Честитки до @didi1982 Бидејќи не е во можност сега да ни пише, во порака ги добивме следните теми Торти без печење трилече рецепти со сусам Диди остава на Вас да изберете една од темиве.
Честитки за @didi1982 веќе неколку круга по ред го добива мојот глас. За тема нешто без печење или со сусам, трилечето би го скокнала.
Фала ви на сите, девојки! Фала @CrazyOne што се погрижи и @Arendelle на убавите зборови, ми значи Неколку идеи. Уживајте, најверојатно не ќе можам да ве дружам.
Торта со бисквити Spoiler: Рецепт торта со бисквити Потребни состојки: 2 пудинга (вкус по желба, јас користев еден од ванила еден од чоколада ), 100гр шеќер се варат во 1л млеко, 2-3лаж крем(користев нутела) за поинтезивен вкус и бисквити по потреба. Врз секоја бисквита се става од пудингот и се лепат една со друга, на крај и озгора сите ги премачкуваме , се оставаат час,два да се стегне пудингот и да се впие во бисквитите и потоа сечеме попреку./SPOILER]
Само еден рецепт? Каде се тортите што најбрзо се прават, плус нема шанси да се згрешат Изгледа сите оваа недела, заради празникот Прочка, кадаиф попаривме
Честитки @Arendelle , бирај тема Во договор со @CrazyOne даваме шанса овој пат да готвите цела недела
јас таман сакав да учествувам на темава и оп завршил натпреварот Ај за нареден пат да знам пишете ми кога се објавува нова тема, кога почнува гласањето, кога завршува? Инаку омилена торта ми е нес кафе торта, ја правам со готови кори, се прави за пола саат и има одличен вкус, ама вие сега нема да знаете
Штета што немаше повеќе рецепти а баш лесна тема. Ајде сега поваќе време а со тоа се надевам и повеќе учесници. Што велите за посни десерти со оглед дека почнуваат постите добро би дошле посни рецепти или пак чорби-супи , се мислам меѓу овие ..
Повеќе и јас сум за таа варијанта, еве да биде и учеството поголемо може општо посни рецепти и солено и благо не мора како што пишав посни десерти.
4 дена да се направи (зготви)зададената тема и да се постави слика - четврток, петок, сабота и недела 3 дена за гласањe - понеделник, вторник и среда Сликите може да се направени со било каков апарат, телефон и слично Можете да се приjавите само со една фотографиja Фотографијата не треба да е веќе објавена во друга тема Победникот одлучува за следна тема Доколку нема рецепт покрај сликата, членката нема да бидеставена во анкетата за гласање @S.J.Parker еве ги правилата на темава. Оваа недела е исклучок бидејќи нема анкета, повеќе време за готвење имате
Сникерс баклава Spoiler Состојки: 500гр кори 350 гр мелени кикиритки 100гр мелени бисквити 100гр рендано чоколадо 100мл масло за прскање 150гр стопен маргарин (за пред печење) За шербет: 500мл вода 1кг шеќер Кора од лимон Приготвување: Се прави филот од кикиритките, бисквитите и чоколадото. Се заедно се меша. Се зема една кора и се попрскува со масло, па втората кора и три лажици од филот и се витка во ролат. Така се рпави и со преостанатите кори. Ролатите се сечат на парчиња, а потоа се преливаат со растопениот маргарин и се мечат во загреана рерна. Испечените ролати додека се жешки се преливаат со изладениот шербет.
Баклава со чоколадо и ореви 1кг.кори 300гр.чоколадо рендано 500гр.ореви сецкани 1маргарин 1кг шеќер 800мл вода Се зема кора се попрскува со масло и врз неа се става уште една кора . На почетокот од кората по должина се става од оревите и чоколадото претходно помешани,се витка ролат и се редат во плех.Постапката се повторува со останатите кори додека не се потрошат.Потоа се сечат ролатчиња.Настрана се топи маргаринот и додека е врел се потураат корите. Се печат во загреана фурна додека да поруменат. Шербетот се припрема претходно и откако ќе бидат печени ролатите се вадат да одморат неколку минути и одма се попаруваат. Шербет млак,корите топли. Не се покриваат одозгора за да останат крцкави. Пријатен апетит.
Што ве вртам граф ќе турам Искрено случајно се погоди утре за ручек ова да е па уз пат. Рецепт- вариме грав, правиме запршка од 2 лаж брашно и една црвен пипер и ставаме во тавче. При крај на печење чврчнуваме со зејтин. П.С. не ме гласајте не заслужувам знам
Посно (зеленчуково) ќофте Се вари една шоља леќа(црвена или обична) се цеди откако ќе се свари и се додава пропржен морков и кромид сецкани на ситно. Во смесата се додаваат ситно сецкана обарена брокула или кељ( отприлика една рака). Цела смеса многу кратко се блендира колку да се соедини, се додава една лажица брашно, две лажици презла, зачини по желба, јас ставив сол, бибер, црвена пипер, куркума. Откако ќе отстои смесат 10 минути се формираат ќофтиња и се валкаат во презла измешана со сусам. Се печат во рерна на 180 степени 15-20 минути, се превртуваат од двете страни да се испечат. Рецептот е добар ако имате останато вчерашна леќа Јас ги сервирани со некоја салата и дресинг.
Ванилици Рецепт 1кг брашно 2 шолји зејтин (250мл) 3 пак шеќер 1 шолја пиво 1пециво 1ванила (ставив арома ванила и портокал, може и рендана мора од лимон) Се меси тесто, се расукува мора и со мисли се варат форми по желба. Се печат околу 20-30 минути на 200 степени. Откако ќе се испечат по желба и вкус може да валкаат во шеќер во прав или да се попарат со шербет. Јас направив цела доза и искочија премногу , едни валкав во шеќер во прав, едни попарив со шербет (ако се одлучите со шербет направете според ваша проценка) и ги валкав во кокос и некои останаа така без ништо како бисквитчиња дури и нај ги аресаа. Испаднаа три вида колачи.