Не за апаратите, мислев за непобедливоста и рекордите Зш да не учествуваш кога имаш и златни раце и златни идеи за декорација, само напред
Да не задоцнив? @simonka93 убава трпеза со се... Има и салата и мевце и макалце и блаЧко... Значи има СЕ @НаталиЛили плетенката - елка ти е прекрасна, салатата со павлака супер иде со мевцето, а полнетите корпички се совршенство без маана (сакам рецепт)... И тука има СЕ @Mariangel погача со сусам ммм за ПЕТ... салатки, мевца... Има СЕ @danichap декорација за насловна страна ... И храна за насловна страна... Има СЕ @dunika ухуууу... Прекрасно, лиснати погачици, вртени соленки, шампињони, мевце, риба... и руска салата има!!! Значи има СЕ Девојки, мајсторици сте во кујна... Да можев ке гласав за сите Вас Но, руската салата одреди за кого да гласам ПС Среќна Нова година девојки Сите Вие што учествувате во темата Фемина готвач, победиле некогаш или не, сте најдобрите готвачки По сите рецепти и фотки во изминатава година, време е за...
Речено-сторено. Божиќен сладок леб Христштолен. Во превод значи мал Исус во повој. Го симболизира раѓањето на Исус поради начинот на кој се оформува кој личи на повој,прекрасен симболичен Божиќен десерт. Потребни намирници 1коцка квасец 800 гр брашно 100 мл топло млеко 200 гр шеќер 100 гр шеќер во прав Малку сол 200 мл кисела павлака 2 јајца Суво или кандирано овошје по избор 250 гр путер Бадеми или ореви 2 ванили Рум екстракт Цимет,кардамон Сувото овошје исецкано се остава во малку рум да отстои два часа. За тоа време се меси тесто од брашното,квасецот,шеќерот,млекото,јајцата,солта,киселата павлака,путерот,ванилите и зачините.Се остава да нарасне еден час. Откако се нарасне се премесува и се додаваат сувото овошје и оревите,и се меси 15 минути додека не се изедначи овошјето убаво насекаде. Се оформува во облик на уста,едната страна повисока другата пониска,па се остава во набрашнети калапи да одмори пред печење. Се пече пола час на 180 степени и уште половина час на 150 степени. Кога е готов се премачкува со стопен путер и обилно се наросува со шеќер во прав. Не се јаде веднаш,колку подолго стои толку е повкусен. Најмалку еден ден се остава во фрижидер завиткан во фолија. Вкусот е мммм,празничен и домот миризлив на овошјата и зачините.
Се исполигавив И јас на ист начин го правам , го оставам пример од петок за во недела за да е уште повкусен...
Парени колачи - ПЕПЕРУТКИ Потребни состојки: 500 гр брашно. 200 гр гриз 200 мл зејтин 200 мл млака вода 1 пакетче сув квасец 1 пакетче пециво 1 голема лажица какао ШЕРБЕТ : 800 гр.шеќер 700 гр.вода 1 ванила. Се замесува тесто од горенаведените состојки и се дели на два дела. Во едниот се става какаото . Се сукаат белиот и црниот дел во тенка кора и е формираат два помали ролата. Се спојуваат еден до друг и се сечат , а потоа се формираат пеперутките. Врелите колачи се потураат со ладен шербет. Ми помина времето за едитирање: Може да се сечат како кругови, со тоа што ќе се формира само еден ролат и испаѓаат црно бели кругови и така е интересно. Овие се правени од два помали ролати, парченцето што ќе се исече се притиска од страните и излегува пеперутка.
Јас малце поскромно овој Божиќ, само шишарки домашни, Христштолен купен. Малце ми се топли ама битно сликав СОСТОЈКИ 400 гр. чоколаден корнфлекс (емби) 150 гр. шеќер 8 големи лажици мед 250 гр. маргарин (1 коцка) 100 гр. сусам 100 гр. чоколадо за готвење 1 голема лажица какао ПОДГОТОВКА Потпечете го сусамот и оставете го настрана. Во сад за варење ставете го маргаринот и растопете го на рингла на тивок оган. Потоа додајте ги медот, шеќерот, чоколадото за готвење и какаото. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Тргнете го садот од оган и измешајте ја смесата со чоколадниот корнфлекс и потпечениот сусам. Добро мешајте. Обликувајте ги шишарките со помош на обична цедалка за лимон. Наполнете ја внатрешноста на цедалката со готовата смеса. За да си го олесните вадењето на шишарките, обложете ја цедалката со најлонска фолија. Оформените колачи оставете ги во фрижидер за да се стврднат барем половина час.
Моите Божиќни Колачиња Маргарин 250гр 1 јајце 2жолчки 12лажици шеќер 8лажици млеко 1пециво 2лажици зејтин Брашно за да се замеси. Се меси тесто кое не треба да биде многу тврдо, но да не лепи. Потоа се сука кора дебела еден прст или 1см и се сечат форми по желба. Се редат на не подмачкан плех или тепсија и се печат на 220степени додека станат златни. Се декорираат по желба . *За декорација може чоколадо по избор, декоративни топчиња, шарени трошки или глазура од шеќер.
kolaci za bozik 200 g puter 100 g med. 280 g seker 150 ml hopla 1 l cimet 1 l melen gumbir 1/2 l melen karanfil 1 lazica bikarbona 600 gram brasno za testo i brasno za razmesuvanje. 1. Puterot se topi. Od koga ke se stopi mu se dodava sekerot i medot. Se mesa ubavo. Se ostava da oladi. 2. Se dodavat zacinite i hoplata i se mesa. Se dodava sodata i brasnoto, se mesa. Se stava vo frizider preku nok. 3. Drugiot den se suci testoto so brasno i se vadat figuri so kalap. Se pecat na 200 c 5 min.
Spoiler Потребен материјал : 1/2 кг готови кори 2 чаши кисела вода 1 чаша зејтин 2 чаши шекер 2 пецива рендана кора од еден лимон или портокал 2 чаши ораси 100 грама кокос и исто толку грама суво грозје, 100 грама презла Сите состојки горе наведени се мешаат во еден поголем сад . Постапка на подготовка : Се зема правоаголен плех, се подмачкува со зејтин. Потоа, се става една кора и се посолува со малку презла. Се става втората кора и врз неа се става од предходно подготвениот фил. Секоја кора се посолува со малку презла. Се филува преку две кори . Последните две кори не се филуваат. На крај се сече баклавата на квадрати или триаголници. Со четка одозгора се мачка целата баклава со зејтин или мешавина од зејтин и малку стопен растителен маргарин. Потоа се става да се печа во загреана рерна на 180 степени. Пожелно е да се пече на тивко , да не се вцрви само одозгора, а внатре да не биде испечена. Шербет : 1 килограм шекер и 1 литар вода , 2 ванили Се пари баклава ладна , а шербет врел. Може и обратно, тоа зависи од вас.
Божиќни елки 125гр. растопен путер 125гр. шеќер 1 рендана кора од портокал 250гр. брашно 3 лажици цеден сок од портокал Во сад за матење со миксер матете го путерот и шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Потоа на смесата додајте ги и ренданата кора и сокот од портокал. Во садот додајте го и брашното и мешајте со лажица додека смесата не стане густа па мека. Од смесата формирајте топка и замотајте ја во фолија или кесе и ставете ја во фрижедер 30 минути. Вклучете ја рерната на 190 степени. На набрашнетете работна маса расукајте кора со дебелина од 4мм и вадете форми со калапот по желба. Формите ставете ги во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.Бисквитите печете ги додека не заруменат. Откако ќе се испечат извадете ги од рерната и оставете ги да постојат 3 минути, па потоа извадете ги од тавата за печење. Дел од мојата бадникова трпеза
Gingerbread cookies Spoiler Рецепт: 300гр. брашно 100гр. путер 6л. кафеав шеќер прстофат сол сок од 1 портокал кора од портокал 1л. какао 1л. мелен ѓумбир 1л. цимет 1/2 мала л. морско оревче 1/2 мала л. мелено каранфилче