Крем супа од печурки. Една главица кромид и три чешлиња лук запржуваме па се додаваат сецканите шампињони и едно корнишонче.Се става сол,магдонос и бибер и се динста околу пола час.Потоа се додава три шола топла вода малку мајчина душица и се остава да се вари.Не се секавам колку се вареше околу 40тина мин.На крај се додава во еден шол три лажици павлака(растителна за да биде посно)една лажица брашно и малку млака вода.Се мати убаво се истура во чобрата и се остава да се вари уште десетина мин.Од ова излегува две чинии
Посни парени црно бели колачи 3 филџани гриз 1 квасец 3 филџани зејтин 3 филџани вода 1 ванила 1 пециво 2 лажици какао брашно по потреба За шербет потребно е: 700 гр шеќер 700 гр вода 1 ванила и сок од 1 лимон Од првите состојките се меси тесто. По потреба се додава брашно додека не се добие убаво тесто за работа. Се дели тестото на два дела и во едната половина се додава какаото. Се меси додека не се добие една хомогена смеса.Се рсукува кора во правоаголен облик и од белото и од црното тесто. Се ставаат едно врз друго и се витка во ролат. Се сечат кругови и се печат легнати во тавче на 130-150 степени додека не заруменат.Се покриваат за подобро да го впијат шербетот Добар апетит !
Рижото со зеленчук денес на мени Рецепт па и нема посебен,грашокот со морковот ми се обарени заедно,ориз долго зрно класично сварен,само црвена бабура пропржив на маслиново и ги додадов оризот со останатиот зеленчук,сол и црн бибер,уште некоја минута на тивко продинстав и толку. Инаку практикувам вака да си чувам во фрижидер однапред сварен зеленчук,и ми е многу полесно за ручек во работни денови.Си правам само различни комбинации-со компир,ориз,печурки,маслинки цвекло...
Посно медено срце 1 1/2 чаша вода 1 1/2 чаша шеќер 2 чаши брашно Пола тегла мармалад или слатко 1мала лажичка цимет, 2 ванили, 2 цимет 1пециво 100/200гр посно чоколадо Најпрво се меша вода,мармалад/слатко,ванила,цимет и сода и се остава да отстои повеќе од половина час со провремено промешување. Потоа се додава брашно и пециво се меша смесата да се соедини и се додава 2 3 лажици масло. Се истура во намрсено тавче и се пече околу 45/50 минути во загреана релна на 200степени. Откако ќе се испече се премачкува со мармалад низ цела површина се остава да остине и се полева со растопено чоколадо. Исечете ја на парчиња додека чоколадото не е стегнато.
многу ми се допаѓа рецептов па затоа морам да те замолам тоа со циметот да ми објасниш бидејки два пати е пишан
Печатна грешкана почеток треба мала лажичка сода па две кесички цимет може и една ама ставив две за поинтензивен мирис и вкус
Посна баклава. Рецепт: 500 гр кори 200 гр ореви сецкани 200 гр кокос 200 гр чоколадо за готвење 100 гр чоколадо за готвење за од горе Зејтин за премачкување на корите Шербет: 700 гр шеќер Вода колку да го покрие шеќерот 1 лажица мед Секоја кора се премачкува со зејтин и на секоја трета кора се наросува кокос, ореви и чоколадо рендано, додека не се потрошат корите. Се потура со шербет, или баклавата да биде ладна шербетот топол или обратно и потоа се топи чоколадо и се става од горе.
Посни Пиварки Рецепт: 1чаша пиво 1 чаша гриз Брашно по потреба (3-4чаши) Половина чаша масло 1 прашак за пециво 1 ванилин шеќер Се заедно убаво се меша и се замесува тесто, се прават топчиња во кои се става ореви или мармалад. Се печат окулу 20-30мин на 180степени. Потоа се потопуваат во шербет од 500мл. вода 400гр шеќер, 1 ванилин шеќер, колачите топли а шербетот ладен. Се валкаат во кокос или мелени ореви.
Посни попарени колачиња. 2 шољи масло 1 шоља млака вода 2 пецива И брашно по потреба. Се меси средно меко тесто и се остава да одмори 15 мин. Се дели на 4 топчиња. Од секое топче се сука кора во должина на плех,се премачкува со мармалад(моите се со домашен од шумски јагоди и рибизли) и се попрскува со сецканни ореви. И се виткаат ролати. Сите 4 ги редиме во плех и ги сечеме цик-цак /\/\/\/\/\ Печеме додека заруменат. На 200 степени. Правиме шербет 600мл вода 1кг шеќер.. Ги попаруваме колачите ладни шербетот жежок. Ги валаме во кокос,мелени ореви... Моите се пола со кокос,пола со ништо.
1чаша пиво 1 чаша гриз Брашно по потреба (3-4чаши) Половина чаша масло 1 прашак за пециво 1 ванилин шеќер Се заедно убаво се меша и се замесува тесто, се прават топчиња во кои се става ореви или мармалад. Се печат окулу 20-30мин на 180степени. Потоа се потопуваат во шербет од 500мл. вода 400гр шеќер, 1 ванилин шеќер, колачите топли а шербетот ладен. Се валкаат во кокос или мелени ореви. рецептот е ист па го копирав од кај савана погоре се надевам нема да има проблем еве ги пиварките
Ни тргнало со благо, па ајде и од мене едно вкусно посно десертче Пред извесно време го правев за прв пат и ме освои извонредниот вкус. Љубители на кокос, не пропуштајте да пробате ПОСЕН КОЛАЧ СО КОКОС И ПОРТОКАЛ Spoiler Рецепт : http://sezahrana.mk/брза-посна-торта-со-кокос-и-портокал/
https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3 Анкетата е ставена. Имате 2 опции за гласање
Супер е што има барем 2 опции, има навистина убави рецепти и не беше лесно, но гласав за @elcezelce и @Viktorijaaa5
Јас се мислев рецепт да ставам, ама при толку убави рецепти, мојот беше преедноставен и пак се откажав браво на сите