2 парчиња стек се сечат на пола и се стават во огноотпорно тавче и се полева со ќесичка маги со 4 вида сирење растворена во 200мл павлака за готвење.Се пече 30мин.
Па даа,после ке си "испуштаат гасови" заљубено како Шрек и Фиона(ова од цртаниот филм е сцената ).Нас со мм ни е омилено јадење гравче ха ха ха . Инаку неможам да учествувам у темава оти не готвиме нешто посебно навечер ретко вечераме,освен некогаш салатка некоја ама ништо посебно.Таратур еве ке правам ама не некоја конкуренција
Не е битна конкуренцијата. Јас секогаш учествувам за дружба . И таратур знае да е романтичен посебно ако удриш повеќе на лук Инаку од романтики двојам вила на плажа со поглед на море бели чаршави и 2 четврта бурек со јогурт во кревет. Мрсен за сите пари. Сериозна сум
ха хахха а Оти бе види што убава слика опишавме,плажа вила бели чаршави....е сеа бурек имало па што,битно ти гушната со него ке бидеш и може и винце да си пивкате.Инаку јас знам да бидам романтична душа,само не ми е битно јадењето туку амбиентот.Зајдисонциња плажи такви работи,
Ништо посебно, ги пржам на маслиново масло со малку сол, црн бибер, магдонос и изрендан замрзнат лимон. На средина на пржењето додавам малку вода и ставам брокула. Кога ке испари водата уште малце се пржат и готови се за јадење.
Поради технички проблеми сликите во другата тема ќе бидат ставени покасно. Ама анкета има и секако може да гласате. Фала на разбирање.
И сликите се поставени. Повелете и гласајте https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3#post-3850497 И уште еднаш, се извинуваме за техничките проблеми.
Гласано за романтиката на @Bubce38 Да можев на сите ќе дадев глас @Ivan4e04 4 вида сирење обожавам. Верувам било превкусно. @Doozy мој тип на даска Ракчињата на @SofiMar_ како одат со бело винце, мх мх. @ginger би го направила со печурки ради маж ми ама јас не би јадела ( не јадам печурки )....
@eli25 баш ти фала. Се радувам што ти се допадна мојата романтика Ќе размислам уште малку за кој да гласам. На око нај ми се бендиса на @SofiMar_ ,ама не јадеме воопшто никакви морски плодови
А јас си гласав за @eli25 бидејќи обожавам тестенини, а и многу ме бендиса декорацијата, браво! Иако би дала глас и за ракчињата на софимар!
Јас гласав за @Ginger^ заради тоа сосот со калинките, иако да му го направам ова на дм, не знам дали би го јадел. (ама јас би го јадела ) Иначе, јас сум скроз, ама скроз неромантична, та дури и малце труп за покажување емоции, па компензирам со правење јадење. Да разбере дм дека ме има на тема „романтична вечера за партнерот“ ќе легне на земја од смеење.
За Џинџер преубаво изгледа и би сакала да пробам. мада сакам турлитавче..мада пилешконо погоре преубаво изгледа, иако ракчиња (што иначе не јадам) изгледаат и звучат супер-романтично сосе сликата.