поновогодишно да беше ќе беше апла совршено. Ствар вкуса де.
Сите трпези ме бендисаа. На Дуника совршена,ама ми фали малку новогодишен амбиент. На Дани изобилува со новогодишна атмосфера, нооо не би ниту пробала елен Некни готвев срна и зајак, не ми се допаѓа дефинитивно такво месо. Трпезата на @Mariangel во целост по мој вкус. Би дошла кај тебе женче,таман и да го изгушкам шерифот за десерт
Не зезај,јас за твоите мезиња и узо би летнала одма накај Ск. Плус тоа свинското напред е “твоја школа”
Нешто по креативно Бадник-грА, лепче, риба...тоа е.. На пример тема:ЧИПС Има чипс од компир, од тиквичка, од модер, од моркови, од јаболка, од лешници.... Има избор значи. Немора да е баш чипс (онака ми текна тоа прво па го земав како пример) Или на пример - домашни канапеа... Или посни канапеа..
Малце оф топик сега ама да си прашам де. За Божиќ што ставате на маса? Јас до сега освен благи кифлички или куглоф и нешто колачи..ништо друго не сум ставала...
Ние кај старите на ручек одиме, така да не ставав до сега на маса ништо. Ама годинава сакам божиќни колачиња да направам ради Рефче.Ќе се радува.
имавме ли? -рецепти со печурки -рецепти со кафе -со мармалад -супи,чорби -посен ручек -солени и слатки погачи?
Мислиш на благо за Божиќ? Јас секоја година правам Божиќно благо лепче.Рецептот е германски и се вика Штолен или Цхристстоллен,тестото е богато а во него се става суво или кандирано овошје,ореви или бадеми и зачини како кардамон,цимет и ванила. Вака изгледа Ќе го спремам и годинава па ќе пишам рецепт. Плус баклава се разбира,со вишни и чоколадо.
Имам слично правено,да, премачкано на крај со растопен путер па шеќер во прав. Имам правено и куглоф и милиброд. Но покрај колачов и божиќните колачиња мислев дали и нешто друго ставате на маса?
Не беа поканети, тогаш не бевме мажени , туку се договоривме да чекаме во станот во кој не живеевме ни јас , ни сестра ми и договот беше заедно пазарење и заеднички припреми, ама госпоѓата не знаела ништо од домаќинлук , ама за јадење богами знаеше. Инаку баш би сакала наредна тема да е чорби, сите готвиме манџи/чорби, па ќе има многу учесници во натпреваров.
Убава како тема ама не за оваа недела. Деновиве ќе бидеме зафатени околу спремањето на Бадниковата вечера, ќе треба да се прават и баклави па чорбите да ги оставиме за по Божиќ кога ќе бидеме прејадени и нема да сакаме да видиме месо пред нас Значи по празниците исклучиво течно
И јас мислам за по празниците е одлична темата А за време на празнициве може да бираме најубаво домашно лепче со паричка . Сите кршиме лепче за Божиќ .
Во некои краеви, како на пр. кај нас лепче се крши за Василица Но, доколку повеќето сте за таа тема ок
@dunika бре партал направи 3 пати едно по друго како Шумахер си Честито да му е страв на човек да учествува
Леле само не како Шумахер,на апарати е човекот И јас мислам да не учествувам веќе,ке се вообразам а не сум толку добра за да победувам И следна тема сами да си бирате