РУСКА САЛАТА - ТУРШИЈА Верувам нема дом кој во зима на својата трпеза ја нема оваа вкусна и убава зимница. По рецепт одат : 7 кг зеленчуци (пиперка, црвен и зелен домат, карфиол, морков, зелка, краставички корнишони) 1 шоља есенција 1/2 шоља масло 300 гр шеќер 150 гр сол 1 пачетче бибер во зрно Јас употребив 4 кг карфиол,1 кг морков, 1/2 кг зелени домати, 1 1/2кг корнишони. ( изоставив зелка и пиперки) Инаку, Зелката се ренда, корнишоните се сецкаат на кругови, како и морковите и пиперките, доматите на кришки, а карфиолот на помали цветови. Се ставаат го голем, длабок сад. Убаво се мешаат. Одозгора се прелеваат со есенција, шеќер, сол и бибер во зрно, повторно се промешува, се затвара со капак и се остава да стои 24 часа. Во меѓувреме се промешува повремено. Во чисти стерилни и топли тегли, се собира руската салата, со постојано притискање за да излезе воздухот. На крај се прелева со течноста која се создава при стоење на зеленчукот. Веднаш се затвараат и се редат во длабок сад. Оваа салата е одлична за во зима и е богата со витамин Ц се надевам одговара на темата
Ми ја погодивте темата Еве ми вечерица Листови зелена салата(ајсберг)рендан морков,пченка од конзерва,коцки шунка и кашкавал,и варено јајце. Прелив маслиново и малку француски(мајонез,павлака,и капка лимон).
Урда салата 1кг урда 500гр павлака По вкус чајна, магдонос, подпечен сусам, буковец, црн пипер, сол За декорација стракчиња млад кромид
Еве ја мојата. Макарони, јајца, златна мешавина, кисели краставички, павлака, мајонез, сол и бибер по желба.
4 компири сварени,излупени и исецкани на мали парчиња,1страк праз исецкан наситни парчиња,2 кисели краставички ситно исецкани и 4 пиперки црвени од туршија исецкани на коцки.Сето ова се меша се додава 2 -3 лажички вагета и мала тегличка мајонез и сето ова се меша
Од око/ Ситно сецкана чадена печеница, кисели краставички, 2 варени рендани јајца, пченка, зачин малку бибер и сол, павлака и 2,3 лаж мајонез. Освежителна е, првпат ја правам
Добро познатата руска (крем) салата Се вари зеленчукот морков,компир,грашок и јајца настрана.За тоа време се сецка шунка,кашкавал и кисели краставички и се ставаат во длабок сад.Им се додаваат тврдо сварените исецкани јајца и убаво процедениот и оладен зеленчук. Се заедно се меша убаво,па се додава една тегла мајонез,една лажица кисела павлака и мало лажиче сенф. Се зачинува по вкус со сол и бибер. Калорична бомба,ама салата е битно
Салата (нема име) - зелен микс (може и само марула) - сушени, маринирани (рузмарин, лук, босилек) домати - маслинки, маринирани со лук - суви смокви - ореви - пармезан Дресинг: 2-3 лажици оцет или сок од лимон, 1/4 лажичка сенф, сол се меша(бие) додека солта не се растопи. Се додава маслиново масло и бие до кремаста конзистенција, па се додаваат сув босилек и орегано.
Првата е пилешка. Од око,варен стек,исецкан,грашок,кашкавал,морков варен и варен компир.Кисели краставички. Се ситно сецкано. Од зачини:сол,оригано,црн пипер. Лажичка мајонез,три павлака. Така оди сразмерот а иначе зависиод количината. За руска. Посебна свинска овој пат,кашкавал,кисели краставички,компир и морков варен и грашак. Ситно сецкани. Се е од око,плуа три варени јајца рендани. Овде се теи лажици мајонез на една павлака. Се од око.
Анкетата е поставена. Повелете на гласање https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3#post-3767933
Гласано за пилешката на @galapce .Ја немам правено години. Ме настрви ама ептен Би ја правела на@dunika а и на @didi1982 изгледа штосна. Една од омилените ми е на @Ketchup и @Someonespecial со ситни макаронки само јас ја правам со пилешка шунка и к.краставички така ми е поосвежителна. Салати со урда несакам. Туршија ретко зошто не пијам ракииче така си ја имам замислено за мезе @Acka22 може без црвените пиперки би ја јадела. Руската на @MamacitaBuena руската е супер ама се презаситив од неа за нова година
Гласано за @dunika my kind of girl ние секојденвнео дома јадеме свежи салати, ама периодов немаше услови за да сликнам нешто. Не јадам крем салати имам некоја одбивност од мала
Фала ти Бубче, од срце! Да сум поблизу одма би ти ја направила и јас! Детокс после празниците, малку да отворам кампањата.
Супер салати. Тие на Ацка, Бергузар и Диди се нешто што ми изгледа интересно, оти не сум пробала, особено оние на Ацка и Диди.