Пељте Рецепт: Шира (благо сеуште неферментирано вино) се вари до доотпенување. Еден пудинг од ванила се разамтува и додава на зовриената шира. Останатото е како за пудинг. Се става во сад и откако ќе олади, се додаваат потпечени ореви. На 1/2 литар шира оди еден пудинг. Добар апетит
Куглоф 125г путер 3 лажици масло 250г брашно 4 јајца пола пакетче прашак за пециво 1 пакетче ванилин шеќер 2 лажици мармалад од кајсии 2 лажици какао Суво грозје и брусница потопени во сок од еден портокал ( најмалку 30мин), цимет, сецкани бадеми, цимет, морско оревче, кора од портокал, ситно сецкано чоколадо (ове намирници се ставаат од око по вкус). Се мати со миксер шеќерот и путерот нерастопен, се додава јајцето и сокот од портокал, а потоа со повремено матење се додаваат брашното и останатите состојки. Се пече во модла 40 минути на 180 степени. Јас не сум по декорацијата иако на нет има многу убави идеи за украсување. Кога го правам овој колач дома ми мириса на Божиќ, дефинитивно ми е меѓу омилените зимски колачи бидејќи е убав и следните три дена.
Е ова нешто си мислев дека е мит. Имав слушнато ама не знаев точно што е и како е. Интересно и несекојдневно секако. Браво П. С. Јас овој пат не учествувам. Задолжена бев за солено
Е тоа не знам. Ама знам дека пељте се јадеше до Нова Година. Особено додека уште имавме лозје. Одамна не сум јадела, ниту пак сум правела, помина тоа време...
@Espadrila фала ти . Може не е баш божиќен, но кај нас дома го правиме за Бадник. Како што кажа @Annath e типичен за охридскиот регион, а прабаба ми го правеше со луга (нешто како пепел), во модерново време со пудинг. @LiliBoz ширата ја мрзне мајка ми, оти само за Божиќ се собираме сите на маса. Ви посакувам Среќен Божиќ на сите, за многу години!
Мене од старт може да ме дисквалификувате,оти сега немам време да пишам рецепт.Та не е еден П.С.И овој пат учествувам ревијално
Баклава со пудинг и ореви Spoiler: РЕЦЕПТ Баклава со пудинг и ореви 500гр тенки кори 150гр путер Фил 300мл млеко 1 пудинг од ванила 300гр мелени ореви 1 лажичка цимет 2 ванили Шербет 600гр шеќер 400мл вода 2 ванили сок од лимон Се вари пудинг од млекото и пудингот, се додава 2 ванили и пола лажичка цимет. Кога ке се олади се додаваат 300 грама мелени ореви и се убаво се воедначува. Путерот се растопува. Се зема една кора, се попрскува со растопениот путер, се покрива со друга кора, пак се попрскува... И така се редат четири кори една врз друга. Наредените кори до пола се премачкуваат со филот од ореви и пудинг и се виткаат во ролна. Се сечат мали парчиња (околу 2 сантиметри) и исправени се редат во намастена тава. Се пече до заруменување (околу 20 минути). Топлата баклава се прелева со оладен шербет. Spoiler: ФОТКИ Баклавичките се мали, секоја е едно залаче
Недомакинка сум за овој Божиќ На толку благи од пакетчиња, ем утре роденденска торта за малиот, ништо посебно немам за денес. Пељтево како ме настрви Среќа не сум трудна Арно си велев да си замрзнам шира, ајде за догодина. Инаку, сите десерти се одлични. За многу години!
Да се надополнам самата.Во договор со @Dust aнкетата ке биде утре. Имате време до вечер да ставите уште некоja слика.
@LiliBoz Да за една. ако има две опции на краj на анкетата долу пишува дозволени ви се повеке опции да гласате. А и ке пишеме дека можете за две да гласате.