Омлет ми е едно од поневкусните оброци, но омилен на мм Рецепт за 1 човек: 3 јајца, по желба исецкани маслинки, печурки, младо сирење, кулен и зачини (копар, оригано, буковец и сусам овој пат). Наросено со пармезан и сервирано со кисели краставички, павлака и мајонез.
темата е омлет на ваш начин. верувам дека не е прекршено ниедно правило а и стварно изгледа вкусно. .
Мислам оти ова со колбасиве ке биде мој фаворит.Сакам пржени колбаси до јајца.А и она со сланинката на @zhap4e ме мами
Поинаков сладок омлет Се решив за една поинаква варијанта, одамна ми стои во тетратка а искрено не сум многу љубител на омлет па ај смучкав набрзина. Spoiler: рецепт https://moirecepti.mk/post/сладок-омлет-со-цреши/SPOILER] Мене повеќе ме асоцира на палачинка но рецептот вели омлет ,ако нарушува правила не ме рецкајте Ах некоја правев омлет со пиперки од туршија ама малку го прегорев Инаку вкусно слатко, киселкаста комбинација. Рецепт 1 јајца 3 лажици шеќер Се матат со миксер потоа се додава 60мл млеко 50гр брашно 2 ванили Се пржи во тавка со малку масло, озгора се става овошје, јас користев микс од капини , машини и цреши. Се пржи од едната па внимателно се врти од другата страна. На крај кога ќе олади се поросува со шеќер во прав.
Ништо не нарушува, јас те гласам неам поима каков вкус има, ама се надевам на нешто ко палачинка или вафла. Се моли управата да дозволи гласање за повеќе од еден ЕДИТ: Само редактирај го линкот, избриши го крајот - „ /SPOILER] “ за да може да се отвара страната.
Анкетата е поставена. Повелете https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3#post-3860754
Гласано за @Doozy. Иако само јајца јадам од состојките што ги има ама најпривлечно некако ми е. Го оставив без ручек дечко ми, му реков омлет ќе јаде ми треба за натпревар и го пропуштив.