Гласав за @MamacitaBuena бидејќи сум огромен љубител на Христштолен (маж ми Кристофер го вика ). Пељтата ми матеше ум, ми изгледа привлечно и нешто што би го пробала исто така Божиќните суви колачи се прекрасни на сите, но искрено јас не ги обожавам да ги јадам. Се што е украсено, со боја мрвици и слично не можам да ставам во уста. Дури и оние виножито торти. Не знам што табиет ќе бев, дури и постапалките од малиот што му ги правев не ги пробав зошто ги правев со фондан и боја одозгоре На МисДиор исто така убаво изгледа колачот но мене лично ми фали некоја лажица шеќер во составот..
Стварно се превкусни, јас намерно не ги цртав со ништо, бидејќи ќе изгубеа од вкусот Гласав за @MamacitaBuena обожавам козуњак, јас така си го викам
Почнало гласањето... Време е за коментари Почнавте да ме буните со гласањето од вторник... Немојте така, не има и женички во години Оваа недела убава, слатка тема... И уште поубави рецепти @MamacitaBuena што може да се добие кога ке се помешаат зачини, кандирано овошје и бадеми? Се знае, прекрасен десерт кој те мами нон-стоп да одиш во кујна!!! Прекрасно @ilyan колаченцава се превкусни... Се топат во уста, а какаото им дава богат вкус. оддамна не сум ги направила, ке бидат на мени наскоро!!! Превкусно @LiliBoz на овие убави крцкави колаченца не може никој да им одолее... Потпеченото сусамче и медот се „виновници“ за неможноста да се изеде само едно!!! Мммм... Преслатко @EMoonlight убав пример како декорацијата од обични колаченца може да направи ултра убав десерт... Убав и на око и на вкус!!! Преубаво @irena.1 калапчињата за колачи се изум кој треба да се пофали... Овие колачиња со зачини, мед и хопла ветуваат убав вкус... Рецептот оди во папка „НАПРАВИ“!!! Браво @shz ммм...баклава со СЕ... Ореви, кокос, суво грозје... Сигурно е убава, рецептов го немам, обожавам кокос, па оди во папка „НАПРАВИ“!!! Браво @vitamina колаченца со богат вкус на портокал, таман за зима... Аааа декорацијата е преубава, празнична, Божиќна!!! Супер Деветиот глас е мој, не можев да одолеам на убавата фотка @simonka93 ммм, здрави колачиња... Со кафејав шеќер, многу портокал и комбинација од повеќе зачини. Преубаво @didi1982 ова најмногу ме заинтересира, прв пат слушам за пељте... И три пати го прочитав рецептот Сигурно е превкусна комбинацијата на шира, ванила и потпечени ореви... Имам млада снашка охриѓанка, ке ја замолам да направи, сигурно знае, домаќинска невестичка е!!! Најинтересно @MissDior мммм... Куглов со СЕ, суво грозје + брусница + бадеми, па портокал, чоколадо, какао, мармалад од кајсии...иии зачини, баш СЕ!!! Преслатко @Val-Dim ова сум го пробала... Најубаво е @CrazyOne @Dust требаше да дозволите да се гласа барем за два рецепта... Сите рецепти се прекрасни, сите заслужуваат да бидат БРОЈ 1 ПС Нешто ни фали по оволку убави рецепти...
@Val-Dim Празнично од вторник овие две недели. Од следна тема се вракаме на стара шема од понеделник да гласате. Да не викате после ние вака така, не чиниме.
Нее, ни на крај памет не ми падна дека сте од тие „нечинлавите“ Еве, јавно ке кажам... @CrazyOne и @Dust се најдобрите модераторки на ФЕМИНА Ве гушкам и двете
Ццццц... Вчера ова време имав 5 гласа, денес сеуште 5 Откако Ви ги испофалив рецептите, никој не ме удостои со глас Од следната недела вртам нов лист за коментарите Морав... Мала шала Во недостаток на кампања морав малку да Ве „боцнам“... Мноооогу сте ми сериозни
Сега гледам дека преоптеретена у другава тема, длабоки разговори знаете како е Мерси на сите да ги пробате колачиве вреди Следната тема би сакала да биде нешто отворено за да има повеќе интерес на темава.. би сакала да е викендски ручек - фамилијарен ручек, нешто као сите брзаме низ работините денови па за викенд сме дома готвиме и јадеме на маса, темава нека опфати и маса и повеќе храна, сеедно како ви одговара и што имате на маса за викенд. Ако сте сложни менувајте наслов ако не предложете вие па ќе решиме заедно .
Темата нека биде фамилијарен ручек НО еден рецепт за едно јадење ќе ве молам.. Тоа е и суштината на темата, да се натпреваруваат членовите со рецепти..и слики Нема логика по 2-3 рецепти од една семејна трпеза да се пишуваат. Благодариме на разбирањето и соработката
Скромно ручече за мене и маж ми. Цезар салата и солени стапчиња. Цезар-марулата ја спремам со балсамико и маслинов, одозгора редам домати, кубети цацики, парчиња пармезан, стек со кари и дресинг-3,4 гол лаж.павлака и мајонез, кари, пола лажиче сенф и еден цеден портокал.Одозгора 2 варени јајца.
Бифтек со зеленчуци Во спремањето на ручекот нема некоја филозофија, би рекла дека додатокот е необичен. Бифтекот на парчиња се пржи на тава со маслиново, путер, бибер и лукчиња. За додатокот (2 особи) се вари еден компир, еден поголем батат, со сол и зачини. Брокула се зоврива посебно и се истура водата. Проќељ исецкан на четвртини се пропржува кратко, па се додава обарената брокула и сварените компири. Се задно се меша се додава малку путер се и зачинува. Врз гарнирот често пред јадење додавам соја сос, убаво одговара со зелените зеленчуци.
Селско месо 1 кг свинска кртина се сецка на коцки и пропржува на тивко со малку масло. Откако е полупржено се додаваат 2 главици сецкан кромид, 2 сецкани моркови, 2 свежи/суви пиперки, една голема тегла шампињони, зачини (вегета, орегано, ловоров лист, црн бибер и сув босилек). Се додава уште малку масло и лажичка црвен пипер, пропржува додека да омекне кромидот. За крај малку вода и пола чаша бело вино да се динста. Се префрла во сад за печење, потпекува кратко време и на крај се прекрива со парчиња сецкан кашкавал и враќа во рерна се додека не се стопи кашкавалот. Добар апетит!