@Annath гласав за тебе, совршен декоративен пролетен и велигденски десерт, кој освен изгледот верувам дека е превкусен
Се мислев меѓу @Annath и @Mari* ама гласав за Ана заради декорацијата, а тортата на Мари ќе ја правам за роденден на мм.
Незнаев за кого да гласам, сите звучат и изгледаат преубаво, а јас сум обожавател на слатки со пудинзи Гласот го дадов на Мамасита пошо ми е нешто ново, невообичаено и не пробано, се надевам ќе имам прилика наскоро да го направам
Што направивте девојки? Навистина сум изненадена како од обичен пудинг направивте ремек дела!!! Коментари @orhideea класичен пудинг... Брзо и вкусно кога сите дома сакаат нешто блачко „СЕГА“ @LiliBoz мммм... Сакам да го пробам овој рецепт, мислам дека е прекрасен!!! Оди во папка „направи“ @Mari* кремаста торта, екстра кремаста, со два домашни пудиг фила... Многу работа, но вреди за вкусот @forumce мафини со пудинг, преубаво @Annath уаууу... Лижавчиња за грицкање, предекоративно... Оди во папка „направи“ @MamacitaBuena пржен пудинг... Интересно, ново... Прекрасна декорација @Acka22 еклери полнети со крем од пудинг и маргарин... Браво за трудот, еклерите се прават дооолго @dunika здрав пудинг... Прекрасна идеја за посен пудинг, а и декорацијата е за пет Гласано за Ана ПС Да Ви кажам една моја „тајна“ Темава ја следам редовно, си имам една папка „НАПРАВИ“ и си ги копирам сите рецепти што ми се интересни... Знаете зошто? За времето кога ке станам свеки да се правам важна пред снашките со кулинарски ремек дела ПС Ова со шепкање го кажав, не ме издавајте
Фала, фала... женски и по некое машко, што велите на оброк за романтична вечера, или оброк за прв состанок? Што вие би спремиле како вечера, или пак десерт за потенцијален дечко/девојка, сопруг/а, или сегашен, не мора да е потенцијален? Може да биде што ви душа сака, од слатко до солено, и не сте ограничени само на едно јадење.
Интересна тема. Кога бевме во врска незнаев да готвам Само нешто пржев или варев. Знам еднаш му направив похован стек. Му имам пржено компири, варено компири, јајца пржени или варени хахаха Неколку пати и макарони имам правено со салама и кашкавал.