Честитки @eli25 Печен компир... Прекрасна тема Прв ден за готвење, а веќе има 4 рецепти... Ке има многу за коментирање Идеја...
Конкретно во тоа мало тавче, во кое собира колку да има гарнир за двајца, ставив: два средни компири, пола главица кромид, еден морков, три чешниња лук. Зачини по желба можеш, исто и ајдамерот и доматното пире. Превкусно е вистина.
Печен компир на мој начин Компири по потреба килограм, два.. го сечам на коцки, го ставам во подлабок сад и зачинувам (зачин по желба) со оригано, босилек, лук во прав, бибер, црвен пипер, сол, 2-3 моркови, кромид на кругови, ставам во омрсено плехче и ги полевам компирите со вода и се печат додека да испари водата. Ептен се меки и сочни, со убав шмек од зачините.
Се погоди ручекот, па да ставам прв пат слика. Прилог за со мисиркин стек, печени компири, морков и брокула со зачини, на крај кашкавал од горе. Ставам малку масло, зачин К+, морска сол, кари, бибер, оригано и вода до пола. Многу се вкусни.
Јас не ставам вода кога печам компир,само малку масло. Пак се испечени,сочни и убави. Што е разликата,знае некој?
И јас не ставам некогаш само компир ко ќе печам и на долго сечен, ама со морков ставам обавезно, инаку жив останува. И помеки ми се вака, друг е вкусот. Печам компир без вода и на хартија, крцкав како помфрит.
Ајде и оваа тема да ја сефтосам. Едно кутиче шампињони и четири компири,од ова две порции излегува.Заедно ги ставам во тавче,малку зејтин,вегета пикант,сол,кари и оригано.Се печат околу еден час на 180 и15 мин на 200 степени.Ги јадевме со сос од павлака сенф копар и оригано измешано.
@MamacitaBuena сум правела и со и без вода, мене некако повкусни и посочни ми се вода и повеќе преферирам така да ги спремам, башка и другите ми ги аресуваат или не смеат маана да најдат
Spoiler: Само компир Мали, млади компири добро измиени, сецкани пиперка и кромид се зачинуваат со рузмарин, сушен лук, оригано, босилек и чили-сол. Се додава масло, се мешаат и полеваат со вода. Се печат на 180 степени, со повремено промешување. На крајот, се мачкаат со путер и печат колку да поцрвенат. Сервирано со риба и медицинска салата. Добар апетит
Епа чао. Мусака со екстра компир плус. Внатре има и појачано морков и пиперки зашто повеќе сум мераклија на печен зеленчук отколку било што друго. Мусаката стандард, ред мелено со кромид пропржено, ред компир.
Еха, шц, шц! Ми го расипавте редоследот на диетата. Мораше печен компир да се јаде, а планирав 7 дена без компир да ги минам. Мајку ви. Преубави.
А мене како ми е, ко ќе влезам во инстаграмон, ни до диета не можам да дојдам, не па распоред да гледам .
Збаев оти нешто ми фали од зачини во моите компири ете,рузмарин било.Многу ми е убав вкусот на рузмарин и компири,и рузмарин и пилешко.
Анкетата е поставена, можете да гласате. https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3#post-3787920 Со среќа на сите учесници
@Arendelle твоите компири најмногу ми се допаднаа. Не се мрсни и зачинети премногу. И убаво изгледаат.