Омилената тема на ред Полнет модар патлиџан Се дели на пола и издлабува. Се потпекува колку да зарумени, а внатрешноста се пропржува со тиквица, печурки, брокули и лук. Се додава чаден лосос, зачинува со вегета, тимијан, оригано, патлиџаните се полнат. Одозгора се става соја крем за готвење измешан со кашкавал и се пече околу 20 мин, на 180 степени. Добар апетит!
Јас сум чоече кое чита рецепт. Ма како сака нека изгледа ако состојките не ми се допаднат џабе е. Печурките се ммммм
Е ова ке мора да го пробам.Ама еве мм одма го промени,со сланина место чаден лосос,да не мирисал лососот.Има ли јака арома?Инаку морам да го пофалам и мм италијанска кујна готви подобро од мене.Така да кога ке одберете тема тоа,од негово дело ке ставам слика
@bebaa мене лично не ми толку силен вкусот, ама не секој може да го поднесе. Вака со зеленчуциве и соја кремот, помалку е додуша. Одлична идеја со сланина, следен пат ќе пробам . @eli25 ја нема на темава или?
Од мене полнет праз Полнежот е од неkолку лажици младо сирење(немам соодветен превод на cottage cheese),ептен ситно сецкани свежи шампињони и спанаќ.Зачинето со сол и црн бибер. Би било многу подобро со урда или рикота сирење,ама немав дома:/. Полнењето е на ист принцип ко и канелони,до пола од едната,па од другата страна.Ги печев на 180с 20-25 мин,попрскани со масло,иако повкусни ке беа со бешамел,ама немав време.Затоа изрендав кашкавал
Незнам дали доцнам Полнети пиперки со мелено месо и ориз. Околу 300 гр месо и една рака ориз измешани и зачинети со сол, црн бибер, црвена пипер и малку масло. @CrazyOne ?
Крејзи, кај Орхидеја стави ја нејзината слика, нешто ти се измешало ноќеска кога си го пишувала постот.
Се мислев помеѓу дуника и диди ама сепак се одлучив за дуника.Полнет праз немам досега ни правено ни јадено,а го сакам и празот и спанаќот во комбинација со сиренце.Ке морам да пробам да наполнам.Лесно се вади средниот дел за да се направат како канелони? @dunika
Да да,многу лесно,со извлекување.Остави си два слоја за да поцврсто,и наостри си нерви за полнење,тоа е малку досадно. И препорачувам да полиеш со павлака за готвење или бешамел да си направиш,многу сочно е така
Коментарите ке ги прескокнам оваа недела Имам време само да гласам... за @dunika Никогаш не сум пробала полнет праз... Затоа си ја сакам темава, секогаш „исфрла“ нешто ново