За другаЧките готваЧки... направи, сликај и напиши рецепт Малку надвор од темава... Дали некој знае каде има овакво „пекарче“ за омлет...
И јас после многу време да учествувам Случајно ми се погоди да правам омлет и темата и викам супер. Ова ми е брзински ручек... Состојки : Јајца, рендан кашкавал, брокула, шунка и маслинки. Се заедно се пржи. Декорација со малку сушен магдонос Spoiler: Преклопен омлет
Пак сте ставиле нешто за еден кога Ејнџел ќе шета, да не може да зготви Или вие темите ги утињате, или јас сум многу пошетна
За двајца е рецептов. 6 јајца,околу 100грама сирење,две лажици павлака,вегета,копар по желба,сецкани двемлади кромидчиња и две лажичиња брашно сматени предходно многу малку вода.Сето ова убаво се меша.Нека одстои 20тина мин така се подобри.Се истура на двапати во нелепливо тавче со маку масло(путер илиизејтин)и се пржат покриени со капак. На крај ставив рендан кашкавал оти заборавив додека ги пржев да ставам.
Конечно тема за која имам време да подготвам и учествувам за прв пат Рецептот всушност е само една од комбинациите за омлет кои ги правам (секогаш експериментирам со нов рецепт) На оган се пропржуваат печурки и маслинки (печурките може шампињони или од тегла, оние кои ви се по вкус). Потоа се додаваат две матени јајца и сечкан кашкавал и кисели краставички. Инаку јас додавам и многу зачини како бибер, оригано, понекогаш и чили (многу сакам луто). Се пржи и потоа декорацијата останува на вашата креативност
Еве јас за прв пат ќе учествувам тука. Го правев вчера сабајле за свекор ми и децата.Овде оделив малку за малото и не го декорирав си го изеде така со кисело млекце. Кршам 6 јајца и ставам спанаќ и сечкана шунка и рендам кашкавал.Сол и малку црн бибер.Во тава ставам путер и ги истурам.Секој си декорира според желба.
мојот омилен омлет е многу едноставен- 3 јајца, парчиња сирење, млад кромид 3,4 струкчиња ( само перцата). овојпат додадов и малку блитва. вкус од детството ми е
Омлет со сино сирење Ова е оброк само за еден подготвен од две јајца,100 грама сино сирење со додаток кечап,мајонез,крем сирење,кулен и солена плазма со сусам наместо леб. Омлетот е зачинет само со оригано.
Spoiler: Рецепт Јас не јадам јајца, така да рецептов е за малку поинаков омлет. Доколку ги нарушува правилата на темата, преместете го постов. 4 лажици брашно од наут Третина чаша вода Пиперка ситно исечкана Еден помал морков ситно исечкан Третина од средна тиквица нарендана Млад кромид ситно исечкан Црн пипер, турмерик, орегано, сол и лук од зачини Сето ова се меша и се пржи на малку масло, покриено со капак на средна температура. Зеленчукот и зачините ги менувам секој пат, најубаво до сега ми испаднало со пиперка и кромид. Рецептот е доволен за еден возрасен човек. Не е класичен омлет, но наликува на тоа Брашното од наут има 22 гр. протеини на 100 гр. брашно, плус е богато со железо, магнезиум, витамин б-6 и калциум.
Омлет за 1 ипол човек. Ке го делиме со ќерка. Белките ги матам со миксер да се стврднат и после ги додавам жолчките. Печам во тавче на малце маслиново масло покриено со капак. Сервираш со што сакаш.
Затоа и пишав дека доколку модераторите сметаат дека ги нарушува правилата на темата, може да се премести во соодветна тема. Ова е верзија на омлет за тие што не јадат јајца од било кои причини, на гугл има милион рецепти кои го нарекуваат јадењево chickpea flour omlet.