Епа за пудингот задоцнив за ова реков прва ќе сум Кажав дека обично тестенини сум спремала ( кога бевме студенти ова) кога се земавме почнавме со мезиња со вино навечер (сиренца, сувомеснато и сл) и ништо од романтиката Омилено на маж ми- Лазања со мелено месо и моцарела. Се запржува кромид и морков и меленото месо, додадов и пола рендана тиквичка, оригано,бибер,вегета и малку сушено нане. Потоа додадов томатело со оригано и босилек. Крчка неколку минути и ја редам лазањата. Меѓу секој ред има моцарела. Овојпат со чаша вода Алкохол не смееме и двајцата
Бидејќи ние не вечераме, а ми дадовте волја за прв пат да се потрудам да направам нешто романтично за мм ( само свеќички ставив де) ќе си ја ставам сликата. Ако не сум по правилата, нема да ме ставите во анкета . Турлитава - нешто што јас не го сакам, а мм е "умрен по неа". Потпржив на путер кромид , морков, блага и лута пиперка, тиквичка,модар. Додадов зелка, па грашок и боранија ( си имам одварено во фрижидер) , компир и едно чешне лук. Ставив и пушено мевце. Зачини по желба ( јас само вегета и ц пипер) малку водичка и еден изрендан домат. со фолија го печев околу еден час . Едит : само маслинките и виното не се домашни. Друго се е од на свекорчо бавчата
Ни ја доесоа пријатели од Врање. Ама ракијата беше катастрофа.Сега Си го полниме шишето со наша ракија
Винска даска за нас двајца. Често му готвам и готвиме заедно, а ништо немам сликано, срам да ми е, имало и поубави. Можете да ставите се' што сакате, моја препорака се сувите сливи со некој убав кашкавал. Краставичките никој не ги изеде, декорација само.
У француски романтичен филм сте вие, Џинџер Турлитавче никогаш не ја имав помислено за романтична. Како бе Дузке краставичките само декорација? прво нив ги напаѓам од камен да е - кисело нека е
Нема бамји, нема компир, нема морков, не е никаква тава. Налик месо со салата е. Даски, паста и десерти поминавме и немам веќе идеи за декор. , па наваливме на месо. Уствари, помодарска турли тава е ова . Едит.Се мавнав дека за моето тањирче се мисле. Али има теорија и моето за тава, турли, нели?
@zhap4e нели е доволно романтично што зготвив ( плус и јас јадев) нешто што не го сакам, а е омилено на мм? . Плус и свеќи запалив, и му дозволив да јаде на масата без чаршав ( на тоа се радува како дете на киндер јајце). Аааааа и "дозволив" да пие колку сака, без да му бројам чоканчињата
Јас ко човек кој обожава турлитава и тоа посна, без месо знам колку е најсуперско..и би било најромантично да ми ја направат. Уште ако ми дадат да јадам во кревет ќе предам
Битно маж ми е на седмо небо. Пука од задоволство. Ејјјј што ти значи една турли тава со шише вино и "фазла " ракиички. @LiliBoz замати некое тортуле ти @orhideea да се јаве на рецепција со некоја тава баница
@Bubce38 баница спаѓа ли во романтични? Инаку недела сабајле зелник ќе му правам Може и да го ставам овде хах