Семеен ручек пастрамајлии Spoiler Состојки тесто 1200 гр брашно 750 мл вода 3-4 лажици масло или маслiново масло 1 голема лажица сол 1 кафено лажиче шеќер 1 коцка свеж квасец 1/2 пакетче пециво Фил 1кг чадено месо 1 голема лажица сол Подготовка Во длабок сад за месење се ставаат сите состојки. Квасецот претходно скиснат се додава во садот и се замесува средно меко тесто кое се остава да стасува околу еден час. Стасаното тесто се размесува уште еднаш и повторно се остава да кисне овој пат пократко време (околу 20-тина мин.). Кога и втор пат е стасано се размесува и се дели на 8 дела. Поделените делови се обликуваат како топчиња и по трет пат се оставаат да киснат. Кога и тие нараснале се обликуваат пастрмајлиите. Врз секоја од нив се ставаат парченца од чаденото месо. Се печат 20 мин на 220-250 степени. Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/пастрмајлија
Фамилијарен , но посебен зошто на бебе му беше на ред јајце. Ориз со спањак и гулаш. Гулашот ми беше останат од вчера. Рецепт за него од око- телешко месо, кромид, доматен сос, морков, зачини, печурки, ловоров лист, зрна бибер, црвено вино и малце вода. Се пржи први кромидот пасе додава месото со зеленчукот. Кога ќе фати боичка се додава се друго и се крчка 2 часа на тивко. Оризот ко ориз. Додадено само спањак и гулашот и печено пола час. На малиот ручекот е ориз спањак и јајце. Рецепт - ставено се заедно со малку хималајска сол и печено пол час.
Без размислување гласано за @eli25 . Последниве 5 месеци сум на некоја си моја диета и оваа салатка ја имам за ручек минимум 2 пати неделно. Да си се пофалам, "смкнав " 11,5 кг.
ЗаШо на само тави?. Убава и твојТа тава , ама многу калорично тоа шефице . Ама оброкот на синко таман
Коментари... Фамилијарен ручек... Да бидам искрена очекував да видам вакво нешто Нооо... Нема Пред некој ден, реков дека ке станам стога во коментарите Ноо... Не сум си јас - „јас“ во такво издание @eli25 @MissDior @didi1982 @shz @LiliBoz
и двете сме победнички ? Интересно Сега најтешкото, тема.... Што мислите за: -Намаз -Канапеи -Салата со дресинг Ајде @didi1982 кажувај , а и другиве давајте идеи ако ова не го бива Фала ви женски на гласовите Ај на по една салатка
@Val-Dim ќе ни простиш, мислам сеуште сме во подем, барем за себе да си кажам, има време да се ишлифува домаќинлакот. Ух @Annath некој пак го чувал гласот за последен момент (не бев јас тогаш ), јас за конкуренцијата @eli25 гласав овојпат, да знаев ааххх, немаше . Мала шала дечки, фала на сите, и тие што гласаа и тие што не . Салата е добра идеја, ја помислив, од мене уште и: - Полнет зеленчук - Рецепти со суви пиперки - Рецепти со ликери
Тоа е широк асортиман - полнети пиперки - САРМА...., пошто нели зелката е зеленчук, па листот од зелка се полни - полнети тиквички и домати, но сега баш скапо е за оваа работа. Додуше и за полнети пиперки е скапо, а некоја домаќинка си има у фрижидер... Од мене САЛАТИ поддршка Изборот е секако ваш, јас ....да си кажев де (викендов шо иде секако ќе ги јадам по слави, а дали ќе направам нз)
Јас само гласав од понудените опции. Читај, мене тоа ми се пријаде сакате сарма правете, сакате полнети пиперки, модри патлиџани, компири, домати, тиквички...ма се би јадела
Јас сум најмногу за намази. Верувам дека ќе има интересни идеи. Исто сакам и салати. @didi1982 да пресечеме ајде