@Doozy уште кога ја видов темата со слики, даската одма на тебе ми заличе, уште пред да ти го видам името
Можда затоа што ми ја имаш веќе видено на инстаграм. (на приватниот инстаграм, да се разбереме) А, бе, какви работи имам правено, па лепчиња, па finger foods, па мачкај со намази, па сосови, па дипови, па меси ѓевреци и ништо да не сликаш, стварно треба да си труп. Ова сликичка имам дека тогаш бев многу исповозбудена за настанот и ја направив предвреме, па додека чекав, си чмаев така. А сега едно-две, отвори темава, ми се пријадоа ракчиња. @SofiMar_ е крива, имам брокули, имам лимончиња, уште ракчиња немам.... ете што ќе се јаде за вечера.
@Doozy и јас не сликам, така некогаш од ќејф многу ретко ќе сликам некое. Ама ај и што не сликам, плус и што не знам да сликам мислев да ископам од архива некое да поставам на темава, и кога видов како убаво изгледаат сите се засрамив
До сега 2 пати имам јадено лазања и никако да ми се погоди ама таа на @eli25 дури на изглед ме привлекува и гарантирам дека била вкусна, башка обожаваме и јас и дечко ми мелено месо и тестенини така што ова е дефинитивно нешто што би го јаделе и уживале во истото.
Гласав за Ели25. Највеќе ми фати око иако и на Бубче ми одеше да штракнам. Ама па нејзиното повеќе ми одеше накај тема -домаќински фамилијарен ручек. Е сега искрена да бидам на Џинџерка е перфекција Се заљубив во сликата. А верувам и вкусот е совршен. Но пак некако не ми одеше со насловот бе не знам зашто изгледа до мене ќе да е Повеќе накај здрав оброк ми влече неголи накај романтичен. Плус после толку спремање кај романтично коски да те заболат.. последново е шала, знаете. И таман мислев еве ја Арендел сега извадила некоја слика ко од списание .. она гласала
Романтична вечера... Хммм... Убаво си знете Вие, љубовта преку стомакот иде @eli25 лазањиии... Се убави работи, мевце, моцарела, тиквичка, сигурно е вкусно... Прекрасно @Bubce38 турлитава... Некој можеби ке рече, не е за терање романтики... Нооо, ако тоа е омиленото јадење на љубовта на животот... и те како е романтично Прекрасно @Doozy прекрасна романтична даска... Од се по малку, за целосно задоволување на сетилата @Ginger^ мммм... Шарено,со мноогу вкусови. Кога ке „терам романтики“ сакам ваква чинија @Ivan4e04 стекче со четири вида сирење... Мнооогу е вкусно, брзо се подготвува... Прекрасно @SofiMar_ ракчиња со брокула и лимон... Мнооогу убава декорација, сигурно е вкусно! Прекрасно Хммм... Ме ставивте на мака за гласањето! Романтиката на сите Ви е во малото прсте Сепак... @Ginger^
За вака ли бев јас. Романтики, свеќи, вина...се испуштив . Ќе чекам подобри( послободни) времиња. Гласано за Софи. Сите се прекрасни, само оваа трпеза највеќе ми долови романтики.
Фала на сите за гласовите! Моментално на овие теми се сетив, помогнете ми да избереме една. 1. Десерт од 3 состојки 2. Омлет на мој начин 3. Рецепти со путер од кикиритки
Ехх а вчера се мислев деновиве да пржам пилешко со сос од путер од кикирики.Ајде ке јадеме пржени јајца тогаш.И тоа јадам