Ајде да ставам и јас една слика. Ова не е од Фемина Инстаграм, иако е од истиот ден. Компири ми се најомилено јадење и ги сакам во сите облици. Овој пат од мене има помфрит, во комбинација со пилешки прсти и „сос“ од павлака, малку мајонез и ситно сецкана краставица. Некако, поосвежителен ми е за мацкање отколку мајонез/кечап или комбинација од двете. Не е најздрава, т.е. не е воопшто здрава варијантава, ама тоа е. Вкусно многу често знае да биде нездраво. Ако има некој проблем - бришете ме.
Далеку од конкуренција ама колку за прв пат да не бидам офф на темава. Компир и пилешко. Печени посебно но покриени со фолија. Зачини,малку лук во прав,вегета,сол,кари. Зејтин и малку вода. Се вади фолијата и се допечува пи желба,одприлика половина час.
Мафини од компири Рецептот е со шунка, ама jас ставив сиренje и маслинки. https://moirecepti.mk/post/гнезда-од-компири/
Ова малку загорело или така треба да биде? Намалувам конкуренција,каде што сум од старт вон конкуренција. Дефинитивно најактивна тема од сите досега предложени. Се знае што јаде македонче. Чек ко ке пркнат пиперките.
Има уште некоj што ке прави компири? Последен ден е. Ако има ке зачекаме, ако нема да ja бараме Реин да стаи анкета
Ме мрзи да стаем слика (а, имам ) ...ајде Реин, стај анкета..нека оди побрзо работава да видим што ќе биде следна тема
Надвор од конкуренција си ти Кукличе мила, со тајниов рецепт да те ставеа нема да имаше никој друг никакви шанси
Јас не знам дали вас ќе ви текне да гласате за мене, или ќе треба до недоглед да готвам за свеки само да биде работава
@danichap Дано, ти прво за невиноста треба до недоглед да готвиш да се оправдаш кај свеки, а за кај нас не е криза Сега ќе го викнеме местачот на натпревари
Тежок е изборот. Морам да напоменам, особено по една дискусија за слаткиот компир што ја имавме во +/-40 без да се проба од сé.. не бива. Во двојба бев, овај... тројба+... изборот падна на тоа што ми се јадеше - Лејди
Прво мислев да гласам за @anel, ама на крај одлучив за @Ketchup, прво затоа што е единствен машки член што ни се придружи, второ затоа што се’ му излегува убаво, и трето затоа што многу се труди и не пропушта ни една тема. Јас мислам дека заслужува победа, па решив навреме да ја почнам кампањата.